Спасовски: Нека е честит 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија! - Канал 5

Спасовски: Нека е честит 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија!

Дозволете ми во свое и во име на МВР, со посебен пиетет да ви го честитам Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август.

Спасовски: Нека е честит 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија!

Почитувани припадници на Армијата,

Дозволете ми во свое и во име на МВР, со посебен пиетет да ви го честитам Денот на Армијата на Република Македонија – 18 Август, денот кога пред 31 година, паралелно со независноста на Македонија беше поставен и овој столб на националната безбедност и државност, за одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Корените, сепак, датираат од многу поодамна. Од далечната 1943 година кога токму на 18 август беше формиран баталјонот „Мирче Ацев”, првата регуларна воена единица на македонскиот народ, кој преку борбените походи, напади и диверзии придонесе за победа над фашистичкото зло, исцртувајќи ја визијата на партизаните за сопствена слободна држава.

Денес, Армијата е партнер од доверба дома, а подготвеноста и посветеноста на нејзините припадници се високо ценети и во светот, кај соседите и сојузниците. Реализирајќи ги најкомплексните општествени задачи, Армијата заедно со полицијата, противпожарните служби, медицинскиот персонал и просветните работници, се на браникот на човековите права и слободи, како гарант за безбедноста и стабилноста на државата, за сигурноста на граѓаните.

Со рамноправен партнерски однос на нашата Армија со армиите од регионот и светот, нашите војници се посакуван партнер во меѓународните мировни мисии, рамо до рамо со сојузниците од НАТО Алијансата во гарантирањето и на колективната безбедност и светскиот мир.

Токму членството во НАТО ја постави и одговорноста на Армијата на многу повисоко ниво, а со тоа и нашата обврска да ја унапредуваме и модернизираме Армијата.

Сакам да се заблагодарам на сите жени и мажи во Армијата, на војниците од сите чинови, како и на цивилните службеници, за особениот придонес во изградбата и зајакнувањето на одбранбената способност на државата. Ве охрабрувам и во иднина да продолжите со заложбите да ги поместувате линиите на сопствените достигнувања, водени од патриотизмот, професионализмот и честа што сте дел од Армијата која е почитуван и доследен чувар на светскиот мир.

Нека е честит 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија! [🇲🇰], напиша на својот профил на фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЕПТОЛЕТЕ ТОТАЛ СО КОЛА ВКУС - ПОЗНАТ БРЕНД, НОВ И ВОЗБУДЛИВ ВКУС

Новиот вкус на Септолете тотал ја надополнува линијата пастили со тројно дејство: делува против воспаление, ја намалува болката и ги отстранува причинителите на инфекцијата.

СЕПТОЛЕТЕ ТОТАЛ СО КОЛА ВКУС - ПОЗНАТ БРЕНД, НОВ И ВОЗБУДЛИВ ВКУС

Фармацевтската компанија КРКА го претстави Септолете тотал со кола вкус на промотивен настан што обедини повеќе од 300 фармацевти и лекари. Присутните имаа можност да се запознаат со новиот вкус и да разменат искуства од секојдневната работа со пациентите.

Септолете тотал кола дејствува локално во устата и грлото: го намалува воспалението, ја ублажува болката и има антисептично дејство.

Препознатливиот кола вкус ѝ дава на линијата нов, возбудлив и неочекуван карактер. Со него, КРКА го проширува изборот за пациентите, земајќи ги предвид и вкусовите на помладите генерации.

„Успехот не значи само да се создаде квалитетен и ефикасен лек, туку и да се разберат потребите на пациентите. Ова не е само уште еден нов вкус во низата. Ова е стратешки одговор на потребите на современиот пациент. Со оваа иновација, на пациентите – како на возрасните, така и на помладите кои честопати одбиваат класични медицински вкусови - им нудиме терапија која е подеднакво моќна против болката и воспалението, но и со препознатлив и пријатен вкус, истакна Марија Станоевска Неделковска, заменик управител и маркетинг менаџер на КРКА Фарма Скопје.

Повеќе од 70 години, КРКА ја гради довербата преку посветеност на квалитетот и грижата за здравјето на луѓето. Компанијата ја продолжува таа заложба со развој на своето портфолио и соработка со лекарите и фармацевтите, кои имаат важна улога во информирањето на пациентите за правилната употреба на лековите.

