Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
КултураСпомен-куќата на Блаже Конески во Небрегово ставена на туристичката мапа за задолжителни посетиСпомен-куќата на великанот Блаже Конески во Небрегово и официјално се става на туристичката мапа за задолжителна посета при екскурзиите на учениците и при посетите на странските туристи. Иницијативата е на Културно-едукативниот центар „Небрегово“. Со пригоден собир пред родната куќа на Конески е потпишана и декларација. Мимоза Конеска, туристички работник од агенцијата „Војаџер“, вели дека ова е достоен чин за Блаже Конески. За догодина се најавуваат голем број странски туристи. -По иницијатива на Културно-едукативниот центар „Небрегово“ спомен-куќата на великанот Блаже Конески во Небрегово се става на туристичката мапа на Македонија. Спомен-куќата ќе биде поставена во програмата на сите основни и средни училишта и во сите програми за посета на странските туристи во Македонија. Горди сме што оваа иницијатива е доведена до реализација. Тоа ќе значи многу повеќе туристи за Прилеп, за Небрегово, за спомен-куќата и многу повеќе информации стигнати до основните и до средните училишта, онаму каде што треба за тоа што значи Блаже Конески и што значи спомен куќата во Небрегово. За 20-ина дена со Здружението ќе излеземе со податоци за најавата на странски туристи кои ќе дојдат во посета во Македонија. Денес се потпишува декларацијата со која официјално, целата програма за Спомен-куќата, заедно со цената на чинење, заедно со локалните информации за пред и после посетата на Небрегово. Инаку, најавите за странски гости за наредната година се големи. На минимум 60 насто од програмите е веќе ставена како задолжителна посета, изјави Конеска. Официјализирањето на иницијативата е симболично во пресрет на големиот празник - Денот на независноста зашто Конески е втемелен во државноста и македонскиот културен идентитет. -Блаже Конески се вградил, и како човек и со неговото епохално дело во националните обележја, во нашиот културен, национален идентитет и во нашата опстојба. Тоа е главната причина што Блаже Конески треба да се најде на туристичката мапа на Македонија. И не само Спомен-домот. Во Прилепско-долненскиот регион има уште неколку обележја кои го заслужуваат тоа, рече Атанас Конески, секретар на Културно-едукативниот центар „Небрегово“. Спомен-куќата на Блаже Конески е споменик на културата од 1 август 2005 година. Во книгата на посети впечатоци запишале преку 1 300 од посетителите и гостите. -Интересот за посета е голем. Со оваа нова иницијатива, посетеноста уште повеќе ќе се зголеми, зашто Блаже Конески го заслужува тоа. Овде има посети од ученици, студенти, посетители, се прават повеќе проекти. И ние како Завод и музеј кој се грижи за спомен-домот на Конески, нашите проекти ги правиме токму во Спомен-куќата, рече Лилјана Неделкоска од прилепскиот Завод и музеј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинаа во украински напад кај МоскваНајмалку пет лица загинаа, а десет се повредени во украински напад со дрон врз склад во близина на Москва, соопшти гувернерот на московската област, Андреј Воробјов.Нападот предизвикал голем пожар во индустриски објект во Новоселки, околу 70 километри јужно од Кремљ. Според украинските медиуми, цел на нападот бил магацин поврзан со компанијата „Вајлдберис“, која Киев ја обвинува дека обезбедува логистичка поддршка за руската армија. Во текот на ноќта биле погодени и складишта на компанијата во регионите Санкт Петербург и Твер. Mеѓувреме, Русија продолжи со воздушни напади врз Украина. Во нападите врз Миколаев, Суми и други украински градови загинаа најмалку четири лица, меѓу кои и деца, а повеќе лица се повредени.Тагови: напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употребаВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво за технички потреби. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. На состанокот било одлучено во наредниот период да се интензивираат контролите на квалитетот на водата, се додека не се добијат три последователни исправни микробиолошки анализи. До тогаш, жителите ќе продолжат да добиваат флаширана вода, а според Тошковски, досега се дистрибуирани речиси 600 илјади литри. Во меѓувреме, продолжува хиперхлорирањето на водоводниот систем. Тошковски вели дека присуство на хлор е регистрирано на сите контролни точки, што е показател дека дезинфекцијата се одвива успешно. Паралелно се испира примарната мрежа, за што упати и апел граѓаните да ги отвораат чешмите за да се исчисти и секундарната водоводна мрежа во домовите. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека бактеријата Proteus mirabilis ( проетус мирабилис), која беше пронајдена во дел од примероците, е очекувана поради застојот на водата во системот за време на целосната забрана за користење. Во меѓувреме, Министерството за здравство информира дека вчера биле регистрирани 78 прегледи, шест помалку од претходниот ден. За споредба, на 18 јули, кога беше врвот на кризата, биле евидентирани 650 прегледи. Според здравствените власти, во овој момент состојбата е стабилна, а бројот на пациенти постепено се намалува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов круг преговори меѓу Либан и Израел во РимВо Рим денеска почнa седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања. Либанската влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици. Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08