3Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата
ЗабаваСпортико: Роналдо е најплатениот спортист во светот во 2023 годинаКристијано Роналдо стана најплатениот спортист во 2023 година, објави списанието „Sportico“.Напаѓачот на Ал-Наср и португалски репрезентативец го зазеде првото место, со заработка од 275 милиони долари (215 милиони од фудбалот и 60 милиони долари од спонзорски договори). Топ 10 рангирањето изгледа вака: 1. Кристијано Роналдо (фудбал) – 275 милиони (215+60) 2. Џон Рам (голф) – 203 милиони (181+22) 3. Лионел Меси (фудбал) – 130 милиони (65+65) 4. Леброн Џејмс (кошарка) – 125,7 милиони (45,7+80) 5. Килијан Мбапе (фудбал) – 125 милиони (100+25) 6. Нејмар (фудбал) – 121 милиони (86+35) 7. Стеф Кари (кошарка) – 98,9 милиони (48,9+50) 8. Јанис Адетокунбо (кошарка) – 88,4 милиони (43,4+45) 9. Кевин Дурант (кошарка) – 86,9 милиони (44,9+42) 10. Патрик Махомес (американски фудбал) – 84,3 милиони (59,3+25). Најголем дел од топ 100 се кошаркари (40), потоа фудбалери (16) и безбол играчи (13). Во него има и играчи од американски фудбалери (11), голфери (10), боксери (6), возачи на тркачки автомобили и тенисери (по 2).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ЗабаваВидео-Фото: Англиски репрезенативец ги воодушеви жените!!Англискиот фудбалер ги запали мрежите со свои жешки фотографии.Високите температури влијаат и врз фудбалерите на Светското првенство, а да не беше тоа, немаше да има лавина од коментари на социјалните мрежи за изгледот на англискиот ас Џуд Белингем. Англискиот репрезентативец Џуд Белингем привлече огромно внимание на Светското првенство – до тој степен што социјалните мрежи се преплавени со негови фотографии, а овојпат тоа нема никаква врска со фудбалот. Фотографите го овековечиле Белингем за време на еден тренинг додека бара „спас“ од горештината, па така се најде само во долна облека, а жените на социјалните мрежи им се заблагодаруваат на сите за овие снимки. Jude Bellingham during recovery session today🔋 pic.twitter.com/GjcJnNCcvH — Ria (@itsjudithworld) July 2, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисДе Минор по 4 сета до осминафиналето на Вимблдон Алекс де Минор, шестиот тенисер во светот, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако го победи Закари Свида со резултат 6:2, 5:7, 6:2, 6:4.Австралијанецот добро го отвори мечот и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Свајда возврати во вториот. Сепак, Де Минор го подигна нивото на својата игра, ја врати контролата врз мечот и обезбеди место меѓу првите 16 на Лондонскиот Гренд Слем со сигурна игра во третиот и четвртиот сет. Во борбата за четвртфиналето, Де Минор ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карен Хачанов и Флавио Коболи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
МакедонијаДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието.Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието откако опозицијата се спротистави електронското гласање да го замени досегашниот начин на гласање, соопшти пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Тој додаде дека опозициските СДСМ и ДУИ побарале време да формираат став по овој предлог по што нов состанок се очекува идната недела. -По однос на техникалиите доколку се постигне консензус за поштенското гласање на дијаспората тогаш гласањето може да биде изведено и преку меѓународен поштенски оператор и ДИК нема да бира изведувач кој што би имал национален предзнак иако не е ни тој исклучен, но тој поштенски оператор кој што ќе може на меѓународно ниво да биде најоперативен и навремено и безбедно да ги достави материјалите до регистрираните гласачи и истите потоа да ги дистрибуира до ДИК на пребројување би бил веројатно и најприфатливиот за државата,изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Од ВМРО ДПМНЕ се на ставот дека гласањето на локалните избори треба да остане право на резидентното население меѓутоа од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села, инсистираат дека постои голем интерес кај отселените нашинци да гласаат, а доказ за тоа е големиот број од нив кои со автобуси и авиони се враќаат во татковината навреме за изборите. -Денеска се зборуваше за можноста да се гласа по пошта за што и ние се согласуваме. Но, битно ни е да не правиме дискриминација на граѓаните кон изборните процеси – претседателски, парламентарни и локални избори. Еден доста битен аргумент се последните локални избори каде што сите бевме сведоци дека немавме кворум во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, за жал тенденциите на отселување покажуваат дека и следните локални избори можеби ќе се соочиме со овој пролем, изјави Елми Азири од АА. Собранието има уште десетина дена рок да го донесе новиот Изборен законик, односно до 15 Јули кога и официјално ќе се испрати Извештајот за реформскиот напредок на државава до ЕК. Меѓутоа, како што тврдат од власта, законот нема да се турка „на сила„ и за него очекуваат широк консензус. Како реформски чекор Изборниот законик има финансиска вредност од над 4 милиони евра. Тагови: избори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter