БалканСпецијалната апликација на грчката полиција „Panic Button“ инсталирана на над 2.000 жени жртви Специјалната апликација на грчката полиција „Panic Button“ инсталирана на над 2.000 жени жртви на семејно насилство Над 2.000 жени жртви на семејно насилство побарале да им биде инсталирана специјалната апликација на грчката полиција „Panic Button“, воведена минатата година, која, во случај да се во опасност можат да ја активираат и веднаш да биде известена полицијата, јави дописничката на МИА од Атина. Министерката за социјална кохезија и семејство на Грција Софиа Захараки говорејќи за грчката телевизија „Скај“ истакна дека има зголемување на случаите на семејно насилство во земјата, посочи дека 2.124 жени ја инсталирале апликацијата, а до 31 мај 349 жени ја искористиле, притискајќи го копчето за известување на полицијата дека се во опасност. На крајот на март минатата година апликацијата „Panic Button“ на грчката полиција за помош на жени жртви на семејно насилство беше воведена во Солун и Атина, а од неодамна е достапна во цела Грција. Станува збор специјална, тајна апликација за мобилните телефони што не дозволува трети лица кои можеби имаат пристап до уредот на жртвата да ја откријат апликацијата. Жените жртви на семејно насилство, откако ќе ја инсталираат апликацијата на нивните мобилни телефони, со притискање на едно копче, можат итно и безбедно да ја известат полицијата доколку се во опасност. Апликацијата мора претходно да биде инсталирана и активирана во полициска станица и ги содржи сите податоци на жртвата на семејно насилство. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветСеута бара помош од Шпанија за над 1.000 малолетници без придружбаШпанската енклава Сеута, која сè уште се опоравува од приливот од 72.000 мигранти кои пристигнаа на нејзините брегови за една недела, бара стотици малолетници без придружба да бидат преместени низ европскиот дел од земјата, соопштија локалните лидери.Иако огромното мнозинство мигранти се вратиле во Мароко, околу 1.100 малолетници без придружба кои пристигнале пред и за време на приливот и не можат брзо да бидат депортирани, остануваат во енклавата, според локалната самоуправа. Многумина спијат во привремено сместување во магацини или на улиците бидејќи прифатните центри се преполни. Политичка тензија околу обврската за грижа за малолетници Иако регионалните влади мора да им помогнат на преоптоварените територии во време на вонредна состојба, тензиите растат меѓу конзервативната Народна партија (ПП) и крајно десничарската партија Вокс, кои заеднички управуваат со четирите региони, околу тоа дали треба да се придржуваат кон законот. Шефот на Вокс рече дека „ниту едно евро“ од шпанските пари не треба да оди кај малолетни мигранти. Дури и ако регионите ги прифатат, експертите предупредуваат дека процесот на идентификација и преместување може да трае со месеци и ќе бара индивидуални интервјуа, извештаи и контакти со земјите на потекло. „Бараме помош и поддршка“, изјави шефот на локалната самоуправа во Сеута, Хуан Хесус Вивас, за шпанската телевизија RTVE. „Ова е апсолутно неодржлива ситуација“, додаде тој. Реформата на законот предвидува рок од 15 дена за трансфер Според реформата на законот за имиграција од 2025 година, откако мигрантите ги преплавија прифатните центри на Канарските Острови, малолетниците без придружба треба да бидат преместени од преоптоварените територии во рок од 15 дена од првичната обработка. Поради несогласување со оваа политика, Вокс ги напушти петте регионални коалициски влади што ги предводеше во 2024 година заедно со Народната партија, која го поддржа планот на социјалистичката влада за преместување на 400 малолетници од Канарските Острови на Иберискиот Полуостров. Влијание врз односите со земјите од Европската Унија Од почетокот на реформата, 719 малолетници се префрлени од Канарските Острови, според владини бројки од април 2026 година, а повеќе од 400 малолетници кои пристигнале во Сеута се преместени во други покраини. Проблемот би можел да ги оштети и односите на Шпанија со европските земји управувани од конзервативци, како што е Италија, која го суспендираше Шенгенскиот договор за слободно движење на луѓе со Шпанија еден месец по приливот на мигранти во Сеута. Извор: Индекс.хрТагови: Шпанија Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја задолжува државата секоја недела - додека граѓаните плаќаат сѐ поскапоВладата на Мицкоски воспостави нов рекорд: државата се задолжува речиси секоја седмица.• На 14 јули – 7 милиони евра од државните претпријатија. • На 29 јули – 25 милиони евра од Светска банка. • На 5 август – нови 41 милион евра преку обврзници. За само три недели - нов долг од над 70 милиони евра. За две години над 2,5 милијарди евра ново задолжување. Ова не е економска политика. Ова е политика на постојано задолжување за покривање на тековни трошоци и тендери. Во исто време: • Инфлацијата ги јаде платите и пензиите. • Цените на основните производи и горивата отидоа до плафон. • Минималната плата остана замрзната. • Потрошувачката кошница расте секој месец. А на сѐ ова се додава и уште еден тежок удар: Македонија изгуби над 60 милиони евра од ИПА фондовите за пругата кон Бугарија (Коридор 8) - затоа што Владата не избра изведувач. Тие пари сега ќе мора да се надоместат со нов кредит. Значи - повторно задолжување. Граѓаните плаќаат сѐ поскапо за храна, струја, гориво и вода. А Владата одговара со нови обврзници, нови кредити и изгубени европски пари. Долгот расте. Цените растат. Животниот стандард паѓа. Оваа Влада нема економска стратегија. Има само стратегија за преживување преку задолжување - на грбот на граѓаните и на идните генерации. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook