Спортската новинарска елита од државите на Југоисточна Европа на конгрес во Охрид - Канал 5

Спортската новинарска елита од државите на Југоисточна Европа на конгрес во Охрид

Повеќе од 120 новинари од спортските редакции на електронски и печатени медиуми од држави на Југоисточна Европа ќе учествуваат во работата на Првиот конгрес на Асоцијацијата на спортски новинари од ЈИЕ што во организација на Организацијата на спортски новинари на Македонија од денеска наредните три дена ќе се одржува во Охрид.

Спортската новинарска елита од државите на Југоисточна Европа на конгрес во Охрид
Како што истакна Бошко Трпески, претседател на Здружението на спортски новинари на Македонија, конгресот во Охрид е признание за активното учество на националните спортски новинари како амбасадори на спортот и културата на нашата држава.

- Нашата цел како спортски новинари е преку слични спортски придредби и средби да го афирмираме спортот, да го промовираме и негуваме спортското достоинство и да ги елиминираме девијатните појави во спортот како допингот, насилството и криминалот, истакна Трпески.

Работниот дел од конгресот ќе содржи и неколку тематски предавања на претседателот на Олимпискиот комитет на Македонија Васил Тупурковски, директорот на националната Агенција за млади и спорт Марјан Спасески, како и на проф. Зоран Ханџиски кој ќе одржи предавање на тема „Допингот и спортот“.

Во рамки на состанокот во Охрид предвиден е и спорстко-рекреативен дел, со турнир во мал фудбал на кој ќе учествуваат екипи на спортските новинари од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Турција, Албанија и Унгарија како придружна членка.

Предвидени се признанија и награди за победниците на турнирот, а на најдобриот голман во натпреварувањата ќе му биде врачена специјална награда „Петар Милошоски“, во знак на сеќавање на прерано починаиот наш препрезентативен голман.

Конгресот во Охрид е поддржан од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, а партнери се Фудбалската и Ракометната федерација на Македонија.

Здружението на спортски новинари од Македонија беа организатори и на големиот Европски шаховски турнир на новинарите од Европа одржан пред три години, како и на првиот шаховски турнир под вода одржан на атрактивната локација кај Музејот на вода во Заливот на коските на Охридското Езеро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредување

Екстремната топлина и ниското ниво на водата на Дунав предизвикаа проблеми со водоснабдувањето во Унгарија. Ограничувања на водата се воведени во повеќе од 600 населби.

Унгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредување

Екстремна суша и долготраен топлотен бран сè повеќе ја погодуваат Унгарија, каде што ограничувања на водата за пиење се воведени во стотици населби. Властите предупредуваат дека последиците од високите температури не влијаат само на водоснабдувањето, туку и на енергетската инфраструктура.

Според унгарската влада, мерки од прво ниво се воведени во 465 населби, мерки од второ ниво на 151 место, додека најстрогите ограничувања се на сила во 13 населби.

Ниското ниво на водата на Дунав е особено загрижувачко. Нивото на реката во Пакш се спушти на само 135 сантиметри, поради што властите преземаат дополнителни мерки за да обезбедат стабилно работење на нуклеарната централа Пакш.

Дополнителни лебдечки пумпи се инсталирани на пумпните станици, додека резервни единици се распоредени во пристаништето и на копно за да се обезбеди непречено ладење на објектите.

Работната група за одбрана ја разгледува состојбата со снабдувањето со енергија и последиците од недостигот на вода, додека метеоролозите предвидуваат дека екстремните температури ќе продолжат.

Највисокото предупредување за топлотен бран, ниво три, би можело да остане на сила, а нов бран на екстремна топлина се очекува од 6 до 11 август.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасна несреќа во Германија: Се судрија два трамваи, десетици повредени

Повеќе од 25 лица се повредени денес во судир меѓу два трамваи во западниот германски град Гелзенкирхен, при што три лица се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Ужасна несреќа во Германија: Се судрија два трамваи, десетици повредени

Според првичните информации, трамваите се движеле еден по друг во близина на стадионот на Шалке кога првиот трамвај одеднаш закочил, објави Билд.

Полицијата соопшти дека трамвајот, кој се користел за обука, нагло застанал, а потоа трамвајот со патници се удрил во него.

„Околу 25 лица се повредени, од кои седум потешко. Тројца од седумте се во сериозна состојба“, изјави портпаролката на полицијата за Билд.

На повредените им е укажана прва помош на местото на настанот, а оние со потешки повреди се однесени во болници.

Областа околу Курт-Шумахер-Штрасе, главната сообраќајница во градот, беше затворена во двата правци по несреќата.

Една лента беше повторно отворена за сообраќај во шпицот доцна попладне.

Причината зошто тренинг трамвајот одеднаш закочил сè уште не е утврдена, а специјално обучен тим е на лице место за да ја испита несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог

​Со секој изминат ден СДС и нејзините челници се повеќе и појасно се препознаваат и кажуваат дека тие се талогот во општеството којшто го труе народот со песимизам, дефетизам, со тези дека ова држава нема да успее.

ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог

И тоа го прават со единствена цел да се убие надежта кај народот, и таа малку што му останала по многубројните национални предавства и порази што му ги приредија токму тие, како Андреј Жерновски кои 20 години се во политика без ниту еден ден работен стаж во реален сектор.

Жерновски упорно ја турка темата и шири хистерија дека се водат тајни преговори за евроинтегративниот пат на државата, иако беше демантиран од надлежните институции.

Ама и таа тема, како и темата мигранти за пари ќе им пукне како меур од сапуница и ќе им остане само хистеријата и лагите.

Како што лажеа државата само што не банкротира, ама еве ја две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не само што не банротира туку таа економски се консолидира, инвестира во капитални проекти, зголемува плати и пензии. Така лажат и за се останато.

Несудениот амбасадор и неуспешен градоначалник на Центар, можеби посакува, но ниту ќе биде прифатен францускиот предлог, којшто предавничката СДС слепо го прифати за ден повеќе да остане на власт, ниту ќе има отстапки од веќе утврдени позиции.

На Македонија местото и е во Европската Унија како рамноправна членка и почитуван рамноправен партнер, со зачувано национално достоинство и национални идентитетски обележја.

Така да, залудни им се обидите на талогот во СДС, кој го труе народот и сака да им ја убие надежта, да претстават дека сите се како нив и дека за власт и пари се спремни на секакви отстапки и предавства.

Заедно со народот ваквите предавници во СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Затоа што свежи се уште предавствата од СДС под раководство на Зоран Заев, кои се сега верни приврзаници на Филипче, како што е Жерновски, и тоа нема никогаш да се заборави.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер