Други спортовиСпортот да биде фактор на обединување, побараа Шаќири и НацеваЗдружението „Диверзити Медиа“ денеска во зградата на општина Тетово ја организираше својата петта јавна дебата под наслов „Зошто спортот во Македонија разединува наместо да обединува? На неа како дискутанти учествуваа и познатите македонски спортски асови во фудбал и ракомет, Артим Шаќири и Гордана Нацева.Една од главните теми на дебата беа случувањата на овогодинешното финале на Купот на Македонија во фудбал одиграно на 22 мај во Скопје меѓу двата тетовски клуба Тетекс Шкендија. Овој дуел беше прекинат поради навредливото и националистичкото навивање на навивачките групи на двата клуба, по што следуваше продолжение друг ден без публика. Според тренерот на Шкендија и поранешен репрезентативец на Македонија во фудбал, Артим Шаќири финалето требало да се доигра и покрај навредливото скандирање од трибините а виновниците за тоа да се лоцираат и да се казнат така што нема повторно да учествуваат во такви скандирања. - Јас сум присуствувал на многу натпревари каде имало навреди но тоа што се случи на финалето на купот навистина беше премногу и на фудбалерите не им се дозволи да го доиграат натпреварот. И покрај се сметам дека без публика не е вистински натпревар, бидејќи втората средба неколку денови подоцна без публика на стадионот повеќе изгледаше на пријтелски или тренинг натпревар одошто едно финале на Куп изјави Шаќири. И поранешна репрезентативка на Македонија во ракомет Гордана Нацева која на телевизија го гледала финалниот натпревар на фудбалскиот куп ги осуди недоличните скандирања. - За мене ова е еден аларм, сигнал што се праќа преку спортот до сите нас дали навистина сме обединети, не само во спортот, туку и во секојдневното живеење, бидејќи спортот е негова рефлексија. Би била тажна ако навистина е така во секојдневниот живот, толку да сме разединети и два клуба од Тетово, едниот составен од етнички Албнци, другиот од Македонци, да не можат да најдат начин да организираат еден натпревар и при тоа спортот да биде фактор на обединување а не на разединување, рече Нацева. Според Назми Рашиди од „Диверзити Медиа“ нивната организација сака преку организирањето на вакви јавни дебати на повеќе различни теми и да се отвори дискусија во која би се вклучиле сите заинтересирани страни. Од оваа организација најавуваат дека и следните дебати ќе бидат насочени кон подобрување на квалитетот на локалните власти, подобрување и развој на меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството, корпоративна социјална одговорност на приватниот сектор, со цел да се подобрат меѓуетничките односи и поттикнување и зајакнување на општествениот активизам низ Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево со темперетура до 36 степени, попладне локална нестабилност Денес времето ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. Во Скопје, сончево време со мала до умерена облачност. Пополадне во делови од котлината ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре претпладне времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на топло и стабилно време. Дневната температура ќе биде во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 7. јули 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 7. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно. Кариера Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција. Здравје и совет Бидете умерени. Лав 23.7-22.8. Љубов Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома. Здравје и совет Бидете тактични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи. Кариера Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг. Кариера Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Не се срамете за да се изразите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време. Кариера Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите. Здравје и совет Мали главоболки или тага. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас. Кариера Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им. Здравје и совет Заслужувате одмор. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност. Кариера Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе. Кариера Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди. Здравје и совет Не одете преку своите можности. Овен 21.3-20.4. Љубов Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа. Кариера Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму. Здравје и совет Не ги забрзувајте работите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов. Кариера Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично. Здравје и совет Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор. Здравје и совет Не можете вечно да живеете на стара слава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРисто Никовски и Снежана Калеска Ванчева вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ристо Никовски и Снежана Калеска ВанчеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07