Спортски новинар на само неколку сантиметри до сигурна смрт (ВИДЕО) - Канал 5

Спортски новинар на само неколку сантиметри до сигурна смрт (ВИДЕО)

Спортскиот новинар Пјер Мекгвајер од телевизиската мрежа НБЦ , денеска го слави новиот роденден , откако за само неколку сантиметри остана жив.

Спортски новинар на само неколку сантиметри до сигурна смрт (ВИДЕО)

Пренесувајќи хокераски натпревар , пакот со огромна брзина помина на само неколку сантиметри пред неговата глава и удри во плексигласот . Плочката со која се игра хокет тежи само 170 грама , но лета со брзина од 170 км/час.

Се смета дека нема никакви шанси да се преживее удар со пак , зашто брзината при ударот е како куршум испален од пиштол .

Последниот несреќен случај е забележан во 2002 , кога од удар со пак загина 14 годишно девојче , кое по два дена требало да го прослави роденденот на хокејашки натпревар во Колумбус , Охајо. Британи Никол Сесил навивала на трибините , кога ја погодил пакот , по што останала на место мртва.

Од тогаш е сменета регулативата и се поставуваат задолжителни високи огради околу хокеашките терени во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во Софија вчера се одржал првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на изградбата на заедничкиот прекуграничен железнички тунел на коридор 8.

Во Софија работните групи постигнале согласност за изградба на прекуграничкиот железнички тунел на коридор 8

Во согласност со усвоените заклучоци, беше договорено следниот состанок на заедничката работна група да се одржи во Скопје, каде што ќе биде направен преглед на реализацијата на договорените активности и ќе се утврдат наредните чекори за реализација на проектот, соопштија од минситерството за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП со апел за безбедно возење по повод 2. Август - Ден на Републиката

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август  - Ден на Републиката - Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила.

РСБСП со апел за безбедно возење по повод 2. Август - Ден на Републиката

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август - Ден на Републиката - Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи.

За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Пелинце, излетничките места и кон граничните премини.

-Во услови на зголемен интензитет на сообраќајот, внимателното и одговорно учество во сообраќајот е клучен предуслов за зачувување на безбедноста на сите учесници - нагласуваат од РСБСП.

Во таа насока Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот:

-да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи;

-да го почитуваат ограничувањето на брзината на движење со возилата согласно поставената сообраќајна сигнализација, густината на сообраќајот и условите на патот;

-да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол и недозволиви психотропни супстанци или во состојба на замор;

-задолжително да користат сигурносен појас, а децата на возраст до пет години да се превезуваат во соодветни детски седишта;

-да не користат мобилен телефон или други електронски уреди за време на управување со возило;

-пред поаѓање на пат да ја проверат техничката исправност на возилото, а долгите патувања на секои два часа возење да прават паузи.

До велосипедистите, мотоциклистите, возачите на лесни електрични возила и пешаците РСБСП со апел да се движат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

-Секое одговорно однесување во сообраќајот претставува придонес кон зачувување на човечките животи. Да не дозволиме еден момент на невнимание, брзо возење или неодговорна одлука да доведат до несакани последици. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им го честита празникот 2. Август Денот на Републиката - Илинден на сите граѓани и им посакува безбедно патување и пристигнување до саканата дестинација - се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер