Специјално признание за КУД „Илинден“-Битола на фестивалот „Илинденски денови“ - Канал 5

Специјално признание за КУД „Илинден“-Битола на фестивалот „Илинденски денови“

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржа под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерство за култура и Општина Битола. 

Специјално признание за КУД „Илинден“-Битола на фестивалот „Илинденски денови“

НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на Републичкиот фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ додели специјално признание на КУД „Илинден“-Битола за фестивалска изведба на музичко-сценскиот перформанс „120 години Илинденско востание“.

На синоќешното свечено затворање, публиката со аплауз ги поздрави одлуките на жири комисијата која за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра ги прогласи КУД „Весели пензионери“ од Пробиштип, за најуспешна група која на фестивалот во Битола презентираше староградска музика ја прогласи ВИА „Распеани струмичани“, а за најуспешен инструментален состав награда доби оркестарот на КУД „8-ми Октомври“ од Крива Паланка.

На 53. издание на фестивалот „Илинденски денови“, жири комисијата ги награди Теодор Груевски, инструменталист на гајда од АФ „Гоце Делчев“-Битола, додека за ансамбл со најдобра, најкомплетна, изворна носија беше прогласен КУД „Русалии“ од Секирник.

Со одлука на НУ Центар за култура-Битола, посебна благодарница беше доделена на Енрих Мердиќ од Хрватска, воедно претседател на јужноевропскиот сектор на ЦИОФФ, кој за време на фестивалот во Битола одржа стручно предавање за учесниците на Семинарот за традиционална музика и игра.

-Како битолчани и Македонци, ги продолжуваме традициите на нашите претци, пренесувајќи им порака на младите генерации за нивната обврска да продолжат, и да го почитуваат делото на носителите на двата Илиндена, рече меѓудругото градоначалникот Тони Коњановски.

Директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски посочи дека фестивалот „Илинденски денови“ служи како доказ за богатството и издржливоста на нашето културно наследство, потсетувајќи дека и покрај одминувањето на времето, нашите традиции продолжуваат да не инспирираат, едуцираат и маѓепсуваат со својата уникатност.

Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ се одржа под покровителство на Собранието на Република Македонија и со поддршка на Министерство за култура и Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев

Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.

Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова.

Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ.

Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари.

Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио.

Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место.

Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција.

Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место.

Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо.

Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика.

Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. 

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“.

Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка.

Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер