МакедонијаСпречени два обида за подметнување пожари во КочаниПожарникарите од Кочани во изминатото деноноќие спречиле два обида за подметнување пожари на отворен простор и со брза интервенција успеале да го локализираат и изгаснат огнот.Територијалната противпожарна единица добила две дојави за пожари во близина на излезот од населбата Усова Чешма кон планинското село Пресека. Според информациите од Единицата, постои сериозен сомнеж за намерно предизвикување опасност на делот што ги поврзува Кочани и приградската населба Оризари, на простор каде лесно може да се предизвика нова катастрофа поради сувата вегетација комбинирана со шумски појас. – Повикувам на совесно и внимателно однесување на секој поединец. Добро е што на пожарите е интервенирано веднаш и успешно, зашто во спротивно би се соочиле со огромни последици. Сите носиме одговорност, затоа мора да бидеме на штрек. Ги повикувам надлежните служби на зголемена будност, навремена и брза интервенција, но и санкционирање на сторителите. Апелирам до граѓаните доколку забележат неодговорно однесување и обид за намерно предизвикување пожар да пријават кај надлежните служби, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев. Поради актуелната состојба со пожарите на сила е владината одлука за целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, а за што и Општинскиот кризен штаб донесе дополнителни мерки. За непочитување на забраната се одговара согласно соодветната законска регулатива./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротестен марш во Скопје за поранешните водачи на ОВК кои беа осудени во ХагВо Скопје попладнево се одржува протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на ОВК, кои беа осудени за воени злосторства.Маршот е најавен како натпартиски, но од владиниот коалиционен партнер ВЛЕН сметаат дека зад него стои ДУИ... Маршот го следи Афродита Рамос.. Афродита, како тече протестот и кој е сѐ присутен? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“Се продлабочува јазот во опозициската СДСМ... Венко Филипче со поддршка на дел од раководството и членството, на прес-конференција во партиското седиште жестоко ги нападна поранешните функционери на партијата кои се дел од платформата „Разговори за иднината во 12:05“, обвинувајќи ги дека се сателити на Христијан Мицкоски за, како што рече, да дефокусираат и да ја фрагментираат СДСМ. Филипче кажа дека обидите за поделби на партијата нема успеат и ги отфрли барањата на платформата за негова оставка и промени во раководството. Филипче порача дека неговиот ангажман во СДСМ не е мотивиран од финансиски и лични интереси, туку од верба. -Овој обид, овој дефокус, овие пучисти, овие шемаџии, ништо нема да направат. За жал како што надимакот кажува, ова сега е ВМРО-вска шема. Па ќе ни даделе предлог што ние да правиме. Па, јас знам што пишува во тоа, затоа што е напишано во Белата палата и од Латас едитирано. Тие луѓе вчера видовме, имам чувство дека би седнале и би направиле пакт и со ѓаволот само за да ги остварат нивните интереси. Тоа нема да им помине. Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните и за државата и за СДСМ, изјави Филипче. За актуелната пратеничка Славјанка Петровска, која е дел од платформата, Филипче изјави дека нема да биде исклучена од СДСМ, иако таа според него има свои принципи кои по потреба ги менува. Лидерот на СДСМ ја критикуваше платформата и поради учеството на Левица во разговорите со која, како што рече имаат идеолошки разлики и која според него отворено е против НАТО и со спротивни вредносни политики. -Се среќаваат и седат на маса со Левица. Левица која отворено соработува со Русија и со Кина. Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики? Оваа партија дала заменик генерален секретар на НАТО, а тие седат со луѓето коишто во Собрание држеа транспарент дека НАТО е убиец. Еве што викаше: НАТО убива за профит., рече Филипче. На прес-конефренцијата на Филипче ескпресно реагираа од платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“. Во објава на социјалните мрежи велат дека ја разбираат нервозата кај Филипче, но како што велат, не можат да ги одмолчат манипулациите,. „Со хистеријата која упорно се обидува да ја наметне Венко Филипче, тој свесно ги одвраќа опозициските гласови од СДСМ затоа што е уценет и мора да одработи во полза на ВМРО – ДПМНЕ“, реагираат од Платформата од каде додаваат дека тие со Левица имаат многу разлики за многу прашања, но се согласни дека тандемот Мицкоски - Филипче мора да бидат поразени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШпанија итно подигна воени авиони Ф-18 поради заканата кон Романија Два борбени авиони Ф-18 од шпанските воздухопловни и вселенски сили се испратени да ја следат ситуацијата во Романија по тревога за беспилотни летала, објавија денес шпанските медиуми.Авионите беа распоредени во Романија ноќта помеѓу петокот и саботата откако радарскиот систем на земјата детектирал „воздушна цел“ што се движела во близина на градот Вилково, на украинска територија, недалеку од романската граница, активирајќи тревога за беспилотни летала во северниот округ Тулча, објави дневниот весник „Ла Разон“. Според соопштението на романското Министерство за одбрана, два воени авиони Ф-18 од шпанските воздухопловни и вселенски сили, кои биле ангажирани во мисија за засилено набљудување на воздушниот простор во 57-та воздухопловна база „Михаил Когалничеану“, биле испратени да ја следат ситуацијата. Акцијата била координирана за да се осигури дека нема влез во романскиот воздушен простор. Тревогата за воздушниот простор завршила по полноќ без пријави за нарушувања на романскиот воздушен простор, пренесе Eуроњуз. Властите потврдија дека ситуацијата е успешно ставена под контрола и дека не се потребни дополнителни мерки по проценката на заканата.Тагови: воени авиони Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter