Управа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“
2Управа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“
3Ансамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното 20 -тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“
ЗдравјеСпиењето по долна облека го загрозува вашето здравје (фото)Еве кои ризици ги спомнуваат лекарите ширум светот и како тие влијаат на вашиот интимен живот Во зимскиот период, освен што спиеме по долна облека, спиеме и по пижами, а во лето најчесто спиеме во долна облека. Експертите велат дека тоа може да биде многу штетно. Освен што предизвикува развој на бактерии, може да доведе и до стерилитет. Спијте голи Лекарите ги советуваат своите пациенти да создадат навика да спијат голи. Освен придобивките поврзани со вашиот интимен живот, ваквиот начин на спиење, без никакви „пречки“, може поволно да влијае и на вашата психа. Ќе се будите поодморени и ќе имате многу повеќе енергија. Д-р Мери Џејн Минкин, клиничка професорка по акушерство, гинекологија и репродуктивни науки на Јеил, и д-р Лорен Штрајхер, вонреден професор по акушерство и гинекологија на Универзитетот Нортвестерн и автор на „Sex Rx“, на оваа тема зборуваа за „BuzzFeed”. - Габичните инфекции се предизвикани од прекумерниот раст на природно настанатите кандида габички, а воспаленијата најчесто се предизвикани од нарушена рамнотежа на вагиналните бактерии. И во двата случаи, проблемот настанува одвнатре, а не поради надворешни фактори, како што е спиењето во долна облека - објаснува Штрајхер. Носете шорцеви Доколку не сте навикнати да спиете голи, наместо долна облека носете шорцеви бидејќи се поудобни. Долната облека, особено тесната, може да биде причина за разни болести и инфекции кај двата пола. Се јавува зголемено потење, а секоја влажна средина е идеално место за размножување на бактериите. Носењето на непамучна долна облека, создава топла и влажна средина, која е идеална за габични инфекции – вели д-р Евелин Левин. Плодност Покрај развојот на микроорганизми, ткаенината може да предизвика осип и црвенило. Жените особено мораат да се грижат за вагиналната микрофлора, бидејќи оштетувањето на нејзината бариера, може да доведе дури и до стерилитет, а тоа важи и за мажите. Според урологот Брајан Стекснер, прегрејувањето на гениталиите кај мажите ја загрозува семената течност и ја намалува можноста за оплодување. Според истражувањето, само 18 отсто од населението спие без долна облека. Лекарите додаваат дека спиењето без долна облека не само што го намалува ризикот од инфекции и стерилитет, туку поволно влијае и на вашиот интимен живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДва силни земјотреси регистрирани во Мексико Два земјотреса, со јачина од 5,0 и 4,0 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 80 километри, на југот од земјата, недалеку од брегот на Пацификот. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Според сведоштвата објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот се почувствувал силно, а во некои куќи се треселе масите.Тагови: земјотреси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаУправа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица,за сторено кривично дело „Даночно затајување“ .Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија. Првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со второпријавениот Г.З. во својство на сопственик и овластен потписник на банкарската сметка и третопријавениот И.Ѓ. во својство на претходен сопственик на правното лице, во текот на април 2024 година договориле и извршиле продажба на линија за производство на кабли во вкупен износ од 14.514.000 денари, која не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правното лице. Дел од средствата од продажбата, во износ од 2.701.189 денари, ги присвоиле за себе преку префрлање на сопствени банкарски сметки и сметки на блиски лица, без притоа да ги евидентираат во сметководствената евиденција на правното лице, а дел од продажбата го реализирале преку компензација со патничко моторно возило во износ од 1.537.500 денари и кабли во вредност од 1.516.500 денари, кои исто така не биле евидентирани и не биле пронајдени кај правното лице. Исто така, првопријавениот Д.П., во име и за сметка на правното лице, не ги отпишал и не ги оданочил неплатените обврски спрема домашни и странски добавувачи од 2022 година во вкупен износ од 17.380.716 денари. Со наведените дејствија пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле данок на додадена вредност во износ од 272.970 денари, данок на добивка во износ од 3.764.991 денари и данок на личен доход во износ од 639.401 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија за вкупен износ од 4.677.362 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураАнсамблот „10-те Бузуки на Домна“ од Грција го отвораат јубилејното 20 -тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“Годинешното јубилејно 20-тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција.Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група. „10-те Бузуки на Домна“ (грчки: Ta 10 Bouzoukia tis Domnas) е познат грчки музички ансамбл специјализиран за изведба на традиционална и современа грчка музика со доминантна улога на бузуки инструментот. Ансамблот е основан од Јанис Карасавас член и основач на ансамблот кој го сочинуваат врвни музичари и виртуози на бузуки, кои преку своите концерти ја претставуваат богатата музичка традиција на Грција. Нивниот репертоар опфаќа rеbetiko, лаико, народни песни од различни региони на Грција, како и современи композиции инспирирани од традиционалните музички форми. Со настапи на бројни фестивали и културни манифестации во Грција и странство, ансамблот се истакнува по својата енергична интерпретација, виртуозна изведба и автентичен грчки музички израз. Нивните концерти претставуваат музичко патување низ историјата и културата на Грција, пренесувајќи ја атмосферата на грчките острови, градови и традиционални свечености. Една од целите на овој настан е интензивирање на пограничната културна соработка како алатка за развој на културниот туризам преку промовирање на културното наследство и традиција како сцена и атрактивен туристички мотив, заложба која Локум фест ја промовира со години. Концертот е резултат на соработката со Амбасадата на Република Грција во Скопје и Генералниот конзулат во Битола. Локум фест е проект од национален интерес поддржан од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2026 г. Оваа година ќе се одржи од 16. до 18.јули. Втората и третата вечер се резервирани за концерти во автентичната атмосфера на Старата битолска чаршија, каде што пред 20 години почна „Локум фест“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55