Спејс Икс однесе четворица астронаути на Меѓунардната вселенска станица- ќе останат таму 6 месеци (ВИДЕО) - Канал 5

Спејс Икс однесе четворица астронаути на Меѓунардната вселенска станица- ќе останат таму 6 месеци (ВИДЕО)

Капсулата на „Спејс Екс“ успешно транспортира четири астронаути до Меѓународната вселенска станица (МВС) само 15 часа по лансирањето од вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида.

Спејс Икс однесе четворица астронаути на Меѓунардната вселенска станица- ќе останат таму 6 месеци (ВИДЕО)

Екипажот - двајца Американци, еден Јапонец и еден Русин - ќе ги поминат следните шест месеци во орбиталната лабораторија, заменувајќи ја претходната смена таму од март, објави АП.

Во новиот екипаж се вклучени Зена Кардман и Мајк Финке од НАСА, Кимија Јуи од Јапонија и Олег Платонов од Русија.

Сите првично беа распоредени на други мисии, но беа прераспределени поради доцнењето на вселенскиот брод „Старлајнер“ на „Боинг“, кој е заземјен најмалку до 2026 година поради технички проблеми.

YouTube video

Кардман претходно беше повлечен од летот за да се направи место за тест пилотите на „Старлајнер“ Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, чиј престој на МВС неочекувано беше продолжен на повеќе од девет месеци.

Платонов беше исфрлен од програмата „Сојуз“ пред неколку години од здравствени причини, но сега тој се приклучува на екипажот на МВС за прв пат.

Со нивното пристигнување вкупниот број на членови на астронаути на станицата се искачи на 11.

Иако летот на SpaceX беше исклучително брз според американските стандарди, руските вселенски летала сè уште го држат рекордот за најбрзо време за достигнување до ISS - само три часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</

„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“

Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија.

„Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“.

Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз.

Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски.

„Одраз“

Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот

Кафе „Тигре“, Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.

Рама: „Европската Унија ја лаже Украина“

Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година.

Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел.

„Украина е земја која е измамена“, рече Рама.

Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова.

Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

Поминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.

31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврска

На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот.

На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов.

Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер