Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
1Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
МакедонијаСпречени обиди за криумчарење луксузни чанти, цигари, масло како и пасоши за миленичињаДве пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да криумчарат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари.Две пријателки кои патувале со лет од Париз во договор со македонски моден креатор кој престојува во Франција се обиделе во државава да криумчарат 16 луксузни чанти од брендот Loewe со вкупна вредност од 3,1 милион денари, информираат од Царинската управа. Кога слетале на Меѓународен Аеродром Скопје патничките се упатиле на зелен канал со намера нелегално да пренесат чанти од луксузни брендови и да избегнат плаќање давачки кон државата во висина од 924 илјади денари. Истиот момент царинските службеници ги застанале за детална контрола при што во куферите на една од патничките, инаку македонски државјанки, ги пронаше луксузните ташни. Против неа е поднесена кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство Скопје заради сомнение дека сторила кривично дело криумчарење. Во јавен царински склад помеѓу стока со потекло од Кина наменета за увозник во Скопје, мобилен тим на Царинската управа пронашол 132 бормашини, кои не биле опфатени со царински документи. Како штро информираат од царинската управа, Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило на излез од државата на граничен премин Табановце открила 40 штеки цигари сокриени во горниот дел од кабината на влекачот. Од Царинста управа информираат и дека брачен пар се обидел преку граничен премин Блаце во државата да криумчари 72 пара патики со вкупна вредност од околу 100 илјади денари. Во намерата биле спречени од мобилен тим кој при контрола на возилото помеѓу седиштата и во багажникот ги откри непријавените производи. Мобилен тим на Царинската управа, на излез од државата на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус во еден ранец и патничка торба откри 58 пасоши за домашни миленици со турски сериски броеви. Сопственик на пасошите бил турски државјанин, водич на автобусот кој сообраќал на релација Косово-Турција. На влез во државата на граничен премин Богородица царинските службеници при контрола на камион со бугарски регистарски таблички во просторот за палети открија 85 литри ладно цедено маслиново масло. Од Царинската управа соопштуваат дека 56 женски чанти биле пронајдени во багажниот простор и резервната гума на автомобил со косовски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за влез во државата на граничен премин Богородица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и наградиСиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта.По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици со нивните ментори од основните и средните училишта кои во учебната 2025/2026 година учествуваа на меѓународни научни олимпијади и натпревари, а дел од нив се и добитници на медали, високи награди и признанија. На средбата присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12