Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
СветСпоред европските ревизори, финансирањето на НВО од страна на ЕУ е недоволно транспарентноПри финансирањето на невладините организации Европската комисија не водела сметка за тоа дека биле поддржани и одредени активности, како што е лобирањето. Европските невладини организации во периодот од 2021 до 2023 година од ЕУ добиле финансиска поддршка од околу седум милијарди евра, но тоа финансирање било направено со недоволна транспарентност и отчетност, се наведува во извештај на Судот на ревизори на ЕУ. - Откривме дека финансирањето на невладините организации од страна на ЕУ е премногу нетранспарентно и има недостиг на транспарентност, изјави раководителката на тимот ревизори што го изработи извештајот, Лаима Андрикиена. Според неа, при финансирањето на невладините организации Европската комисија не водела сметка за тоа дека биле поддржани и одредени активности, како што е лобирањето. - Не постојат ниту активни проверки дали финансираните невладини организации ги почитуваат вредностите на ЕУ, истакна Андрикиена, додавајќи дека ваквите постапки го изложуваат на ризик угледот на ЕУ. Во извештајот ревизорите посочуваат и дека наишле на докази за злоупотреба на средствата добиени од ЕУ, но дека таа појава не претставува структурен проблем. Андрикиена посочи дека наишле на два случаи кога со оперативни грантови финансирани од програмата ЛИФЕ, биле поддржани активности за влијание врз креаторите на политиките. Таа додаде дека бил откриен и случај кога „еден голем истражувачки институт“ бил класифициран како невладина организација, иако во него биле вклучени само владини претставници, додека друг субјект, која исто така бил претставен како НВО, имал и комерцијални интереси од своите активности. Според Андрикиена, клучен проблем е што „нема сигурен преглед на парите од ЕУ платени на невладините организации“. Во извештајот се посочени и случаи кога средства од Кохезивниот фонд на ЕУ биле префрлани на локални невладини организации за одржување на фестивали и други културни настани. Извештајот доаѓа во време кога во Брисел се води дебата околу финансирањето на невладините организации од страна на ЕУ. Во тие рамки беа изнесени обвинувања дека „европските бирократи“ ги злоупотребувале невладините организации, преку тајни договори за доделување средства на еколошки групи преку програмата ЛИФЕ. На оваа невладините организации одговорија дека станува збор за занемарливи средства и дека податокот оти од програмата ЛИФЕ за финансирање на еколошките групи годишно се издвојуваат околу 15 милиони претставува „грешка во заокружувањето на буџетот“. Во реакција на ваквите тврдења, Европската комисија најави дека ќе утврди „јасна дефиниција“ за тоа што е невладина организација и дека ќе подготвува годишни извештаи за тоа колку пари ЕУ троши на граѓанскиот сектор. ЕК најави и дека ќе спроведе „активна проверка“ за утврдување дали финансираните групи дејствуваат во согласност со вредностите на ЕУ, со што би се напуштила сегашната практика според која невладините организации само треба да дадат изјава дека ги почитуваат европските вредности. Во мај минатата година Еврокомисијата ги промени правилата за финансирање невладините организации, што од нивна страна, но и од некои левичарски групи, беше оценето како обид на политичарите од десниот центар „да ги замолчат непожелните гласови преку авторитарни тактики“. Европратеникот на редовите на Зелените, Даниел Фројнд оцени дека загриженоста за нетранспарентност при распределбата на средствата од ЕУ е оправдана, но дека тоа не е проблем само со невладините организации. Според него, наместо целиот случај да се „прекрши преку грбот на невладините организации“, треба да се преземат мерки за ставање крај сите сомнежи за злоупотреби на финансирањето од страна на ЕУ. /МИАТагови: ЕУ ревизори НВО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter