3Савески: Извештајот на ЕК е одраз на реалната состојба во правосудството, ќе биде мотив за поефикасно работење
Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
2Дај остави ја таа Југославија: Јанг Дади во ново издание заедно со Сеад Зеле Липовача, легендарниот гитарист од Дивље Јагоде
БалканСпецијална акција на грчката полиција во ромска населба во Атина, уапсени 12 лицаСпоред грчките медиуми, во акцијата биле вклучени околу 100 полицајци, додека пак од полицијата соопштија дека учествуваа припадници од повеќе единици, како и полициски кучиња и дрон. Оружје и златници биле пронајдени во специјалната полициска акција во ромска населба во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, со цел спречување на секаков облик на нелегално дејствување, а уапсени се 12 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, во акцијата биле вклучени околу 100 полицајци, додека пак од полицијата соопштија дека учествуваа припадници од повеќе единици, како и полициски кучиња и дрон. Уапсени биле вкупно 12 лица, кои се товарат за прекршување на законот за оружје, за кражба и кражби на електрична енергија, а при акцијата биле пронајдени и одземени два пиштоли, 747 златни лири и 15 патрони. - Целта на широката акција беше спречување и справување со каква било форма на незаконско дејствување што е регистрирано во конкретната населба, соопштија од грчката полиција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаКрави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба Повторно Крави се шетаат низ строгиот центар на Крива Паланка, покрај кејот на реката ,но и низ сообраќајниците.Граѓаните алармираат за својата безбедност.Според жителите станува збор за над илјада грла, но бројката не е официјално потврдена. Проблемот со неконтролираното движење на стада крави низ кривопаланечко трае со години. Иако уште во 2024 година бил извршен инспекциски надзор и биле утврдени неправилности во одгледувањето, состојбата останала нерешена. Од Општината велат дека досегашните барања до надлежните институции не дале резултат, додека штетите врз земјоделските насади и имотите продолжуваат да растат. „ Во 2024 година во месец фебруари токму АХВ има извршено вонреден инспекциски надзор на овие стада добиток пришто е константирано несовесно одгледување на самиот добиток и изречена мерка прекршочна. Овој проблем од 2024 година до ден денеска сеуште не е решен. Ние како Општина немаме надлежност за прогласување на кризна остојба и две години веќе мака мачиме со АХВ да постапат ... како краен механизам моравме да го Општинскиот Кризниот штаб.Верувајте штетите што секојдневно ги трпат нашите сограѓани односно нивните приватни земјоделски насади и култури, општинските штети што ние ги имаме како Општина се навистина од еден сериозен обем и карактер и финансиски, но и по самата површина што ја прават со самото неконтролирано движење на ниво на цела Општина“-– градоначалник на Крива Паланка. Од друга страна новиот директор на АХВ вели дека на негова иницијатива побарал средба со градоначалникот во понеделник, на која како што изјави за Канал 5, треба да се разговара за надминување на проблемот како и за чекорите кои ќе бидат превземени.. Во меѓувреме, за проблемот со кравите Општината побара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, но проблемот се влече веќе десеттина години. Случајот се актуелизираше и мината година кога мештаните реагираа за неконтролираното движење во реонот на Крива Паланка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДЗР: Железницата во загуби и со застарена инфраструктураЗастарени пруги, неисправни локомотиви и милионски загуби. Државниот завод за ревизија откри сериозни слабости во работењето на Македонски железници, кои со години се соочуваат со финансиски проблеми и недоволни инвестиции. Според ревизорскиот извештај за 2024 година, Железници Инфраструктура работеле со загуба од над три милиони евра, додека вкупната акумулирана загуба од претходните години достигнала дури 76,6 милиони евра. Ревизорите предупредуваат дека дотраените пруги и застарената сигнализација го отежнуваат железничкиот сообраќај. На дел од главните коридори возовите се движат со намалена брзина, а одредени делници се целосно затворени. „На дел од главните коридори се вози со намалени брзини поради бројни дефекти, застарени системи и опожарени прагови.“ – Државен завод за ревизија. Ништо подобра не е состојбата ниту во Железници Транспорт. Од вкупно 62 локомотиви, функционални биле само девет, додека акумулираната загуба на претпријатието достигнала над 109 милиони евра. Од Железници Инфраструктура одговараат дека станува збор за децениски наталожени проблеми и дека веќе преземаат мерки за надминување на забелешките на ревизорите. Информираат дека е донесен петгодишен план за одржување на железничката инфраструктура и дека се работи на кадровско зајакнување. Признаваат дека дел од проблемите сè уште не се решени, но уверуваат дека ќе продолжат со спроведување на препораките на ДЗР. На ревизорските извештаи реагираше и Министерството за транспорт, од каде што за лошите состојби во железницата ги обвинија поранешните раководства поставени од СДСМ и ДУИ и побараа постапување од Јавното обвинителство. „Како министерство апелираме Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост да бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи“, велат од Министерството. Ревизијата за 2024 мегудругото отркила и неоправдани вложувања во материјални средства и кои не биле користени 15 години, а регистрирале и неправилности со платите и имотот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСавески: Извештајот на ЕК е одраз на реалната состојба во правосудството, ќе биде мотив за поефикасно работење Извештајот за напредокот на земјава е одраз на реалната состојба во правосуствто, смета дражвниот јавен обвинител Ненад Савески. Но вели дека тоа нема да ги демотивира обвинтелите и судиите, туку напротив ќе даде мотив за поефикасно работење, а како причина за бавните процеси во правосудството ги наведе недоволните капацитети со кои раполагаат, условите за работа на обвинители и недостатокот на кадар. Категоричен е дека изјавите од политичарите не влијаат врз работата на јавните обвинители. „Извештајот е одраз на една реално согледана состојба, тона не може да не демотивира, туку напротив не мотивира да се фоксуираме и да дадеме еден посилен притисок врз сетоа она што е лоцирано како недостаток, притисок во смисла да испратиме јасна порака до домашната и меѓународната јавност дека правосудниот систем во земјава и конкретно јавното обвинителство е сериозен борец против организираниот криминал и корупција. Изјавите од политичарите не моќе да се одрзат врз работата, квалитетот и начинот на водење на постапките и одлучувањето од страна на јавните обвинители. Ние не можеме тоа да го спречиме, еднсотавно ние тоа само го игнорираме“-– Ненад Савески, државен јавен обвинител. Според познавачите најголеми се критиките од Брсиел упаени кон бробата против крупцијата каде четврта година по ред не е нотиран никакво подобрување, но сметаат дека е едвидентиран одреден напредок во правосуството, кој пред се се должи на донесените реформски закони. „Во делот на борба против корупција како клучните проблеми според Извештајот е честата измена на КЗ што креира непредвидливост во тековните постапки. Последните измени придонесоа кон прекинување на дел од постапките затоа шѓто иамше менување на елементите на кривичните дела или остранување на одредени членови, како и застраување на постапките. Извештајот е особено критичен кон ДКСК дека е недоволно проактивна во откривање на коруција и нејзините наоди често не се проследуваат од другите институции. Во делот на бробата против корупцијата за мене е позитивно што во 2025-та според извештајот е зголемен бројот на нови истраги и правосилни осудителни судски одлуки во споредба со 2024-та година “- Марија Мирчевска, Институт за демократија. Освен одреден напредок во правосудството, во најновиот Извештај на ЕК позитивно се оценети и реформите на јавната администрација, а земјава е пофалена и за целосната усогласеност со надворешната и безбедносна политика на Унијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook