Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
2Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
ЖивотСпиењето дење корисно за мозокотПопладневната дремка може да биде корисна за здравјето на мозокот. Ново истражување објавено во списанието „Слип хелт“ (Sleep Health) открива причинско-последични врски меѓу вообичаената дремка и поголемиот вкупен волумен на мозокот. Податоците се земени од Биобанката на Обединетото Кралство - обемна база на податоци на над 500.000 возрасни лица на возраст од 40-69 години. Користејќи го методот наречен „Менделова рандомизација“, истражувачите ја анализирале поврзаноста меѓу дневните навики за спиење на испитаниците и нивните мозочни особености, како што се волуменот на хипокампусот, времето на реакција, визуелното помнење и вкупната зафатнина на мозокот. Се открива дека оние кои практикуваат спиење дење, имаат поголем волумен на мозокот. „Волумен на мозокот“ звучи малку апстрактно, но тоа е од клучно значење за целокупното здравје на нашиот највитален орган, велат наводите. Според други испитувања, поголем вкупен волумен на мозокот значи намалена опасност од смртност. Како што човекот старее, зафатнината на мозокот има склоност кон намалување, а целта е да се забави тој процес. Одамна е познато дека добриот сон може да помогне во заштита на мозокот, па и ова ново истражување потврдува дека и краткото преспивање преку ден може да помогне во тоа. Претходните истражувања покажаа дека дремката исто така е полезна и во зајакнувањето на когнитивната функција и за поголема енергичност во текот на денот, што ја прави уште покорисна секојдневна навика. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МетеоВидео: Наредена итна евакуација на населението, откажани летови Тајфун се движи кон Јапонија. Се евакуираат 260 илјади луѓе.На стотици илјади луѓе во југозападен Јапонија им беше наредено да се евакуираат, а денес беа откажани повеќе од 500 летови додека тајфунот „Долфин“, кој се движи бавно, се приближува кон регионот, носејќи силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови. Тајфунот од прва категорија носи ветрови со максимална брзина од 144 километри на час, со удари што достигнуваат и до 198 километри на час, и се приближува кон низата острови меѓу регионот Кјушу и префектурата Окинава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA), пренесува Ројтерс. Властите издадоа наредби за евакуација на речиси 260.000 жители во префектурите Кагошима и Окинава, додека „Тојота“ денеска го прекина производството во девет фабрики. Надлежните очекуваат тајфунот Делфин да ја задржи својата јачина додека се приближува кон Окинава, носејќи ризик од ветрови што би можеле да оштетат или урнат одредени објекти. Getting raked by back end of typhoon Dolphin now in N Okinawa pic.twitter.com/qD4gXNeXZL — James Reynolds (@EarthUncutTV) August 7, 2026 Јапонската метеоролошка агенција (JMA) предупреди дека може да се формира и линеарен појас на дожд – односно тесен појас на интензивни врнежи и грмотевици – што би можело да предизвика поплави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаАктивен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварскоДо 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДвајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во ТајландВо пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04