Специјалистите прегледале околу 140 повредени во Кочани, останатите 20-тина следнава недела - Канал 5

Специјалистите прегледале околу 140 повредени во Кочани, останатите 20-тина следнава недела

Долго време ќе биде потребно да заздрават лузните од изгорениците на повредените во трагедијата во Кочани.

Специјалистите прегледале околу 140 повредени во Кочани, останатите 20-тина следнава недела

Долго време ќе биде потребно да заздрават лузните од изгорениците на повредените во трагедијата во Кочани...Вака лекарите кои сè уште прават реевалуација на нивната здравствена состојба ги објаснуваат повредите на пациените од Кочани, и на оние кои се вратија од странство, но и на тие што се лекуваа во земјава. Досега повторни прегледи од страна на стручен тим на лекари од Скопје кои одат во кочанската болница се завршени на околу 140 млади луѓе, но евалуацијата продолжува и во наредните денови, потврдува за Канал 5 заменик министерот за здравство Јовица Андовски.

Резултатите од прегледите, длабочините на раните, зафатената површина на кожата и целосната моментална здравствена состојба всушност ќе бидат и проценка за Црвениот крст, за да го префрлат остатокот од собраните парични сретства на оние на кои им е најпотребна. Досега од собраните околу 2 ипол милиони евра веќе се исплатени околу еден милион и 700 илјади евра, дел за семејствата на починатите, а останатите за повредени лица..

Од платформата „Support Kocani” чии волонтери комуницираат дирекно со повредените велат дека најмногу им се потребни лепенки за изгорениците и компресивни ракавици.

-Во фокус ни е набавката на комресивна облека која значи подобар третман за изгорениците и лузните. Имаме обезбедено донација од 40.000 евра од нашата дијаспора во Италија, веќе е набавена компресивната облека, а очекуваме во наредните недели да пристигне во државата. Согласно нашата евиденција, има околу 600000 евра дирекни донации до лицата, до нивните сметки, тој податок поминал низ филтерот, односно донаторот приложил и доказ до нас. Има заедничка донаторска сметка, има определена сума на парични сретства која ќе биде распределена до засегнатите лица, очекуваме тоа да се случи наредниот месец. - Кристина Петрова - „Support Kocani”.

Инаку, и после два месеци од трагедијата во која 62 лица ги загубија животите, а околу 200 беа повредени, 11 сè уште се на лекување во странство.

За помош на семејствата на загинатите и повредените, опозициската СДСМ предложи и посебен закон, но власта го отфрли со оценка дека е обид за добивање на политички поенти на сметка на трагедијата..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер