Спречена трагедија во Албанија: Млада жена сакала да скокне во река заедно со четирите деца - Канал 5

Спречена трагедија во Албанија: Млада жена сакала да скокне во река заедно со четирите деца

Полицијата во Скадар спречиле жена (27) да скокне во реката Бојана со четирите деца.

Спречена трагедија во Албанија: Млада жена сакала да скокне во река заедно со четирите деца

Во меѓувреме се дознало дека жената била во процес на развод од сопругот, објави Телеграф.

Полицијата ја алармирале членовите на нејзиното семејство кои тврдат дека жената била многу депресивна.

Инцидентот денеска околу 14:15 часот е спречен со брзата интервенција на полицајците кои патролираат низ градот.

Децата биле на возраст од седум, пет, три и една година.

Жената и децата се приведени во локалната полициска станица.

Полицијата покренала истрага за овој инцидент.

Да потсетиме, на 2 мај годинава регионот беше шокиран од веста дека Алма Арази (34) се удави со трите деца во реката Бојана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Египетска водителка е осудена на смрт поради трговија со дрога

Египетски суд ја осуди познатата ТВ водителка Сара Калифа и уште 11 други лица на смрт за производство и трговија со дрога во голем судски процес. 

Египетска водителка е осудена на смрт поради трговија со дрога

39-годишната Калифа беше обвинета за организирање криминална група која произведувала и продавала дрога, објавува „Гардијан“.

Калифа е најпозната по нејзината емисија „Невозможна мисија“, која се занимаваше со теми за безбедноста и криминалот. Покрај нејзината телевизиска кариера, таа е сопственичка на клиника за естетска хирургија и продуцентска компанија за организирање настани. Судот во Каиро ги прогласи дванаесетте обвинети за виновни за формирање организирана криминална група.

Според пресудата, групата набавувала суровини за производство на наркотици со цел да ги продава и поседувала нерегистрирано огнено оружје и муниција. Пресудата со која се наложува смртна казна со бесење е донесена по задолжителна консултација со големиот муфтија на Египет, постапка што е законски пропишана во случаите на смртна казна. Дозволена е жалба против пресудата.

Државниот весник „Ахбар ел-Јом“ наведува дека обвинетите произведувале синтетички дроги и увезувале суровини од странство. Според весникот „Ал-Ахрам“, властите заплениле повеќе од 750 килограми наркотици и суровини. Истрагата, исто така, пронашла два стана што служеле како лаборатории, како и нерегистрирано оружје и муниција.

Во посебна постапка, судот ги осуди Калифа и другите на пет години затвор за киднапирање и напад врз млад човек. Египетското законодавство применува смртна казна за убиство со умисла, тероризам, одредени кривични дела силување и трговија со дрога. Според податоците на Египетската комисија за права и слободи, во земјата во 2025 година биле изречени 541 смртни казни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финец пријавил дека некој пукал во неговиот Мерцедес, паркиран на Бит Пазар, најдени се два куршуми

Фински државјанин синоќа пријавил дека му е оштетено ветробранското стакло на Мерцедесот, кој бил паркиран на Бит пазар во Скопје. 

Финец пријавил дека некој пукал во неговиот Мерцедес, паркиран на Бит Пазар, најдени се два куршуми

На 05.09.2026 во 19:33 часот во СВР Скопје, А.М.(30) од Финска пријави дека околу 19:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, му било оштетено ветробранското стакло на неговото паркирано патничко возило „мерцедес“ со фински национални ознаки.

Тој пронашол едно зрно од огнено оружје во внатрешниот дел на возилото и едно зрно надвор од возилото.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

24 годишната Доминиканка Џохира Мола е новата Мис на светот (ВИДЕО)

Претставничката на Доминиканската Република, 24-годишната Џохири Мола, е новата Мис на светот.

24 годишната Доминиканка Џохира Мола е новата Мис на светот (ВИДЕО)

Таа ја освои круната на крајот од 73-то издание на изборот за Мис на светот што се одржа во Виетнам.

Мола ја зеде круната од минатогодишната победничка, Тајландката Сучата Чуангсри. Шпанката Елизабет Рејнес беше прогласена за прва придружничка, а претставничката на Малезија Таанусија Чети беше втора придружничка.

Која е новата Мис на светот?

Новата Мис на светот доаѓа од Санто Доминго, а покрај нејзината кариера како модел, таа се издвојува по своето образование и општествена вклученост. Дипломирала бизнис менаџмент и администрација на Универзитетот во Ибероамерика (UNIBE), а се занимава и со образование и хуманитарна работа.

Нејзиниот пат до светската круна започна со нејзината победа на националниот избор за Мис Мундо Доминикана 2025 во Пунта Кана.

По таа победа, таа зборуваше за поддршката што ја добила за време на натпреварот. „Му благодарам на Бога, ова е жив доказ дека границите не постојат. Поддршката што ја добив од првиот ден, кога на прес-конференцијата објавив дека ќе учествувам, беше неверојатна. Сите беа со мене на секој чекор“, рече таа тогаш.

YouTube video

Победата на Мола има посебно значење за нејзината земја. Таа е само втората претставничка на Доминиканската Република што ја освоила титулата Мис на светот. Пред неа, Маријасела Алварез успеа во ова во 1982 година, па земјата чекаше повеќе од четири децении за нова круна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер