Спиела со 300 луѓе за една година, сега планира двојно да го зголеми „рекордот“ (ФОТО)

Ени Најт (27) минатата година се најде во центарот на вниманието на јавноста поради нејзината изјава дека спиела со дури 300 мажи и жени во текот на 2023 година.

Таа откри дека во еден ден имала дури пет различни сексуални партнери, но и дека ја имала поддршката од нејзината мајка, пишува Мирор.

- Партнери наоѓам преку апликации. Многу луѓе ме навредуваат поради мојот начин на живот, ми кажуваат дека сум венерична болест која шета, дека сум грда... Но, се чувствувам добро, подготвена сум да пробам сè - рече Ени, која верува дека општеството има двојни стандарди кога станува збор за сексуалниот живот на жените и мажите.

– Луѓето прифаќаат дека мажите се сексуални суштества, а на жените гледаат како да не се сексуални суштества, тоа не е точно – вели Ени.

Таа често патува, објавува фотографии на Инстаграм, а пред пет недели го посетила и Дубровник.

И покрај бројните критики, Ени планира да го продолжи животот. Во сè ја има поддршката од својата мајка Карин.

- Знае што прави. Можеби се обидува да покаже дека жените можат да имаат контрола над својот живот - вели мајката Карин, а пренесува Мирор.

Ени исто така откри дека се надева дека ќе ја надмине бројката од 2023 година во 2025 година и ќе спие со 600 луѓе.

- Која е разликата помеѓу маж кој спие со пет луѓе дневно и жена што спие со пет луѓе дневно?“, вели таа.

Ени Најт има профил на социјалната платформа за возрасни OnlyFans, а кога нејзиниот поранешен работодавец дознал за тоа, веднаш добила отказ. Таа добила е-пошта со писмо за оставка и слики од екранот од нејзината сметка на OnlyFans.

Хоџај: Курти и Вучиќ го користат северот на Косово за да ја задржат власта

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

Потпретседателот на Собранието на Косово и Член на Претседателството на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Енвер Хоџај, во врска со ситуацијата на северот на државата и прашањето за Заедницата на општини со српско мнозинство, вели дека премиерот Албин Курти во овие три години владеење делувал „целосно спротивно на меѓународните трендови и геополитичките промени“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

- Со војната во Украина, со војната во Газа, со евентуална војна во Тајван, меѓународниот поредок се распаѓа и господинот Курти дејствуваше целосно во спротивна насока од меѓународните трендови, од геополитичките промени, а пред се решил во име на една политика да го користи северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт, се цитира Хоџај од приштинскиот портал „Телеграфи“.

Според поранешниот шеф на косовската дипломатија. денес ситуацијата на северот на земјата им помага на Курти во Приштина и на српскиот претседател Александер Вучиќ во Белград да останат на власт.

Хоџај нагласи дека кога неговата партија била на власт, никогаш не ја искористила ситуацијата на северот на земјата за политички популизам.

- Ние (ПДК) дејствувавме во однос на северот на Косово, демонтирајќи паралелни структури, борејќи се против криминалот и организираниот криминал на северот на земјата, правејќи сé за да ја заокружиме државноста на Косово на северот на земјата, интегрирајќи ја српската заедница. Никогаш не сме ја искористиле ситуацијата на северот на Косово за политички популизам. Ова што се случува на северот на земјата не е во прилог на националниот интерес на косовската држава, рече Хоџај./МИА

Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопштија од рускиот клуб.

Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.

Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано. /МИА

Во Пакистан експлодира бомба крај пат, при што загинаа пет војници, а двајца се повредени

Најмалку пет војници загинаа, а двајца други се повредени денеска при експлозија на бомба покрај пат во близина на безбедносен конвој во северозападен Пакистан, соопштија официјални претставници.

Нападот се случил во областа Курам, поранешно упориште на милитантите во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Во соопштението на армијата се наведува дека во тек е потрага по сторителите на нападот со цел да се елиминираат терористите присутни во тоа подрачје и дека „сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата“./МИА

притисни ентер