МакедонијаСпречен обид за подметнување пожар во Парк-шумата Гази Баба (ВИДЕО)Предмалку неколку малолетници се обидоа да подметнат пожар во Парк-шпумата Гази Баба при што е запален дел од летниковците и кантите за отпадоци.По реакцијата на локалните жители со нивна интервенција беше изгаснат оганот и беше повикана полиција. Ова не е првпат да се подметнуваат пожари на ова место од страна на малолетници но засега нема ниту осомничени ниту приведени. Парк-шумата Гази Баба пред десетина година е прогласена за парк на природата. Тагови: пиромани пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРасветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети. За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан. Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување. По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка. Тагови: мвр насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаЧетворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прославаЧетири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор. Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречкоСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско. Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец. Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население. Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09