Промотивниот настан беше и можност за зацврстување на долгогодишната соработка со здравствената заедница – соработка во чиј центар се пациентот, информираноста и одговорната грижа за здравјето.

Дознајте повеќе на следниот линк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Пробиштип, се обратија потпретседателот на ЗНАМ и пратеник во

Собранието, Павле Арсоски, заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, директорот на ПИОМ и директор на Центарот за комуникација и аналитика на ЗНАМ, Никола Мемов, како и пратеничката и член на Извршниот одбор на ЗНАМ, Даниела Белимова.

Потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски, истакна дека изминатите две години се доказ дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните преку конкретни политики, одговорност и мерливи резултати. Посебно го потенцираше Извештајот на Европската комисија за 2026 година, кој нотира напредок во реформските области и претставува значајна потврда за работата на институциите.

„Европскиот извештај е важна надворешна оценка за напредокот на државата. Онаму каде што ЗНАМ презеде одговорност, се преземаат конкретни чекори и се постигнува видлив напредок. Не бараме признание за она што го зборуваме, туку за она што го работиме. Нашата политика се темели на дела, а не на празни ветувања“ истакна Арсоски.

Тој посочи дека зад политиките на Владата стојат конкретни придобивки за граѓаните, меѓу кои околу 1.300 капитални проекти во општините низ државата, насочени кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот, како и зголемувањето на платите во повеќе сектори.

„Кога зборуваме за 1.300 проекти, зборуваме за реални инвестиции во општините, за подобри улици, водоводи, училишта и инфраструктура. Кога зборуваме за растот на платите, зборуваме за вреднување на трудот и подобрување на животниот стандард на работниците. Платите во образованието се зголемени за 20 проценти, здравствените работници добија зголемување. Со договорот со синдикатите е предвиден и натамошен раст на платите на административните службеници до 40 проценти до март 2028 година. Тоа се конкретни резултати што граѓаните ги чувствуваат, а не политички пароли“ нагласи Арсоски.

На панел-дискусијата Лабудовиќ ги истакна резултатите во енергетскиот сектор, меѓу кои инвестициите во околу 200 мегавати нови фотоволтаични капацитети, финансирањето на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, рехабилитацијата на шест хидроелектрани и засилената контрола врз концесионерите, со раскинување на повеќе од 50 концесии поради неисполнување на обврските. Овие активности се дел од поширокиот инвестициски циклус за зголемување на домашното производство, енергетската сигурност и заштитата на националните природни ресурси.

Никола Мемов ги презентираше резултатите од двегодишното работење на Фондот ПИОМ, посочувајќи дека пензиите од септември 2024 до март 2026 година се зголемени за вкупно 7.000 денари, а во септември 2026 година следуваше и дополнително усогласување од 3 проценти. Даниела Белимова ги истакна парламентарните иницијативи на ЗНАМ, меѓу кои обезбедувањето 55.000 вредносни ваучери за студентите, како и предлог-измените на Законот за семејството. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски. Две години се доволна потврда дека ЗНАМ е движечка сила на конкретни промени и резултати. Движењето продолжува да работи за силна и стабилна Македонија, функционални институции, економски развој и подобар животен стандард за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хари Кејн опериран – познато е колку долго ќе отсуствува од тимот на Баерн Минхен

Фудбалерот на Баерн МИнхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн е успешно опериран и ќе отсуствува од зелениот терен најмалку три месеци.

Хари Кејн опериран – познато е колку долго ќе отсуствува од тимот на Баерн Минхен

Најдобриот фудбалер за 2026 година, асот на Баерн, Хари Кејн, имаше успешна операција и ќе отсуствува најмалку три месеци.

„Хари Кејн синоќа беше успешно опериран поради скинат лигамент на левиот скочен зглоб, повреда што ја заработи на натпреварот од Бундеслигата против Келн. 33-годишниот фудбалер сега ќе започне програма за рехабилитација“, се наведува во соопштението на Баерн, а германските медиуми пренесуваат дека тој ќе отсуствува најмалку три месеци.

Добитникот на „Златната топка“ се здоби со сериозна повреда во 10-тото коло од Бундеслигата, на натпреварот одигран во петокот, при што мораше да го напушти теренот уште во 20-тата минута. Отсуството на Кејн ќе претставува огромна загуба за Баерн, бидејќи капитенот на Англија ја игра сезоната на кариерата . Англичанецот постигна 10 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер