Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
1Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
2Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
1Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ЗабаваСпецијалниот автомобил на Роналдо чини 10 милиони евра,во гаражата има и други болиди (ФоТО)Кристијано Роналдо вчера го постигна својот 100-ти гол за Јувентус, но ова лето може да го смени клубот. Јувентус би можел да остане без Лигата на шампионите, а тоа не ги задоволува амбициите на Роналдо.Покрај тоа, Јувентус не би можел да си ја дозволи неговата плата од 30 милиони евра. Во понеделникот, Роналдо ја посети фабриката во Ферари со шефовите на Јувентус, Андре Ањели и Џон Елкан. Тој си купи автомобил вреден 1,6 милиони евра. Челниците на Јувентус се обидоа да ја расположат својата најголема sвезда. Познато е дека Роналдо е голем љубител на скапи автомобили. Today we opened the doors of Maranello to a special guest. It was truly a unique experience for @Cristiano. #Ferrari @Charles_Leclerc @Carlossainz55 pic.twitter.com/6OYCePGeMP — Ferrari (@Ferrari) May 10, 2021 Роналдо веќе има два комплети Бугати (Хирон и Вејрон) во гаражата, Мекларен Сену, Ламборџини Авентадор, Шевролет Камаро, Range Rover Sport, Мерцедес АМГ ГЛЕ, Ролс Ројс Кулинан, Бентли Континентал ГТ, Ферари Ф12 ТДФ и Мерцедес Класа Г Брабус. Неговите автомобили вредат вкупно околу 18 милиони евра. Португалецот го купил и Bugatti Centodieci за околу 10 милиони евра. Ги има само десет во светот, а еден од сопствениците е Роналдо. Cristiano Ronaldo’s amazing £17m car collection after splashing out on limited edition £1.4m Ferrari https://t.co/ya6hxNxut0 — The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) May 11, 2021 Centodieci е специјален модел претставен во 2019 година, 20 кг полесен од Chiron кој служел како основа и има 1600 КС, што е за 100 КС повеќе од веќе ексклузивниот Chiron. Го придвижува 8.0-литарски бензинец W16, напојуван од четири турбо полначи, што му овозможува на овој егзотик забрзување до 100 км / ч од место за само 2,4 секунди и максимална брзина на електронски ограничените 380 км на час. Кликнете тука за да ја видите галеријата за автомобили на Роналдо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗабаваБизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради! Кризата во англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед се продлабочува, а незадоволството на навивачите достигна точка во која тие прибегнуваат кон многу необични методи за вршење притисок врз управата.Меѓу најгласните е познатата навивачка на клубот, Скајлар Скај, која најави радикален протест – таа секојдневно ќе објавува фотографии од голи гради сè додека Мајкл Керик не си замине од тренерската клупа. Оваа необична кампања брзо привлече внимание на социјалните мрежи, па неутралните љубители на фудбалот веќе се шегуваат дека Керик би требало да остане на „Олд Трафорд“ што е можно подолго. Сепак, за навивачите на овој англиски великан, ситуацијата е далеку од забавна, бидејќи „Јунајтед“ се наоѓа во сериозна резултатска криза. Последната победа на „Црвените ѓаволи“ беше забележана на 10 септември, кога во Лигата на шампионите го совладаа азербејџанскиот тим „Сабах“ со 4:0. Потоа следеше црна серија без триумф – пораз во градското дерби против „Манчестер Сити“ (1:0), нерешени резултати против „Тотенхем“ и „Фулам“ (двата натпревари завршија 1:1), како и неуспех во Мадрид против „Атлетико“ (2:0). Лошата форма продолжи со уште едно реми во првенството против „Лидс“ (1:1), дебакл во Лигата на шампионите против „Комо“ (4:1) и тежок пораз од „Борнмут“ (0:3). Сепак, Керик досега ја има добиено довербата на раководството пред натпреварите против Челси и Рома, но не би било изненадување доколку тој стане поранешен тренер во случај на неуспех. Во таков случај, англиските медиуми го спомнуваат Јулијан Нагелсман како потенцијален кандидат.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаМанасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на ВучиќЗаев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ.Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Човекот кој беше сменет од функција директор на Електростопанство на Србија, поради луксуз и хедонизам. Ете, вакви луѓе од српскиот свет носеше Заев во Македонија. Од друга страна, го имаме Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ, кој Заев го вдоми во Владата. Сегашен ПР-шеф на СДС кој заедно со Милјан Шчекиќ им ги спремаат соопштенијата и прес-конференциите на Венко и другарите. Башановиќ е човек за кој се вели дека ги споил Заев и Ципрас за промена на името Македонија. Исто така, во јавноста се говори дека бил одговорен за зделки во делот на енергетиката, во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Истата таа фирма „Зобек мининг груп“ која му купи на Филипче автомобил од марката „АУДИ“. Ете затоа им е криво и на Филипче и на СДС, затоа што не се власт за да можат да си местат тендери со луѓето на Вучиќ. Филипче и Заев се на истата линија со Александар Вучиќ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаРеформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултатиРеформата во одбраната веќе ги дава првите позитивни резултати, носејќи сигурност и трајно решение за нашите професионални војници. Денеска во Министерството за одбрана беа потпишани договори за вработување со професионални војници кои навршуваат 45 години возраст, како цивилни лица во Министерството чиј статус ќе се трансформира во цивилни лица во македонската Армија. Денешното потпишување договори е токму резултат на реформата која професионалните војници претходно не беа во можност да ја користат. Војниците кои денеска ги потпишаа договорите за вработување на неопределено време, претходно планираа да заминат со финансиски надомест (испратнина). Наместо да ја напуштат службата, тие по 45-тата година ќе продолжат да работат како цивилни лица сè до нивното пензионирање. Оваа суштинска реформа која е резултат на заедничката работа со претставниците на синдикалните здруженија и со Генералштабот, по повеќе децении става крај на неизвесноста и на професионалните војници им отвора нова, дополнителна можност — трансформација на работниот статус од определено на неопределено време. Притоа, досегашните законски опции, како испратнината во висина од две просечни плати во државата за секоја помината година во Армијата, како и префрлањето во органите на државната и локалната власт, и понатаму остануваат во сила за оние кои тоа ќе го изберат. Ставот на Министерството за одбрана и Генералштабот е едногласен: не постои подобар, поискусен и пообучен персонал за извршување на задачите од луѓето кои го поминале својот работен век во Армијата. Професионалните војници се еден од столбовите на нашата безбедност и ова е вистинскиот начин државата да им се оддолжи за нивниот придонес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook