Спасовски ја прими амбасадорката на САД Брнз

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја Кејт Мери Брнз.

Амбасадорката Брнз на средбата ги пренесе честитките на нејзината земја за позитивната одлука на Брисел за почеток на преговорите за членство во ЕУ и за скорешно добивање полноправно членство во НАТО.

Одлуката на ЕУ и завршните чинови за полноправно членство во НАТО, рече на средбата амбасадорката Брнз, доаѓаат во многу тешки моменти за сите, но ја покажува посветеност на земјата да истрае во остварувањето на евро-атлантските аспирации, и ја потврдува искрената и силна поддршка што на Република Македонија ѝ ја даваат САД и ЕУ. Евро-атлантското интегрирање на Македонија е од стратешка важност за САД и ЕУ, и ќе овозможи да имаме уште поблиска соработка како сојузници во НАТО.

Премиерот Спасовски на средбата се заблагодари за честитките, и истакна дека тоа се долго очекувани остварувања на две стратешки прашања, кои, иако пристигнаа во тешко време, се признание за остварувањата на земјата, особено во последните три години и дека им донесоа радост и задоволство на граѓаните на Македонија.

„Двете одлуки се многу добра порака за сите во државата, но и за целиот регион. Се покажува дека тешките одлуки и важните реформи се почитуваат и вреднуваат. Беше потребна храброст и политичка визија за да се постигнат овие резултати. Владата предводена од Заев, навистина за многу краток период успеа да ги реши проблемите со соседите и да направи значајни домашни демократски реформи", рече претседателот на Владата Спасовски.

На средбата со амбасадорката Брнз премиерот Спасовски ја изрази неговата, како и благодарноста на Владата и на граѓаните на земјата за сета голема поддршка на САД во двата процеса.

„Сега имаме јасна перспектива и сигурна иднина за целата држава, подготвени сме да ги преземе обврските како полноправна членка на НАТО. Се спремаме за преговори со ЕУ, сакаме да бидеме успешни и брзи. Преговорите се шанса да ги донесеме европските вредности дома и да ги реформираме нашите институции, што е од корист на сите граѓани", истакна на средбата премиерот Спасовски.

На средбата стана збор и за менаџирањето на ситуацијата со коронавирусот. Премиерот Спасовски рече дека Владата е во постојано заседание на таа тема и ги презема сите неопходни и максимални напори, меѓу кои најголем приоритет е поддршката и зајакнување на здравствениот систем, за да се зачува здравјето и животот на граѓаните.

Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз од своја страна на средбата упати честитки за тоа како Владата се справува со коронавирусот. Ја истакна комуникацијата на Владата за сите активности и мерки на оваа тема, како и транспарентноста и инклузивноста на донесување на одлуки.

Во таа насока, премиерот Спасовски нагласи дека воведувањето на вонредната состојба ѝ даде можност на Владата за поголема флексибилност и можности за креирање на решенија, и донесе поголема дисциплина во администрацијата и кај населението.

Истовремено, рече премиерот Спасовски, Владата е целосно посветена на обезбедување на поддршка за економијата и намалување на штетните економски ефекти од пандемијата. Се прават рестрикции и намалувања на сите непродуктивни трошоци во јавниот сектор, и ќе се даде голем пакет мерки за поддршка на приватниот сектор.

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

притисни ентер