Цветаноски: 5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!
2Цветаноски: 5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗабаваСпектакл: Бугарска матурантка пристигна на забавата качена на – багер (ВИДЕО)За да биде спектаклот комплетен, таа е придружена од трубачи, но и од воодушевени минувачи!На X платформата, поточно профилот „на една българка“, беше објавено видео кое го привлече вниманието на корисниците, придружено со следната порака: „Матурските прослави во Бугарија се како Мет Гала, каде што учениците се облекуваат во гламурозни фустани, модерна облека и пристигнуваат со стил за да ја прослават една од најочекуваните ноќи во нивниот живот“. Целосен спектакл Ако описот е автентичен, гледаме матурантка во син фустан како пристигнува на забавата, а како превозно средство избрала - багер, објави Телеграф. За да биде спектаклот комплетен, таа е придружена од трубачи, но и од воодушевени минувачи! Proms in Bulgaria are like the Met Gala, with students dressing in glamorous, high-fashion outfits and arriving in style to celebrate one of the most anticipated nights of their lives. pic.twitter.com/wrLW5itCUq — една българка (@transbulgaria) May 28, 2025 Не е невообичаено младите да нè изненадуваат по повод прославите на матурирањето, но ваквото пристигнување дефинитивно ги поместува границите.Тагови: багер забавата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаСДСМ: Ѓорѓиевски и Дејвид Гета - самото тоа веќе звучи смешно!Градоначалникот-дрон. Човекот-билборд. Сега и стручњак за електронска музика.Орце Ѓорѓиевски излезе по концертот платен од Државна лотарија, од буџет, од пари на граѓаните, и објави дека Скопје „никогаш не било поубаво“. Центар на светот. Центар на забавата. Град што пулсира. Па му се заблагодари на шефот на ВМРО-ОКГ, арамијата Мицкоски, за „прекрасната организација“. Секако. Кога ќе пуштиш 5,5 милиони народни евра во бина и диџеј, дури и стиропор-кичот за момент изгледа како Париз. Тоа не е сјај на градот. Тоа е сјај на провизијата. Ѓорѓиевски не управува со Скопје. Го рекламира. Каде што треба да се испита водата - тој пушта дрон. Таму каде што треба да се исчисти улицата - поставува билборд со коњ со пет нозе. Наместо да го реши ѓубрето во Скопје, наместо да најде кој го загади Лепенец и Вардар, наместо да го среди градскиот сообраќај (не со тендер за автобуси на Груевски-Орбан) - тој пушта плејлиста. Сега, откако Гета си замина, градоначалникот ни објаснува и што е светска музика. Како да му дале микрофон на човек чија единствена експертиза е да стои пред камера и да му се поклонува на кабинетот. Скопје не стана центар на светот. Стана центар на срамот: загадена вода, распаднат јавен превоз, дупки како стратегија, а градоначалникот објавува рецензија за диџеј како да пишува за „Ролинг Стоун“. Независноста ја прославија со народни пари од Лотарија. Градот го прославија со лајк. Граѓаните ќе го платат остатокот кога ќе се изгасат рефлекторите. ВМРО-ОКГ има поделба на трудот. Мицкоски ја краде државата и пишува бајки на табла. Ѓорѓиевски ја снима бајката од воздух и ја потпишува со срце. Едниот е шеф на бандата. Другиот е нејзин мегафон со мандат. Не ни треба музички критичар во градоначалничка фотелја. На Скопје му треба градоначалник кој ќе ги решава проблемите на граѓаните. Скопје не е поубаво затоа што неколку вечери имаше бучава. Скопје е истото Скопје: загадено, ограбено и управувано од човек кој повеќе верува во дрон отколку во институција. Кога Ѓорѓиевски вели: „Ова е твојот сјај“, преведено: ова е нивниот сјаен тендер и провизија. Само тоа им сјае ним. Вашата вода, вашите дупки и вашата сметка остануваат. Гета си замина. Дронот остана. Бандата исто. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветаноски: 5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!Пет милиони евра народни пари за криминални договори на Мицкоски и ВМРО ОКГ преку Лотарија– а нула денари за лозарите. Лозарите се пред пропаст, а Владата не прави ништо за да им помогне. Грозјето скапува по лозјата. Вранецот не се откупува. Откупната цена на белото грозје е мизерни 14 денари, во услови на енормно зголемени трошоци. Лозарите се во безизлезна состојба, оставени сами, без никаква поддршка. Цела година работат, вложуваат, плаќаат работници, гориво, препарати и ѓубрива, а денес се принудени да ги копачат лозјата, да им скапува родот. До оваа ситуација ги доведе криминалната власта на арамијата Мицкоски – да гледаат како нивниот труд пропаѓа. Каде е сега производната или, како што ја претстави министерот за земјоделство, откупната цена на грозјето? 14 денари се далеку од 20 денари, како што министерот објави во јули годинава. Недозволиво е власта да се претставува како посредник, таа е директен актер на пазарот и со закон учествува во формирањето на откупната цена. За две години ВМРО направи пустош во секоја гранка на земјоделството. Не им е грижа за земјоделците. Не им е важен човекот кој произведува храна. Не им е важен лозарот кој со својот труд ја одржува Тиквешијата и целиот лозарски крај и е заслужен за квалитетното македонско вино. Важни им се криминалните партиски тендери и договори – за тоа секогаш имаат ставка како да најдат пари. Тоа е арамискиот концепт на Мицкоски и неговата криминална организација. СДСМ бара Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да донесе интервентни мерки. Да ги заштити лозарите. Вранецот 28 денари, Смедеревката 25 денари – земјоделците мора да добијат достоинствена цена! Секој ископачен лозов насад е уништена една семејна инвестиција, еден животен труд и една иднина. Итно зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено. Тоа се мерки кои ќе им помогнат на лозарите да ја пребродат кризата. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски ќе го намали ДДВ-то на горивата - откако цените веќе го удрија плафонотШефот на ВМРО-ОКГ денеска открива дека државата има мерка. ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти. Очекува поевтин дизел. Глуми заштитник на стандардот. Каде беше со месеци? СДСМ уште на почетокот на кризата бараше конкретни мерки: ДДВ на горивата да падне на 5 проценти, акцизата да се укине веднаш, ДДВ на основната храна да се симне на нула. Не за камера. За да остане леб на масата. Владата на бандата не мрдна. Ги пушти цените да побеснат. Го гледаа народот како полни резервоар на рати и купува половина корпа. Сега, кога штетата е направена, излегуваат со половична мерка и бараат аплауз. Ова не е грижа. Ова е доцна шминка. Прво те дере. Потоа ти враќа ситно и се претставува како спасител. Мицкоски признава и сам: цената „во суштина не е ниска“. Само била поевтина од соседството. Тоа е целата филозофија на ВМРО-ОКГ. Не да живееш достоинствено. Да те тешат дека некој друг плаќа уште повеќе. Како да му кажеш на човек без леб дека во друга држава лебот е поскап. Горивото не е луксуз. Горивото е превоз до работа, леб до продавница, стока до пазар, плата што се топи пред да стигне дома. Кога дизелот лета, лета сè. Тие тоа го знаеа. Чекаа. Пазарот го оставија на бандата и на берзата, а граѓанинот на касата. Сега велат ќе има импликации врз буџетот, ама ќе се борат. Секако дека ќе има. Буџетот го истрошија на спектакли, криминални тендери и Лотарија, па се прават сиромашни кога треба да се симне данокот што го јаде народот секој ден. СДСМ не бара од арамијата да глуми социјала. Бараше да ја примени мерката кога требаше - на почеток. Не откако цените го скршија стандардот. Намалување од 18 на 10, по месеци тивко гледање, не е политика. Тоа е признание дека доцнат. И дека доцнат намерно. Нема поевтин живот со доцна одлука. Има поевтина лага. Прво ве оставија без леб. Сега ви продаваат денар на литар како државничка храброст. ВМРО-ОКГ не ја води кризата. Ја молзе. А шефот на бандата излегува пред камери дури кога сметката веќе е платена - од граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00