Споменикот Мечкин Камен се прогласува за значајно културно наследство

По иницијатива на општина Крушево споменикот Мечкин Камен се прогласува за значајно културно наследство со што овој локалитет соодветно ќе се одржува и инфраструктурно зачува.

Со доставување на Елаборат за валоризација на споменикот на културата Мечкин Камен и Предлог за донесување акт за прогласување на споменикот Мечкин Камен Министерството за култура го прогласува споменикот за значајно културно наследство со заштита од трет степен.

„Во таа смисла валоризацијата на доброто и предлогот се во функција на дефинирање на јавниот интерес за негова заштита, а со тоа и целосно подведување под дејство на прописите за заштита на културното наследство“, стои во Решението за прогласување на значајно културно наследство.

„Досега овој значаен историски локалитет не беше никако регулиран и со тоа не можеше да се одржува за дополнително да го испочитуваме нашето славно минато илустрирано во споменикот. Успеавме да издејствуваме овој локалитет да се регулира и заштити со што Министерството за култура го донесе ова Решение. Овој споменик е изграден во 1983 година, а наша цел е вечно да биде симбол на Крушево.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Ума Турман ги воодушеви сите на годишнината од култниот филм во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Ума Турман ја воодушеви публиката во Лос Анџелес на 30-годишнината од прикажувањето на „Pulp Fiction“.

53-годишната актерка за оваа пригода избра црна облека. Во споменатиот филм Ума го отелотвори ликот на Миа Валас, а многу фанови напишаа дека оттогаш таа речиси не се променила. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека изгледа многу младешко и дека „никогаш не изгледала толку добро“.

Инаку, Ума доби и номинација за најдобра споредна женска улога за улогата на Миа Валас.

Pulp Fiction е филм на Квентин Тарантино од 1994 година. Беше номиниран за седум Оскари, вклучително и за најдобар филм. Во филмот глуми и Џон Траволта.

Франција им нареди на трговците да ги означуваат производите, на кои им го намалиле пакувањето

Француските трговци ќе мора да ги известат клиентите за намаленото пакување на производите кое не е придружено со соодветно намалување на нивните цени, објави Министерството за финансии, сигнализирајќи нова мерка за борба против скриените поскапувања.

Тајното покачување на цените преку намаленото пакување на производите предизвикува главоболки и кај потрошувачите и кај владите, бидејќи ја инхибира потрошувачката во услови на послаба куповна моќ на домаќинствата под притисок на високата инфлација и трошоците за задолжување.

Француските малопродажни компании од јули до септември ќе треба да ги информираат потрошувачите за храната и другите производи за широка потрошувачка чија цена не го следи намаленото пакување, соопшти Министерството. „Ќе ставиме крај на таквите практики. Сакам да ја вратам довербата на потрошувачите, а довербата оди рака под рака со транспарентноста“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мер.

Цените на храната станаа главно политичко прашање во Франција минатата година бидејќи цените на храната скокнаа за рекордни 16 отсто по редовните годишни преговори меѓу трговците на мало и компаниите за храна.

Владата со закон го регулираше одложувањето на датумот за преговори годинава и побара од компаниите да го ограничат поскапувањето. Минатиот септември ланецот супермаркети „Карфур“ прикажа предупредувања за цените на некои производи со цел да изврши притисок врз големите производители на стоки за широка потрошувачка, како „Нестле“, „ПепсиКо“ и „Унилевер“ пред преговорите.

Анѓеловски: „Дуизацијата“ е најопасен процес на испумпување средства од буџетот

„Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ“

И пред кампањата започна реториката на безалтернативност на СДСМ и онаа на „зелените“ дека имаме избор меѓу Русија и ЕУ. Ниту некој ќе се определува меѓу Русија и ЕУ, ниту некој ќе се определува меѓу изолација и ЕУ, тоа се големите лаги пред јавноста. Ние ќе се определуваме меѓу иднина за Македонија и македонските граѓани, внатре во државата без разлика како тој пат ќе се вика. И најубавата куќа ако внатре е нечиста, децата ќе сакаат да ја напуштат. Прво да си го средиме сопствениот двор.

Повикот за обединување на Мицкоски е за јасно и недвосмислено обединување на сите кои чувствуваат дека Македонија е доведена до ѕид, дека нема правда за никого, тоа е повик до сите што се чувстввуваат така за да се прекине поцесот на „заевизација“ и „дуизација“ на Макеоднија. Дуизацијата е најопасниот процес на испумпување на средства од буџетот на лица блиски до ДУИ, за да се создадат монструми што подоцна ќе владеат со економските, политичките и општествените процеси во државата, рече Страшо Ангеловски во Само Вистина.

притисни ентер