Спасески се сретна со првиот човек на Европската шаховска федерација - Канал 5

Спасески се сретна со првиот човек на Европската шаховска федерација

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска оствари средба со претседателот на Европската шаховска федерација и заменик министер за спорт на Грузија Зураб Азмајпарашвили.

Спасески се сретна со првиот човек на Европската шаховска федерација
Тема на средбата беше организацијата на Европското клупско шаховско првенство, кое треба да се оддржи во октомври 2015 година во Скопје.

Спасески на средбата му ги пренесе искуствата од вложувањето во спортот и спортската инфраструктура од страна на државата, а го информираше господинот Азмајпарашвили дека Македонија во минатото била домаќин на голем број шаховски манифестации и на сите се покажала како одличен домаќин.

- Република Македонија вложува и во шахот, а во изминатиот период во нашата земја се одржаа силни меѓународни шаховски турнири како Средба на Солидарноста, организирани 1967-1976 година на кои учествувале светските прваци Фишер и Карпов, тунирот Скопје Опен, како и Шаховската Олимпијада која се одржа во далечната 1972 година. Токму за Шаховската Олимпијада, Македонија има добиено пофални зборови и претставувала пример за организација на останатите шаховски олимпијади, потенцираше Спасески.

Директорот на АМС додаде дека очекува од овие натпревари Македонија да ги добие идните наследници на Трајко Недев, Весна Секуловска, Драгољуб Јаќимовиќ и Елизабета Чолаковска Шпољариќ.

Претседателот Азмајпарашвили се заблагодари за приемот и истакна дека очекува Македонија и Градот Скопје како домаќин да го организираат најуспешното Европско клупско првенство досега.

- Очекувам Македонија да се покаже во највисоко светло на организација, а со тоа и да претставува пример за организација на ова големо натпреварување. Во минатото имавме одлична потврда за организационите способности на Вашата земја и поради тоа и не се сомневаме, истакна Азмајпарашвили. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер