Спасовски: Наместо со репресија со јакнење на свеста против говорот на омраза

При ширењето говор на омраза, репресија не е доволна, туку треба да работиме на јакнење на свеста на културата.

Ова го истакна министерот Оливер Спасовски околу покренувањето постапки против малолетници за истакнување етнички пароли при прославата на европската титула на ракометниот клуб Вардар.

Тој одговораше на прашања на новинарите по настанот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

-Како што истакнав за институциите и овде постојат мала група луѓе кои од само нивни познати причини дали се од политички или други лични мотиви шират говор на омраза која штети на сите нас. Ако е така ајде сите кои сме далеку побројни и кои се определени сите заедно дека треба да ја живеем и градиме Македонија да бидеме посилни во нашите намери да им покажеме дека заедништвото, слогата, едно општество, во државата е вредноста за која вреди да се живее и да се работи, рече Спасовски.

Тој апелираше на воздржаност и соодветно однесување на публиката и во пресрет на вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Полска по вчерашното приведување на четири полски државјани кои го нарушуваа редот и мирот во Скопје.

-МВР е задолжено одржување на редот и мирот. Овој меч е високо ризичен поради воинственоста на навивачите од Полска. Апелирам сите да се однесуваат соодветно на тој спортски настан, рече министерот.

На новинарско прашање за лицата без документи Спасовски потенцира дека за детектираните 800 такви лица се пристапува кон дефенирање на позитивен законски пропис кој ќе овозможи нивно запишување во евиденции и да се стекнат со права и одредени обрвски кон државата.

Спасовски рече дека и понатаму заедно со обвинителството се комуницира со дирекцијата на социјалната интернет мрежа Фејсбук поради водење на дел од истражната постапка поради профилите од каде се објавуваат аудио разговори и дека има потреба од мултидисциплинарен пристап.

Бостон избори четвртфинале, Далас поведе против ЛА клиперс во плејофот на НБА

 Екипата на Бостон селтикс ноќеска го победи Мајами хит со 118:84 и со вкупно 4:1 ја доби серијата во првото коло од плејофот на НБА-лигата.

Противник на Селтикс во четвртфиналето ќе биде поуспешниот од пресметката Кливленд кавалирс – Орлано меџик (3:2 по пет натпревари).

На вториот натпревар одигран ноќта среда кон четврток, Далас маверикс убедливо го совлада Лос Анџелес клиперс со 123:93. Далас до третата победа во серијата прв до четири дојде најмногу по заслуга на Лука Дончиќ кој постигна 35 поени.

Во четвртфиналето победникот од двојката Далас – ЛА клиперс ќе игра со Оклахома Сити. /МИА

СДСМ: Со глас за СДСМ на 8 мај ги чуваме темелите на државата

​Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата.

Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променете, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани.

Гласот ЗА СДСМ е глас за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

притисни ентер