Усвоена програмата за „Тиквешки гроздобер 2026“: Жељко Самарџиќ, Де Вито и Џејла Рамовиќ се главни ѕвезди!
1Усвоена програмата за „Тиквешки гроздобер 2026“: Жељко Самарџиќ, Де Вито и Џејла Рамовиќ се главни ѕвезди!
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
ЗабаваСпортски љубовен триаголник -Таа е новата кралица на Формула 1: Убава манекенка изневерила познат фудбалер со возачАтрактивната манекенка Маргарида Корсеиро, која има само 22 години, стана светски позната по големиот љубовен триаголник што го потресе спортскиот свет пред две години. Возбудливата сезона во Формула 1 и борбата меѓу Оскар Пјасти и Ландо Норис за титулата, повторно ја вратија убавата португалска актерка и модел Маргарида Корсеиро на страниците на медиумите. Португалката е во врска со Норис веќе некое време и моментално се смета за „кралица“ на Формула 1, и покрај силната конкуренција. Во 2019 година, Корсеиро започна љубовна врска со познатиот фудбалер Жоао Феликс. Тие беа во врска четири години, сè додека во 2023 година таа не беше фотографирана во луксузниот Монако во автомобил и на ручек заедно со формула еден возачот Ландо Норис. Тогаш беше разоткриен љубовниот триаголник. Како што објавија медиумите, Корсеиро го изневерила Феликс најмалку три пати во една година, но таа некако успеала да ја спаси врската. Сепак, португалскиот фудбалер кој се пресели од Челзи во Атлетико Мадрид за 117 милиони евра, не можел долго време да го издржи притисокот од јавноста и да и верува на својата сакана, поради што ја прекинал врската со манекенката. Убавата португалка дефинитовно е „слаба“ на спортисти по разделбата од Феликс започна врска со својот „прељубник“ формула еден возачот Ландо Норис со кого летово е видена на Ибица. Тагови: Ландо Норис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУсвоена програмата за „Тиквешки гроздобер 2026“: Жељко Самарџиќ, Де Вито и Џејла Рамовиќ се главни ѕвезди!Советот на општина Кавадарци, во рамки на својата 11-та седница, денеска официјално ја донесе програмата за претстојната стопанско-туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер 2026“. Овогодинешното издание на фестивалот, кој веќе го носи приматот за најдобар македонски општински фестивал, ќе се одржи од 4 до 6 септември, ветувајќи тридневна „приказна под отворено небо“ исполнета со традиција, вино и богата забавна програма. Организацијата и реализацијата на културните содржини годинава ѝ се делегирани на компанијата „Иноватива груп“ ДОО Скопје. Главната локација за забавниот дел ќе биде Градскиот плоштад во Кавадарци, каде што се очекуваат масовни настапи на познати регионални и домашни музички имиња: Петок (4 септември): Вечерта е резервирана за помладата публика и модерните ритми. Програмата започнува со македонскиот состав Зи Бомб, по што следува настапот на регионалната трап-ѕвезда Де Вито, а вечерта ќе ја заокружи DJ Галовски. Сабота (5 септември): Саботната вечер нуди одлична комбинација на поп и рок музика. Публиката ќе ја забавуваат македонските бендови Дупер и Нокаут, а главна ѕвезда на вечерта е легендарниот Жељко Самарџиќ. Недела (6 септември): Големото финале на фестивалот ќе го одбележат настапите на младата и популарна Џејла Рамовиќ и познатиот пејач Пеџа Јовановиќ, по што во 01:00 часот по полноќ ќе следува спектакуларен огномет. Покрај вечерните концерти, „Тиквешки гроздобер 2026“ нуди разновидни дневни содржини со фокус на негување на лозаро-винарските обичаи: Како централен настан на традицијата- карневалот, ќе се одржи во сабота (5 септември) . Во недела е планирано и традиционалното Детско карневалско дефиле придружувано од DJ Bono. Градскиот плоштад ќе биде уреден со брендирани монтажни елементи и шатори наменети за промоција и дегустација на познатите тиквешки вина, ракија, маџун и традиционална храна. Исто така, во духот на народното творештво ќе биде уредено и Полициското паркче. Програмата го вклучува кошаркарскиот турнир „Сестри Китеви“ во спортскиот центар „Јасмин“, мото-рели низ градските улици, изложба на олдтајмери на улицата „Илинденска“ и традиционална таблијада. Во Паркот на револуцијата во текот на трите дена ќе се емитува староградска музика со подготовка на скара. Фестивaлот има за цел повторно да привлече гости од целата држава и регионот и да го потврди статусот на Кавадарци како винска престолнина.Тагови: Општина Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓанитеВо делот на европската интеграција, министерот ја потврди цврстата посветеност на Владата на реформите и европскиот пат.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа прес-конференција по повод две години од мандатот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на која ги презентираше клучните резултати и активности реализирани во изминатиот период. „Во изминатите две години работевме со јасна визија, јасни приоритети и една цел – посилна меѓународна позиција на државата, посилни партнерства и конкретни придобивки за граѓаните. Денес можеме да кажеме дека изградивме поактивна, поотворена и поефикасна дипломатија“, истакна Муцунски. Во своето обраќање, министерот нагласи дека надворешната политика останала доследна на трите стратешки столба: силното партнерство со Соединетите Американски Држави, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и активното членство во НАТО Алијансата. „Тоа се столбови на стабилност, безбедност и предвидливост. Тоа се столбови на држава која знае каде припаѓа и знае каде сака да оди“, порача Муцунски. Осврнувајќи се на резултатите од работата, тој посочи дека во изминатите две години биле реализирани повеќе од 110 работни посети во странство, повеќе од 400 средби и состаноци, од кои над 210 билатерални средби со државници, министри и високи претставници од целиот свет, додека државата била домаќин на повеќе од 40 европски и светски лидери и високи претставници. Во делот на европската интеграција, министерот ја потврди цврстата посветеност на Владата на реформите и европскиот пат, потсетувајќи на потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, како и на добивањето на предфинансирањето од Планот за раст за Западен Балкан. „Европската комисија неодамна стави на располагање 65,7 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст, што претставува највисок износ во регионот. Со тоа вкупниот износ на средства ставени на располагање за нашата држава во рамки на Планот за раст достигна 142,1 милиони евра. Тоа не е симболика. Тоа е конкретна доверба преточена во конкретна поддршка“, истакна Муцунски. Говорејќи за односите со стратешките партнери, министерот нагласи дека државата била првата европска земја која одржала сесија на стратешкиот дијалог со новата администрација на Соединетите Американски Држави, со што дополнително биле продлабочени билатералните односи и стратешкото партнерство. Тој потсети и на склучените договори за стратешка соработка со Обединетото Кралство, Унгарија и Хрватска, како и на потпишаниот Меморандум за соработка со Обединетите Арапски Емирати. Министерот се осврна и на резултатите во мултилатералната дипломатија, посочувајќи ги членството во Советот за човекови права на Обединетите Нации, членството во ECOSOC, реизборот во Извршниот совет на OPCW и затворањето на постмониторинг-процедурата во Советот на Европа. На крајот од обраќањето, Муцунски порача дека надворешната политика мора да биде простор на национално единство и долгорочен државен интерес. „Можеме да се разликуваме во партиските погледи и да дебатираме за политики и пристапи. Но кога станува збор за достоинството, безбедноста и иднината на државата, мора да знаеме дека постојат прашања кои се поголеми од секоја влада и од секој политички циклус. Нашата задача е јасна: да градиме држава која е почитувана, безбедна, економски поврзана и европски интегрирана“, порача министерот Муцунски.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Обновени игралишта во Дебар Маало и Капиштец, побарана засилена контрола од МВРОпштина Центар ги обнови детските игралишта кај „Зебра“ во Капиштец и кај КАМ маркет во Дебар Маало, при што дотраените и оштетени реквизити се заменети со нови за да се обезбедат побезбедни и поквалитетни услови за игра и рекреација на децата.Градоначалникот Горан Герасимовски упати апел за зачувување на урбаната опрема , нагласувајќи дека јавниот простор е заедничка одговорност. „На барање на жителите побаравме засилено присуство на МВР на терен, особено во вечерните часови, кога има појава на вандализам и оштетување на детските игралишта. Во општината има околу 50 детски, спортски, маалски и училишни игралишта. Даваме сѐ од себе да ги одржуваме и унапредуваме, но за жал често се соочуваме со нивно оштетување, поради што повторно вложуваме средства за нивно санирање. Апелирам до граѓаните заеднички да водиме грижа за јавното добро и да ги чуваме содржините што се наменети за сите“, порача Герасимовски. Тој потсети дека Општина Центар иницираше измени на повеќе закони со цел поефикасно справување со девијантното однесување кај младите, меѓу кои и воведување општокорисна работа за малолетните вандали и нивните родители. За 2026 година, Општина Центар има издвоено 12 милиони денари за обнова и реконструкција на детските и спортските игралишта на својата територија. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook