Спсовски: Новите мерки се воведени поради неодговорност на граѓаните

Тој изрази надеж дека ќе имаат ефект денеска презентираните нови мерки.

Одговорноста на граѓаните не беше на висина на задачата којашто ја имаше секој од нас и многу лесно се преминува преку препораките коишто ги даваат стручните лица и затоа ги донесовме и овие мерки за забрана на движењето, односно за зголемено времетраење на полицискиот час, вели премиерот Оливер Спасовски.

Тој изрази надеж дека ќе имаат ефект денеска презентираните нови мерки, за воведување полициски час од 16:00 до 05:00 часот во текот на неделата, а за време на викендот, забрането движење од петок од 16:00 часот до понеделник до 05:00 часот. Зголеменото времетраење на полицискиот час е најавено околу еден ден претходно, укажа, со цел постепено компаниите и граѓаните да имаат време да се организираат во однос на работните обврски.

– Јас посакувам овие мерки да ги дадат ефектите. Ние впрочем имаме недели наназад низа на мерки коишто беа донесени навреме врз основа на тоа што го кажуваат стручните луѓе. Тие даваа резултати, меѓутоа мора да направиме се за да имаме уште подобри резултати со што ќе помогнеме да го зачуваме здравјето и животот на луѓето, рече Спасовски, потсетувајќи дека за непочитување на мерките, следуваат кривични или прекршочни постапки.

Во врска со непочитувањето на мерките, рече дека упати на пример од Прилеп и тоа го оквалификува како крајно неодговорно однесување.

– Утрово пристигнаа слики за тоа што се случува во Прилеп денеска, тоа е една крајна неодговорност во однос на однесувањата коишто ги имаме кон вирусот и кон пандемијата, потенцираше Спасовски.

Во вонредна состојба, истакна, мора да се носат брзи одлуки и тие да се применуваат веднаш.

– Во овој период ништо не е нормално во животот како што било претходно и затоа е вонредна состојбата. Во вонредна состојба мора да се носат и брзи одлуки, брзи одлуки коишто мора да се применуваат сега и веднаш. Затоа е важно граѓаните да ги почитуваат одлуките, да немаме паника непотребна заради тоа што секој од нас може и се има обезбедено за да можеме да преживееме во услови на полициски час од неколку часа во текот на денот, истакна техничкиот премиер. /МИА

Британците им доделија „кафеави знамиња“ на најнечистите плажи во земјата

Објавена е листа на највалкани плажи во Велика Британија, а меѓу нив се и неколку популарни крајбрежни места.

Овие плажи ја добија наградата „кафеаво знаме“, што значи дека на брегот ќе има знамиња со емотикон со фекалии за да ги предупредат туристите, пренесува британски Мирор.

Тие плажи се оценети како „лоши“ од британската агенција за животна средина поради бактериите како ешерихија коли од отпадните води и другиот отпад.

Плажата Портлуни во Корнвол е прогласена за една од највалканите во Англија, и покрај тоа што Корнвол е четвртата најчиста област во Англија за летно пливање.

Дорсет, Девон и Сафолк имаат најголем процент на плажи со одличен рејтинг кога станува збор за чистотата на водата.

Ланкашир во северозападниот дел на Англија е на дното на листата бидејќи ниту едно од 10-те места за капење не постигнале три ѕвезди за чистота.

Катастрофа во Авганистан: Во поплавите загинаа над 300 луѓе, прогласена вонредна состојба

Повеќе од 300 луѓе загинаа во поројните поплави кои зафатија неколку провинции во Авганистан, а многумина се уште се водат како исчезнати, соопшти Светската програма за храна на ОН.

Властите прогласија вонредна состојба откако обилните дождови во петокот предизвикаа поројни поплави кои зафатија села и обработливо земјиште во неколку провинции.

Во тек е операција за пребарување и спасување, а некои области се целосно отсечени, пишува Гардијан.

Северната провинција Баглан е една од најтешко погодените, со повеќе од 300 загинати и илјадници куќи уништени или оштетени, според Светската програма за храна.

Околу 20 лица загинале во северната провинција Тахар, а две во соседен Бадакшан.

Портпаролот на талибанската влада Забихула Муџахид на мрежата Х напиша дека стотици луѓе загинале во поплавите, а многу станбени згради се оштетени.

Воздухопловните сили соопштија дека евакуацијата започнала по подобрувањето на временските услови, додавајќи дека повеќе од 100 повредени лица се пренесени во болници.

Започнала и дистрибуцијата на храна и лекови за населението во подрачјата погодени од поплавите.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ја изразува својата солидарност со народот на Авганистан и изразува сочувство до семејствата на жртвите, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.

Тој изјави дека ОН соработуваат со локалните власти за давање помош.

Од средината на април, поплавите ги однесоа животите на околу 100 луѓе во 10 авганистански провинции.

Најмалку 11 загинати во автобуска несреќа во Индонезија- удрил во два мотори и се превртел

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во автобуска несреќа што се случи во провинцијата Субанг во индонезиската провинција Западна Јава.

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во автобуска несреќа што се случи во провинцијата Субанг во индонезиската провинција Западна Јава, изјави директорката на покраинската канцеларија за пребарување и спасување, Хери Марантика, чиј персонал учествувал во евакуацијата на жртвите.

„Според извештаите, 11 лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени. Оние со сериозни повреди се итно пренесени на лекување во Општата болница во Субанг, додека оние со полесни повреди се испратени во околните здравствени клиники“, рече тој, пренесе Ксинхуа.

Во автобусот се превезувале над 40 луѓе, од кои повеќето биле студенти кои се враќале од рекреативно патување, соопшти Марантика.

Претставник на локалната полиција изјавил дека возачот на автобусот изгубил контрола над возилото откако откажале сопирачките.

Автобусот удрил во два мотоцикли пред да се преврти, додаде тој.

Причината за несреќата се уште е под истрага.

притисни ентер