КошаркаСпоелстра назначен за селектор на американската репрезентацијаТренерот на Мајами Хит, Ерик Споелстра, е назначен за селектор на американската кошаркарска репрезентација, објави „Ју-Ес-Еј Баскетбол“.Договорот важи до 2028 година. Споелстра доаѓа на местото на Стив Кер, кој беше селектор од 2022 година. Педесет и четиригодишниот Споелстра е главен тренер на Мајами Хит од 2008 година, каде што освои две НБА шампионски титули.Тагови: кошарка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
СветСАД започнаа бран напади врз Иран шеста ноќ по редСАД започнаа бран напади врз Иран шеста ноќ по ред, соопшти нивната војска, додека двете страни се борат за контрола врз Ормутскиот теснец.Централната команда на САД соопшти дека нападите имале за цел „ деградирање на иранските воени капацитети“,иранските државни медиуми објавија дека САД нападнале цивилна инфраструктура, вклучувајќи мостови, железничка станица и аеродром. Би-Би-Си потврди напад врз еден мост западно од Бандар Абас во покраината Хормозган. Американските ракети, исто така, погодија цели во близина на островот Кешм, во близина на теснецот, како и во Бандар Абас и Бушер – каде има нуклеарна централа. Командата на САД не спомена мостови во својот список на „десетици ирански воени цели“ погодени во последната рунда напади, која заврши во раните утрински часови. Деновиве, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на иран доколку земјата не се врати на разговорите.Откако Трамп во април изјави дека САД ќе бомбардираат цивилна инфраструктура во Иран, вклучувајќи мостови и електрани, комесарот за човекови права на ОН, Волкер Турк, рече дека „намерното напаѓање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство“. Седум лица беа убиени во нападите, објави државната новинска агенција ИРНА.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАнтичкиот грчки „Мит за Амазонките“ вечерва на „Охридско лето“Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот на сцената „Долни Сарај“ ќе има можност да ужива во балетската претстава „Митот за Амазонките“ во изведба на АРТ Денс Театар од Грција, а во режија и кореографија на Артемис Игн„Митот за Амазонките“ е танцов перформанс кој се базира на античкиот грчки мит за Амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава. Претставата се фокусира на двата најпознати мита поврзани со Амазонките, митот за кражбата на златниот ремен од страна на Херкулес и митот за борбата помеѓу Пентесилеја и Ахил, во која Ахил ја убива Пентесилеја, а потоа ѝ го отстранува сребрениот шлем кој ѝ го покрива лицето и вчудоневиден од нејзината убавина, се вљубува во неа. Театарската и балетска компанија „АРТ Денс“ премиерно ја изведува оваа балетска претстава во 2013 година за време на Културниот фестивал во музејот „Бубулина“ во Спетсес во Грција. Во 2014 година овој перформанс е избран од Грчкото министерство за култура да ја претставува Грција на Интернационалниот фестивал во Сус, како и на неколку други фестивали во Тунис.Во 2017 година на културната соработка помеѓу Грција и Кина, „Амазонките“ се играат во Гуанжу и во Шунде-Фошан, а во 2022 година се дел од активностите за одбележување на Тирана – европски младински град за 2022 година. Театарската и балетска компанија „АРТ Денс“ настапува на бројни сцени и фестивали во Грција и надвор од неа. Тие се официјален претставник на Грција на 10. Танцов фестивал во Лимасол (Кипар) во 2007 година, а настапуваат на отворањето на 6. Фестивал на културата во Пекинг во 2008 година како дел од Културната олимпијада во Кина. Артемис Игнатиу е режисер, кореограф и уметнички директор на церемонијата на палење и предавање на Олимпискиот пламен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСилно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
БалканСрбија се приклучи на вселенската програма на НАСАСрбија синоќа го потпиша Договорот „Артемида“ и со тоа стана 69-тата земја што се приклучи кон оваа меѓународна иницијатива за истражување на вселената. Договорот во седиштето на НАСА го потпиша министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, а на церемонијата присуствуваа заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука, Весли Брукс, амбасадорот на Србија, Драган Шутановац, и Марија Гњатовиќ од Министерството за наука, технолошки развој и иновации, пренесува агенцијата Танјуг. Министерот Ѓуриќ претходно изјави дека пристапувањето кон овие договори ќе им овозможи на научниците, компаниите и институциите во Србија да учествуваат во една од најнапредните вселенски програми во светот. „Србија е посветена на истражувањето на вселената за мирољубиви цели и на почитувањето на меѓународното право, така што овој договор ќе придонесе и за создавање поволна рамка за нашиот понатамошен развој. Секако, ова има симболична вредност и политичко значење и се одвива како дел од стратешкиот дијалог што претставува историски чекор напред во односите меѓу Србија и Америка“, изјави Ѓуриќ. Тој исто така додаде дека за Србија ова значи влез во кругот на земји со кои САД остваруваат партнерство и пријателска соработка. Што претставуваат Договорите „Артемида“ Договорите „Артемида“ беа иницирани во 2020 година од страна на НАСА и Стејт департментот на САД, со поддршка на седумте земји-основачи. Иницијативата беше покрената за време на првиот мандат на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook