Според Весна де Винча: „Eвровизија промовира настраност, ја уништува традицијата - Канал 5

Според Весна де Винча: „Eвровизија промовира настраност, ја уништува традицијата

Аздејковиќ реагираше: „потпетици прво носеле мажите“  

Според Весна де Винча: „Eвровизија промовира настраност, ја уништува традицијата

Претседателката на компанијата „Мис Ју“, Весна де Винча, сподели свој статус на Фејсбук, коментирајќи ја Евровизија, која неодамна се одржа во Ротердам, каде претставниците на Србија, членките на групата „Ураган“ го освоија 15-тото место, додека претставникот на Италија, Дамијан Давид, победи.

Весна де Винча привлече големо внимание со својата објава на Фејсбук затоа што ги коментираше пораките испратени од овој музички фестивал, нагласувајќи:

- Што ни говори Евровизија за иднината на Европа: „Секој е свесен дека европската култура е во опаѓње и дека ваквите глобални настани се весници на светскиот глобализам, а воедно и на ритуални претставите чија цел е метафизичко поврзување на сегашноста со посакуваната временска линија во иднината. "Јасно е дека Евросонг е ЛГБТ пропагатор, чија цел е промовирање на настрана култура и уништување на традиционалната. Да се ​​зборува за геј изведувачите и нивното лоби на ваквите настани би било излишно и очигледно дека тоа е еден од главните критериуми за местење на победникот и избор на натпреварувачот“.

Геј активистот Предраг Аздејковиќ ги коментираше статусот и ставовите на Де Винча.

- Кога баронесата де Винча би се сетила на нејзината младост и на тоа како се облекуваше нејзиниот врсник Луј XIV, ќе знаеше дека прво потпетици носеле мажите... Да се сетиме на Мик Џегер, Дејвид Боуви, Принс, па дури и на нашиот Оливер Мандиќ! Значи, само полуписмена и неинформирана личност може да зборува вакви глупости – изјави Аздејковиќ за „Ало!“.

Извор: blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју.

Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... 

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време..

Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници..

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година..

Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД..

„Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Во Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија..  

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ..

Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда..

И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер