СПМ: Уредбата на Владата за додадок на плата е неуставна и ќе ја оспориме - Канал 5

СПМ: Уредбата на Владата за додадок на плата е неуставна и ќе ја оспориме

Дали и на кого му следува додаток на плата кој го предлага Владата

СПМ: Уредбата на Владата за додадок на плата е неуставна и ќе ја оспориме

Согласно Уредбата за остварување на правото на додаток на плата во член 3 е наведено дека следува и за вработените во Министерството за внатрешни работи. Во член 4 став 4 во истата уредба е предвидено дека „Додатокот на плата не се исплаќа на вработените (во случајов МВР) на кои им е утврдено правото на додаток на плата со посебен закон или колективен договор”.

Ова значи дека доколку со колективен договор е предвиден додаток на плата и доколку работникот го зема тој додаток, работникот нема да биде опфатен со оваа Уредба на Владата.

Кои работници земаат работен додаток во МВР и кои работници согласно Уредбата не им следува право на додатокот кој го предлага Владат

Согласно член 168 од Колективниот договор на МВР: „Заради посебните услови за работа и опасноста по живот се утврдува додаток на плата за сите работници наведени подоле и тоа:

Воздухопловен персонал,

Специјална антитерористичка единица – Тигар;

Единица за брзо распоредување;

Посебна единица за поддршка;

Единица за интервентна полиција,

Одделение за лично обезбедување на Претседателот на Република Македонија; Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата, Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на Република Македонија и вонредно обезбедување, за работно место за лично обезбедување на Замениците на Претседателот на Владата на Република Македонија, Министерот за внатрешни работи, Директорот на Бирото за јавна безбедност, Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Министерот за надворешни работи, Министерот за одбрана,

Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи,

Работници каде што работата се врши со непрекинат престој во одредени издвоени објекти на Министерството подолго од 24 часа,

Единица за прикриени полициски службеници во Сектор за прикриени операции во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Работниците од Одделот за информатика и телекомуникации.

Ова значи дека наведената категорија на вработени наведени погоре СОГЛАСНО наведената Уредба на Владата НЕМА ДА СМЕАТ И МОЖАТ да го остварат правото на додаток на плата што го предлага Владата

Инаку, правото на додаток на плата до 30% од редовната плата можат да го остварат вработените заради специфичност на работите и работните задачи и зголемен обем на работа, како и постигнување на исклучителни резултати во служењето на јавниот интерес и ефикасното извршување на своите надлежности….

Во вчерашното соопштение пред јавноста „Владата високо ги цени работничките права и се води од тоа дека треба да има принцип на награди, доколку работникот извршил зголемен број на работни задачи по обем и квалитет. Исто како што има и принцип на казни доколку не се извршени работните задачи".

Како Синдикат сметаме дека потегот на Владата би бил за поздравување само доколку било утврдено со Закон, преку однапред утврдени криутериуми во колекивниот договор за СИТЕ да добијат некакво покачување на платите, а не додаток кој би го добиле „одредени" вработени за чија селекција ќе одлучува еден човек- раководител. Селективноста е од аспект што со Уредбата му се дава преголемо овластување на раководно лице кој самиот ќе одлучува и со самото тоа се јавува сомнеж за некаков приоритет на одредена категорија вработени.

Според Синдикат на Полиција во Македонија оваа Уредба на Владата е неуставна па поради тоа во наредниот период ќе ја оспориме пред Уставниот суд.

Министре Спасовски, на ваков начин ТИ и Владата создавате СЕ само НЕ ЗАДОВОЛНА и МОТИВИРАНА полиција

Синдикат на полиција на Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Официјални лица од Украина, САД и Русија би можеле да се сретнат за време на самитот на Г20 во Мајами во декември.

Зеленски: Можна е средба со Русите во Мајами

Сепак, Вашингтон и Москва не ја потврдија средбата, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека се можни и други места.

„Средбата би можела да се одржи во САД за време на самитот на Г20. Сепак, засега нема потврда ниту од Русија ниту од САД. Може да се одржи и во некоја европска земја“, рече Зеленски во разговор со новинарите преку апликацијата „WhatsApp“.

Тој додаде дека средбата би можела да се одржи и во една од земјите од Блискиот Исток, објави Ројтерс.

„САД постојано ги споменуваат Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија“, рече Зеленски, додавајќи дека украинските преговарачи разговарале со американски претставници во петокот, но не даде детали.

Тој рече дека на Европа ѝ е потребен свој колосек за разговори со Русија, со која односите се затегнати поради војната во Украина. Групата од 20 водечки економии, во која се вклучени САД и Русија, но не и Украина, треба да одржи самит во Мајами во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

На ден 16.10.2026 во времето од 15:00 до 16:30 часот, врз основа на судска наредба, извршен е претрес во дом и други помошни простории во село Голема Речици кај А.А.(57) поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Претрес во Голема Речица, лишено од слобода едно лице, пронајдено оружје и дрога

При претресот, во една од собите во подрумската просторија под кревет пронајден е еден пиштол марка „екол дуал“ со една празна рамка, додека во помошна просторија во склоп на куќата во навлаката од перница пронајдени се 22 мали најлонски кесички со кокаин и една поголема најлонска кеса со кокаин.

За време на претресот лицето упатило закани кон полициските службеници и е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка, По документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер