Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
1Николоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начини
2Сиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува Русо
2Најбогатиот човек на светот Илон Маск започнува голем проект во Европа: Инвестира три милијарди евра
МакедонијаСпасовски: Со ребалансот власта ја признава економската катастрофа – 0 проекти, 0 резултатиПредложениот ребаланс на буџетот претставува обид на власта да ги прикрие сериозните пропусти во управувањето со јавните финансии и непланираните расходи, што отвора пат за дополнително задолжување и загрозување на економската стабилност. Ваквата политика ќе го отежне економското функционирање на граѓаните и бизнисите, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа за ребалансот на буџетот. Тој потенцираше дека ова е прв ребаланс на буџетот кој се прави на буџет што го создаде ВМРО-ДПМНЕ и со него имаме ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината, што претставува дополнителни 4% од бруто домашниот производ (БДП) и што ќе ја пробие критичната граница од 60% јавен долг во однос на БДП, поставувајќи во ризик иднината на државата и граѓаните. „Власта се обидува да ја прикаже состојбата во државата како идеална, особено во пресрет на локалните избори, но реалноста е далеку од тоа. Без јасна и долгорочна економска стратегија, само се продлабочуваат проблемите, а ребалансот претставува краткорочно решение кое ја зголемува неизвесноста кај граѓаните и стопанството“, рече Спасовски. Тој додаде дека нема конкретни мерки кои би ја стимулирале инвестициите и би ја подобриле животната состојба. Наместо тоа, се продолжува со политика која создава конфузија, ризик од поголемо задолжување и сериозна финансиска нестабилност. Во однос на капиталните инвестиции, Спасовски посочи дека реализацијата до 12 јуни изнесува само 23% од планираните расходи, што не гарантира ветениот инвестициски циклус и развој на економијата. Покрај тоа, нема видливо зголемување на средствата за реформи во правосудството и институциите задолжени за борба против корупцијата, а независноста на институциите е сериозно загрозена. „Финансиската поддршка за малите и средните претпријатија е скратена за 900 милиони денари, а неплатените буџетски обврски се околу 700 милиони евра, што ја зголемува финансиската нестабилност и создава дополнителни ризици“, потенцираше Спасовски. Тој постави и клучно прашање: дали во ребалансот се обезбедени средства за исплата на финансиската поддршка и како ќе се сервисира тој долг? Владата и Министерството за финансии треба јасно да дадат одговори за тоа како ќе ги сервисираат долговите, како ќе ја подобрат реализацијата на капиталните инвестиции и како ќе го зајакнат правосудството и институционалната независност. „Без конкретни и долгорочни решенија, економската стабилност и развојот на земјата остануваат загрозени. До крајот на годината нема да има никакви значајни промени, затоа што ребалансот е само обид за одржување на илузијата за развој. Политиката на ‘купи ден, продади ден’ останува доминантна, а резултатите се 0 проекти, 0 резултати и 100% изговори“, потенцираше Спасовски. Скопје, 03.07.2025 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши на современи технолошки начиниСе размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски.Се размислува патарините да се отстранат, а плаќањето да се врши со современи технолошки начини, ова утринава го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски кој рече дека вчера се сретнал со новиот претседател на европската транспортна заедница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор на граѓаните, за каков пишува РусоПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се обрати и учествуваше на панел-дискусијата на настанот по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав, во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државен архив. Навраќајќи се на креирањето на Уставот од 1991 година, во чие подготвување учествувала како надворешна членка на тогашната Комисија за уставни прашања, Сиљановска-Давкова ја нагласи огромната посветеност на членовите на Уставната комисија, но и на сиот прв пратенички состав, на најважната политичка задача пред нив, истакнувајќи ја толерантната дебата на неистомислениците, односно приврзаниците на националниот и граѓанскиот концепт. И покрај тензичната предвоена атмосфера на југословенските простори, присуството на Југословенската народна армија на македонска почва и кусите рокови за донесување на Уставот, таа ја оцени постапката за донесување на уставот како демократска, инклузивна и транспарентна, а најголемиот дел од решенијата како стандардни. За особено важни ги смета темелните вредности на уставниот поредок и слободите и правата на човекот и граѓанинот, што беше потрдено и од Бадинтеровата комисија во 1992 година, а има забелешки на начинот на којшто е поставена поделбата на власта, на положбата и надлежноста на Уставниот суд, на решението за воена и вонредна состојба и на локалната самоуправа. Што се однесува до уставноправниот развој, таа укажа дека дури 21 од 36 амандмани се иницирани однадвор, во духот на state building, а делот што му претходи на Уставот е менуван два пати, по што оперира со синтагмата „делови од народи“ што не соодветствува на категоријата заедници, воведена со амандманите од 2001 година во нормативниот текст. За неа, амандманите се напишани со невоедначена и лоша уставнопрвна техника, што ги прави нејасни и тешко неразбирливи, а преамбулата – целосно нечитлива. Честите промени, а особено октроираните, го проблематизираат уставот како највисок закон и како најширока и најважна општествена повелба на граѓаните во смисла на Русоовиот „Општествен договор“ и го релативизираат и маргинализираат уставниот патриотизам за којшто пишува Јирген Хабермас. Претседателката му предложи на претседателот на собранието да се инспирира од успешното искуство на Првата уставна комисија и да ја прошири постојната со надворешни членови – експерти кои заедно со членовите од актуелниот пратенички состав континуирано ќе работат на анализа на спроведувањето на уставот, детектирање на проблемите во уставниот поредок и предлагање излезни решенија, вклучувајќи ја и подготовката на делот од уставот за односот меѓу националното и европското право. На крајот, Гордна Сиљановска-Давкова укажа на уникатноста на европската идеја и на демократскиот европски политички систем, а особено на важноста на почитувањето на принципите и вредностите содржани во европските уставни документи, без коишто ЕУ не може да биде филозофија, туку само политичка и бирократска машинерија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИУтринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook