Специјалната Олимпијада потпиша Меморандум за соработка со кошаркарската федерација - Канал 5

Специјалната Олимпијада потпиша Меморандум за соработка со кошаркарската федерација

Специјалната Олимпијада потпиша Меморандум за соработка со кошаркарската федерација

Како кулминација на „Европската кошаркарска недела“, Моника Бошкоска, претседател на Специјална олимпијада Македонија, и Перо Антиќ, претседател на Кошаркарска федерација на Македонија, потпишаа Меморандум за Соработка во сферата на промоција на инклузијата преку кошаркарскиот терен.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка, Специјална олимпијада Македонија и КФМ заеднички ќе работат на зголемено вклучување на лицата со атипичен развој во спортот и спортските натпревари, промовирање на здрав начин на живот, подигнување на јавната свест за лицата со атипичен развој, како и на едукација на теми поврзани со овие целни групи.

- Посветеноста на промовирањето на инклузивноста преку спортот, на терен, но и пошироко е една од нашите секојдневни задачи како огранок на Интернационалната Специјална Олимпијада. Преку активностите кои ги реализираме со атлетите и со кои демонстрираме дека со подадена рака и вклучување во секоја сфера од општеството, лицата со атипичен развој добиваат можност да бидат еднакви како останатите, континуирано ја шириме нашата мисија. Ова го препознаа нашите пријатели од КФСМ, за што сме исклучително благодарни. Верувам дека во духот на спортот и спортските вредности, заедно ќе се бориме за поинклузивно општество, изјави Бошкоска.

Европската Кошаркарска Недела“, организирана од Специјална олимпијада Македонија заедно со КошаркарскафФедерација на Македонија, а со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, минатиот викенд обедини околу 100 атлети, тренери, партнери, поддржувачи и кошаркари, на еден кошаркарски терен, во СЦ “Кале“. Како дел од активностите, лицата со интелектуална попреченост, заедно со нивните партнери во Јунифајд (Unified) тимови, се натпреваруваа во 3Х3 basketball.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“.

Јанчев: Современа технологија за откривање дефекти во водоводната мрежа

Ј.П. Комуналец Кавадарци во соработка со Општина Кавадарци, започна со реализација на проект за откривање дефекти и истекувања во водоводната мрежа, со примена на современа технологија за поефикасно управување со водните ресурси.

Во рамки на овие активности, директорот на ЈП Комуналец потпиша Меморандум за соработка со компанијата Ecotip, со цел примена на современи технолошки решенија за откривање дефекти и намалување на загубите на вода во водоводната мрежа. Проектот предвидува поставување на 20 акустични сензори на карактеристични локации во градската водоводна мрежа. Преку 24-часовни мерења и обработка на податоците со специјализиран софтвер, ќе се овозможи попрецизно лоцирање на потенцијалните истекувања и дефекти.

Активностите започнуваат на улиците „Ѓорѓи Соколов“ и „Шишка“, а во наредниот период ќе продолжат и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“ и на други локации.

Со примената на оваа технологија ќе се овозможи откривање дефекти што тешко се забележуваат со вообичаените методи, без непотребно оштетување на постојната инфраструктура. Очекуваните придобивки се намалување на загубите на вода, побрзо санирање на дефектите и поефикасно одржување на водоводната мрежа.

Преку соработката со Општина Кавадарци и компанијата „Ецотип“, ЈП „Комуналец“ продолжува со воведување современи решенија за унапредување на комуналните услуги и поодговорно управување со водните ресурси, во интерес на сите граѓани, објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.

Од понеделник почнува примената на Безбеден град на подрачје на СВР Охрид

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)

Најмалку осум лица се повредени откако силни турбуленции го погодија авионот што леташе за Њујорк, принудувајќи го да направи итно слетување.

Авион нагло загуби височина поради турбуленции- патниците во паника, има повредени (ВИДЕО)

Авионот на „Авијанка“ полета од Меделин, Колумбија, во четврток во 22:40 часот по локално време кон аеродромот ЏФК, но беше принуден да го промени курсот и да слета во Мајами само три часа по почетокот на летот, објави Ен-Би-Си.

Авионот „Ербас А320“ се искачи на околу 35.000 стапки додека леташе над Јамајка и Куба, упатувајќи се кон север, пред нагло да се спушти околу 2,5 часа по почетокот на летот.

Видео од пилотската кабина објавено од американските медиуми по слетувањето на авионот ги покажа луѓето во состојба на шок.

YouTube video

Авионот се спушти 25.000 стапки (7.500 метри) за само неколку минути, според податоците на FlightRadar24, пред да слета во Мајами.

„Повеќе пациенти се повредени“, изјавија претставници на противпожарната и спасувачка служба во Мајами-Дејд откако авионот слета околу 3:30 часот наутро, а најмалку едно лице е во сериозна состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер