Други спортовиСпасески: Младите каратисти со златни букви се запишаа во историјата на македонскиот спортНа Европското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година што изминатите пет дена се одржуваше во Лимасол, Македонија освои вкупно шест медали, најмногу во историјата на македонското карате во оваа конкуренција.- Македонските каратисти кои настапија на ЕП во Лимасол со златни букви се запишаа во историјата на македонскиот спорт, бидејќи станува збор за најголем број освоени медали на евро-шампионат во оваа категорија. Уште еднаш се покажа дека каратето е еден од најуспешните спортови во Македонија. Тоа е спорт кој има голем потенцијал што бележи се подобри резултати, а тоа се должи и на добрата соработка на Карате федерацијата на Македонија со Агенцијата за млади и спорт, како и на клубовите кои одлично ги подготвуваат каратистите. Верувам дека традицијата на добри резултати што ги бележи овој спорт ќе продолжи и во иднина, изјави Спасески на денешната прес-конференција и додаде дека АМС ќе продолжи со финансиска и логистичка поддршка за македонските каратисти. Во Кипар, македонските каратисти се закитија со еден сребрен и пет бронзени медали. Сребро освои Абдурахим Идризи во кати за кадети, мажи, поединечно, додека со бронзени медали се закитија женскиот ката-тим, (Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа), во дисциплината борби кадетот Столе Смилковски (до 57 кг), јуниорите Петар Спасеновски (над 76 кг) и Азиз Исмаил (до 75 кг) и Моника Пендаровска. На првенството настапија околу 1.000 каратисти од 48 земји. Триесет и четирите македонски репрезентативци во Лимасол беа предводени од селекторите Александар Кузмановски (кадети и јуниори), Арлинд Хусеини (јуниори до 21 година) и Златко Димоски (кати), кои настапот и постигнувањата на ЕП ги оценија како еден од најголемите резултати за Македонија на меѓународните натпреварувања. - На сребрениот успех на светското првенство на женскиот ката тим се надоврза и европската бронза, што го вбројува овој тим во листата на непосакувани противници. За успех на секое натпреварување покрај константното залагање потребни се и добра среќа во жребот, како и фер судење. Тоа се параметри кои овој пат како и многупати пред тоа не ни беа наклонети. Но и тоа не беше пречка за освојување на бронза на македонскиот женски ката тим, но и сребрен медал во машка конкуренција за Абдурахман Идризи кој е прв поединечен медал во кати за Македонија воопшто, рече селекторот на ката тимот Златко Димовски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00