Спасески: Борењето на голема врата се враќа во Македонија - Канал 5

Спасески: Борењето на голема врата се враќа во Македонија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески на денешната прес-конференција рече дека македонската репрезентација со постигнатите резултати на Европското првенство до 23 години, кое се одржа во Валбирк, Полска, најави враќање на сјајот на еден од најтрофејните спортови во државата.

Спасески: Борењето на голема врата се враќа во Македонија
По пауза од осум години, Халил Зубаиров на Македонија и го донесе првиот медал од Европските првенства.

- Борењето е дефинитивно најтрофејниот олимписки спорт во нашата земја и последните резултати на нашите борачи ми даваат за право да констатирам дека ќе се врати во полн сјај и ќе го зацврсти приматот на спорт, по кој Република Македонија е препознатлива во светот. Со остварените резултати, односно со освоениот бронзен медал на Халил Зубаиров, полека, но сигурно, го враќа борењето на голема врата во Република Македонија, изјави Спасески.

АМС за активностите на Боречката федерација на Македонија за годинава обезбеди 900.000 денари, со што треба да се покријат и меѓународните активности на репрезентацијата, односно дел од трошоците за Европското првенство, Светското првенство во борење, кое во септември ќе се одржи во Лас Вегас, САД и Европските игри во Баку.

Спасески честитајќи им го успехот на сите репрезентативци, тренерите и целокупниот стручен штаб на репрезентацијата порача дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува борењето во очекување на нови успеси и секако, обезбедена норма за настап на Олимпијадата во Рио 2016.

Носителот на бронзеното одличие Зубаиров се заблагодари за поддршката од сите Македонци кои веруваа во него и за укажанат можност да настапува во репрезентацијата.

- Не застануваме тука. Одиме понатаму по нови успеси и со Божја помош до медал на Олимписките игри 2016 во Рио, истакна Зубаиров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дури ни градоначалникот на Њујорк не може да си дозволи влезница за Никси?!

Градоначалникот на Њујорк и голем навивач на  НБА тимот „Никс“, Зохран Мамдани, нема да присуствува на историскиот натпревар поради високите цени на билетите. 

Дури ни градоначалникот на Њујорк не може да си дозволи влезница за Никси?!

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, нема да биде на трибините во „Медисон Сквер Гарден“ на 20 октомври, кога „Њујорк Никс“ ќе го подигнат шампионскиот банер по повеќе од половина век чекање.

Причината? Цената на билетите!

На Мамдани, кој е голем навивач на „Никс“, му беше поставено прашање дали ќе присуствува на натпреварот против „Филаделфија 76ерс“, но неговиот одговор беше краток и многу директен.

„Брат, немам подготвено 2.000 долари за таа влезница“, рече Мамдани во интервју за „NBC New York“.

Кога новинарот потоа му предложи дека може да седне на една од највисоките трибини, градоначалникот со насмевка одговори: „Па, токму за тоа зборувам!“

Претходно, Мамдани се осврна на прашањето дали „Никс“ можат да ја одбранат титулата. Тој ги вкрсти прстите и рече: „Ајде де, се надевам – но со поевтини влезници.“

А цените навистина предизвикаа бура меѓу навивачите. Според податоците објавени од „Ројтерс“, цената на најевтината влезница за отворањето на сезоната достигнала 1.251 долар, додека во еден момент изнесувала дури 1.408 долари.

„TicketData“ забележала и претходен скок на 1.962 долари.

Сепак, подоцна се случил целосен пресврт.

Компанијата „Madison Square Garden Sports“ соопшти дека дошло до грешка во одредувањето на цените, поради што продажбата на поединечни влезници била привремено стопирана.

Компанијата најави враќање на минатогодишните цени со просечно зголемување од 12 отсто, а на навивачите што веќе купиле влезници по повисока цена ќе им биде вратена разликата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дедо Мраз гласаше на изборите за Руската дума

Во Нижни Новгород – Дедо Мраз „Јушто Кугиза“ пристигна да гласа на изборите за Руската државна дума во својот роден крај во руската Република Мари, соопшти регионалната изборна комисија.

Дедо Мраз гласаше на изборите за Руската дума

„Својот избор го направија претставници на најнеочекувани професии. На пример, марискиот Дедо Мраз, Јушто Кугиза – име што на мариски јазик се преведува како ‚Ладен Дедо“.

Тој не ја чекаше зимата и дојде лично да гласа“, изјавија од Изборната комисија на Република Мари, како што пренесе агенцијата РИА Новости.

Резиденцијата на марискиот Дедо Мраз се наоѓа во селото Кукнур во областа Сернур – најсеверната точка на републиката – каде што тој живее со својата внука, Лумудир.

„Јас, Јушто Кугиза, марискиот Дедо Мраз, денес лично дојдов на избирачкото место. Гласањето од далечина е добра работа, но личното присуство е нашиот начин – марискиот начин.

Ве повикувам да ни се придружите, било лично или од далечина. Најважно е да го направите својот избор“, рече тој вчера во обраќањето до жителите на републиката. Заклучно со 1 јули 2026 година, бројот на гласачи во оваа руска република изнесува 520.714, а низ регионот се отворени 495 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тренерот на Севиља: Како Равиња не е меѓу номинираните за „Златната топка“?

Капитенот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Бразилецот, Рафиња е во неверојатна форма, но сепак неговото име изостана од списокот со 30 номинирани за „Златната топка“ (Ballon d'Or).

Тренерот на Севиља: Како Равиња не е меѓу номинираните за „Златната топка“?

Бразилецот во последно време е еден од најважните фудбалери на Барселона, што го потврди и со брилијантниот настап во победата од 3–1 над Севиља.

Капитенот на Барселона постигна хет-трик, продолжувајќи ја сезоната во која речиси сè што ќе допре го претвора во гол.

По натпреварот, тренерот на Севиља, Луис Гарсија, не го криеше своето чудење што Рафиња не е номиниран за оваа престижна награда.

„Постојат работи во фудбалот што не ги разбирам. Конкретно, како е можно Рафиња да не е меѓу 30-те номинирани за ’Златната топка‘? Тоа ми изгледа апсурдно.“

Рафиња постигна 12 гола на своите први седум првенствени натпревари оваа сезона, а додаде уште два во Лигата на шампионите.

Вкупно, тој запиша 14 гола и три асистенции на осум натпревари. Веќе одигра три натпревари со најмалку два постигнати гола, а против Севиља го оствари својот втор последователен хет-трик. Интересно е што Бразилецот не се најде ниту на потесниот список од 30 кандидати за „Златната топка“, кој беше објавен на почетокот на септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер