Спасил болна мачка од прифатилиште: Не ни помислувал дека вака ќе се однесува после 6 месеци! - Канал 5

Спасил болна мачка од прифатилиште: Не ни помислувал дека вака ќе се однесува после 6 месеци!

Девојката на овој човек откри дел од домашната атмосфера.

Спасил болна мачка од прифатилиште: Не ни помислувал дека вака ќе се однесува после 6 месеци!

Животните се врзуваат за своите сопственици, особено ако се спасени од улица или од некое прифатилиште за напуштени животни. Токму тоа му се случило на Мет (22) кој од едно прифатилиште спасил мачор. Тој толку се приврзал за него што буквално не се одделува од својот нов сопственик, а најмногу сака мирно да дреме во неговиот скут додека заедно гледаат фудбал на телевизија.

Како што покажала на видеото девојката на Мет, Лорен, тој и неговиот миленик по име Пити Пет, гледаат заедно фудбалски натпревар.

Како што се пошегува Лорен, Мет го вдомил овој мачор за да има другар со кого ќе ги следи натпреварите.

-Откако ја донесе мачката дома, тие се неразделни. Секој викенд заедно гледаат натпревари, освен кога Мет го следи натпреварот во кафуле со своите пријатели - изјавила Лорен за „Newsweek“.

Мет и неговата девојка живеат во Далас. Таа открива дека била трогната до солзи кога Мет ја донел мачката во нивниот дом. Несреќното животно поминало шест месеци во прифатилиште за напуштени животни и никој не сакал да го вдоми поради дијагнозата на вирусот мачешка имунодефициенција. Тоа е вирусно заболување кај мачките што имаат ослабен имунолошки систем и обично не можат долго да преживеат на улица.

Оваа болест се дијагностицира дури во прогресивна фаза, но доколку болната мачка живее во дом опкружен со љубов и потребната хигиена без контакт со други животни, таа може да проживее еден просечен животен век за мачка.

Иако Мет од самиот почеток знаел за болеста на несреќното животно, тој решил да ја вдоми токму оваа мачка. Овој хуман млад човек и неговата девојка се заљубиле на прв поглед во портокаловиот мачор кој станал нивно домашно милениче. Инаку, претходниот сопственик на овој мачор починал, па тој завршил на улица пред да биде привремено одведен во прифатилиште.

Ова видео стана вирално и предизвика емотивни реакции на мрежите.

- Ви благодариме што посвоивте болна мачка. Порано работев во такво прифатилиште и ме растажуваше несреќата на овие животни.

- Секоја чест за тебе момче, имаш добро срце.

- Момчињата што сакаат мачки се драгоцени.

- Колку е сладок, прав Гарфилд.

- Се гледа колку оваа мачка е сакана.

– Животните инстинктивно чувствуваат сè, тој го обожава својот газда – беа дел од коментарите.

Многу корисници на мрежата истакнале дека младоо момче и неговата девојка добиле најдобар пријател засекогаш.

@lollie214 Just picturing him going to the shelter and picking out this cat for a friend in a new city makes my heart warm #cat #sheltercat #rescue #football #collegefootball #catdad ♬ My Love Mine All Mine - Mitski

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 31. август 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 31. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 31. август 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Покажавте што чувствувате , а сега прифатете ја реакцијата од другата страна. Не с еплашете , на крајот искреноста носи добро.

Кариера

Ќе имате мали финансиски трошоци , на кои не сте сметале. Сето тоа ќе мора да го запишете во книгите на компанијата.

Здравје и совет

Наспијте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нема долго да чекате додека личност од вашата работна средина не ви ја открие својата наклонетост. Денеска ќе има можност за тоа.

Кариера

Малку повеќе труд вложете во својата работа , па нема да изостанат резултатите. Соработувајте со другите колеги.

Здравје и совет

Не може вечно да се живее на стара слава.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

И партнерот и вие ќе бидете во емотивна фаза, но секој на свој начин. Бидете поотворени кон саканата личност.

Кариера

Тешко ќе се договарате околу работата , зашто едноставно нема да ви се работи .Обидете се барем да го одработуите минимумот.

Здравје и совет

Ви недостига дисциплина.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е дека ќе ве окупираат љубовни сеќавања или ќе ве допре една личност од вашето љубовно минато.

Кариера

Ќе има мали несогласувања меѓу колегите , а вие ќе бидете третата страна која ќе се обидува да ги усогласи.

Здравје и совет

Ќе сонувате исклучителен сон.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата потреба за љубов ќе биде зголемена , а шансите намалени. Од таму се фрустрациите.

Кариера

Бидете доследни во спроведувањето на она што сте го ветиле. Така ќе го подигнете сопствениот рејтинг на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од вирози.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе ве изненади повик за излегување со поголема група луѓе. Не се двоумете , прифатете и ќе ви биде убаво.

Кариера

На виделина излегуваат плодовите на вашата работа и сега е целосно јасно колкави се вашите заслуги.

Здравје и совет

Опуштете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска ќе добиете покана од пријатели за мала забава.

Кариера

На работа ќе ги средувате заостанатите помали работи, а шансата што ја добивте се развива како што треба.

Здравје и совет

Подобрување.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Доколку денеска излезете , можно е да сретнете личност , која ќе ве зашемети. Затоа излезете.

Кариера

Младите киолеги ќе ви се воодушевуваат на професијата што ја работите , но вие ќе тереба да се покажете како одговорен работник.

Здравје и совет

Подобрување.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска ќе му се предадете на вашиот свет на мечтаење , а ќе заборавите на реалноста. Некои дури и ќе измислат личност што не постои.

Кариера

Целиот ваш труд ќе може демнеска дас е собере во еден збор : плеткање. Одберете си ги приоритетите , направете подобар план и тогаш делувајте според него.

Здравје и совет

Приберете се.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И денеска е добар ден за излегување , па сепак поверојатно е дека среќата ќе ја побарате во мирната атмосфера на топлиот дом.

Кариера

Ќе добиете креативни нагони и ќе се обидерте да ги вклопите во она што го работите . Идеите ќе бидат интересни.

Здравје и совет

Анализирајте си ги соништата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Одличен ден за излегување , забави и дружби. Без оглед на работната недела , одете меѓу луѓе. Ќе ви биде убаво.

Кариера

Веќе е полесно и работите се кристализираат. Успеавте да ги надминете и последните пречки и да продолжите понатаму.

Здравје и совет

Уживајте во спортот.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно во текот на денот се повеќе ќе ве преплавува плима од емоции , која веќе нам да можете да ја скриете пред другата страна.

Кариера

Некои ваши можности би можеле да испливаат на површина , иако и самите нема да знаете како да ги презентирате. Ќе ви дојде самото од себе.

Здравје и совет

Не е проблем ако се расплачете.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова студија истражува дали моделите на вештачка интелигенција може да симулираат човечки емоции

Германски истражувачи тестираа дали може големите јазични модели да имитираат страв, тага, вознемиреност и да послужат како алатка за проучување на ментални нарушувања.

Нова студија истражува дали моделите на вештачка интелигенција може да симулираат човечки емоции

Нарушувањата на менталното здравје се медицински предизвик низ целиот свет. Се проценува дека до 2050 година, дури 1,2 милијарди луѓе би можеле да живеат со некаков вид на ментално нарушување. Затоа научниците работат напорно за подобро да ги разберат нивните причини, да развијат поефикасни методи за превенција и да пронајдат нови терапевтски пристапи.

За разлика од лековите, терапиите засновани на разговор и психолошки интервенции се многу потешки за истражување и развој. Причината е што ниту клиничките испитувања кај луѓето, ниту студиите врз животни не можат целосно да ја опфатат сложеноста на човечките емоции, мисли и однесување. Покрај практичните ограничувања, ваквите истражувања често поставуваат важни етички прашања.

Затоа, истражувачки тим од Технолошкиот универзитет во Дрезден (TU Dresden), Германија, истражувал дали големите јазични модели на вештачка интелигенција (LLM), како оние зад модерните чет-ботови со вештачка интелигенција, би можеле да послужат како нова алатка за моделирање на одредени аспекти на менталните нарушувања, пишува Euronews.

– Нашите резултати покажуваат дека големите јазични модели можат да репродуцираат модели на човечки афективни и когнитивни процеси под контролирани услови – изјави д-р Магдалена Векенборг, раководител на истражувачкиот тим PsychoDigital на TU Dresden.

Според неа, таквите модели би можеле да им помогнат на научниците подобро да ги разберат механизмите што стојат зад менталните заболувања, како и да истражат нов пристап во лекувањето, вклучувајќи развој на психотерапевтски методи кои се темелат на разговор.

Можат ли моделите на вештачка интелигенција да имитираат човечки емоции?

Иако некои аспекти на менталните нарушувања со години се проучуваат кај животински модели, според истражувачите ваквите пристапи не успеваат целосно да ја опфатат комплексноста и субјективната природа на човечкото искуство.

Од друга страна, во последниве години големите јазични модели покажаа извонредна способност во убедување, емоционално разбирање и логичко расудување, па дури и постигнуваат резултати споредливи со човечките способности.

За да го тестираат својот потенцијал во истражувањето на менталното здравје, истражувачите ги охрабрија јазичните модели на вештачка интелигенција да симулираат различни емоционални состојби, вклучувајќи страв, вознемиреност, гнев, гадење, тага, грижа и стрес. Потоа ги користеа како експериментални модели за да проучуваат специфични карактеристики на менталните нарушувања.

Во следната фаза од истражувањето, тие тестираа дали емоционалните состојби предизвикани на овој начин можат да бидат „регулирани“ или ублажени со различни стратегии за емоционална регулација, слично како психотерапијата кај луѓето.

Истражувачите беа заинтересирани и за тоа дали вештачката интелигенција, кога е „изложена“ на одредена емоција, ќе покаже сличен модел на грешка и пристрасност во расудувањето како луѓето кои ја доживуваат истата емоционална состојба.

Резултатите покажаа дека, иако моделите на вештачка интелигенција не поседуваат вистински ментални состојби или емоции како што доживуваат луѓето, тие можат да репродуцираат одредени обрасци на размислување преку начинот на кој го обработуваат и генерираат јазикот.

Нова алатка за психолошки истражувања

Според авторите на студијата, токму оваа способност отвора можност за спроведување експериментални истражувања што би било многу тешко да се спроведат врз луѓе или животни или би покренале сериозни етички преиспитувања.

Дополнителна предност на големите јазични модели е нивната доследност. За разлика од истражувањата врз луѓето, каде што резултатите можат да бидат под влијание на бројни надворешни фактори, експериментите со јазичните модели на вештачка интелигенција можат да се повторат неограничен број пати под идентични услови, со прецизна контрола на сите варијабли.

Иако вештачката интелигенција не може да го замени човечкото искуство или вистинските учесници во истражувањето, научниците веруваат дека ваквите модели би можеле да станат вредна алатка во иднина за подобро разбирање на менталните нарушувања и развој на нови терапевтски пристапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер