Спанаќот е здрава намирница, но ако го приготвувате вака е отров! - Канал 5

Спанаќот е здрава намирница, но ако го приготвувате вака е отров!

 Еве која група на луѓе не би требало да го јаде

Спанаќот е здрава намирница, но ако го приготвувате вака е отров!

Спанаќот се расипува најбрзо во однос на другиот лиснат зеленчук.

Спанаќот е несомнено една од најздравите намирници. Треба да се внимава при консумирање, најдобро е да се подготви онолку колку што ќе изедеме, бидејќи подгревањето на спанаќот воопшто не се препорачува.

Спанаќот (најдобар е младиот) може да се јаде свеж, како салата. Богат е со витамини А, Ц, бета-каротен и фолна киселина. Овој зеленчук долго време се смета за најдобар извор на железо, што е неточно, бидејќи не го содржи во големи количини. Затоа, не можеме да очекуваме поголема корист во третманот на анемија од јадење оброк со оваа храна.

Совети за подготовка

* Секогаш купувајте свеж спанаќ, проверете дали стеблото и листовите не се жолти.

* Пред подготовката, потребно е добро да се измие спанаќот за да се отстрани преостанатата земја и другите нечистотии од листовите.

* Подготвениот спанаќ изедете го истиот ден, бидејќи не треба да се остава долго време, ниту пак треба да се подгрева.

* Остатоците од приготвениот спанаќ не треба да се чуваат на собна температура. Тие треба веднаш да се стават во фрижидер.

* Не се препорачува да се подготвува како чорба со брашно и маст од животинско потекло бидејќи може да предизвика дијареја.

* За да се зачуваат витамините и минералите, треба да се вари на пареа или во многу мала количина врела вода околу пет минути.

* Треба да се приготви со млеко за да се отстрани оксалната киселина, која се врзува за калциумот, создавајќи калциум оксалат и на тој начин се исфрла од телото. Можете исто така да користите некои млечни производи (јогурт, павлака, свежо сирење).

Кому може да му наштети?

Спанаќот содржи и одредени количини на оксална киселина, која поради високата концентрација на пурини може да предизвика проблеми кај пациентите со бубрежни заболувања, а треба да ја избегнуваат оние со гихт, жолчни камења и артритис.

Бидете внимателни, брзо се расипува

1. Единствената маана на спанаќот е што брзо се расипува бидејќи листовите му се нежни, а една од причините за тоа е големата количина на вода што ја содржи (90%).

2. Расипаниот спанаќ изгледа „лигаво“ или има непријатен мирис. Сепак, постои начин да се продолжи неговиот век на траење. Трикот е во тоа да остане сув. Затоа, треба да се измие непосредно пред готвењето.

3. Препорачливо е спанаќот да се консумира во рок од три дена, а можете и да го замрзнете, но пред тоа треба да го бланширате во врела вода две минути - додека не добие светло зелена боја, а потоа да го изладите под ладна вода. После тоа, се става во кеси за замрзнување, па се додава во јадењата на крајот од готвењето.

Зошто треба почесто да јадете спанаќ

Свежиот спанаќ е одличен извор на витамини А и Ц, лутеин и бета-каротен. Во комбинација истите формираат одлична заштита од разни болести.

Овој зеленчук е исто така богат со минерали како што се калиум (важен за снабдување на клетките со вода, регулирање на срцевиот ритам и крвниот притисок), магнезиум, манган, цинк (неопходен за раст и развој, производство на квалитетна сперма и подобрување на варењето) и бакар, кој му е потребен на телото за производство на црвени крвни зрнца. Тоа е одличен извор на омега-3 масни киселини, кои ја подобруваат концентрацијата и штитат од срцеви заболувања и срцев удар.

Бидејќи сезоната на спанаќ штотуку започна, тој сега е млад и има најдобар вкус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер