3Под контрола е пожарот во Сопиште: Направен е коридор за спас на шумата на Водно, гасат и „ер-тракторите“
Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
2Крива Паланка го носи најголемиот музички спектакл на летото – Лепа Брена, Ацо Пејовиќ и Слаткар на градскиот стадион на 29 август
ФудбалСпалети искрен по поразот: Бевме под секое нивоЛучано Спалети, селекторот на Италија, беше разочаран по мечот со Шпанија. Актуелниот европски првак го доживеа првиот пораз и сега треба да се бори со Хрватска во последното коло од групната фаза за да се пласира во следната фаза од натпреварувањето. На „азурите“ им одговара и нерешено на овој меч, а тешко е да се очекува дека Албанија може да ја изненади Шпанија. Во секој случај, се освен пораз ги води Италијанците во осминафиналето на ЕП. -Разликата ја направи свежината на Шпанците, тие беа многу побрзи од нас. Често доцневме со читањето на нивните постапки. Клучот на проблемот е секогаш ист, бевме под секое ниво во однос на правилните реакции. Не реагиравме на нивните постапки, изјави Спалети. Потоа се осврна на продолжението од мечот, кој и покрај промените не им донесе ништо добро на Италијанците. -Во второто полувреме успеавме да бидеме поенергични и поагресивни, создадовме ситуации кои можеа да не доведат до реми, но сепак беа пресилни за нас, како и за Хрватска, и заслужено беа први. Треба да размислиме како ќе бидеме во осминафиналето, а тоа ќе зависи од нашиот избор на игра, тактика, се: ако изборот не е добар, ако нема вистински решенија, тогаш работите се комплицираат, рече Спалети. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНов електричен мотор: Наместо ретки метали, користи други материјалиПовеќето модерни електрични мотори користат силни трајни магнети направени од ретки и скапи метали - се чини дека не мора да биде вака.Индискиот стартап „Vimag Labs“ тврди дека пронашол решение кое би можело да ја намали зависноста на автомобилската индустрија од гореспоменатите суровини - наместо класични магнети, компанијата користи дигитален систем за контрола кој користи софтвер и прецизна електроника за да создаде потребно магнетно поле во реално време, точно таму каде што е потребно. Според порталот „Electrek“, клучот за иновациите не е во новиот материјал, туку во напредниот софтвер кој ја контролира работата на моторот. Основачот и директор на компанијата, Маниш Сет, наведува дека во развојот на оваа технологија се инвестирани повеќе од 87.600 инженерски часови, објавува „RevijaHAK“. „Vimag Labs“ во меѓувреме доби патент за своето решение и собра околу 4,4 милиони евра инвестиции, додека првите прототипови веќе ги тестираат производителите на мотоцикли и автомобили. Big win for India's EV industry 🇮🇳⚡ Bengaluru-based Vimag Labs has patented a rare-earth-free EV motor to reduce India's dependence on China. The motor uses software, copper coils, steel, and power electronics instead of rare-earth magnets. pic.twitter.com/HJzGhPoNKZ — Vinish Keshri (@vinishkeshri12) July 15, 2026 Експертите, сепак, предупредуваат дека моторите без трајни магнети традиционално имаат еден голем недостаток - тие обично трошат повеќе електрична енергија од класичните решенија. Дали „Vimag“ успеал да го елиминира овој проблем ќе покаже само независно тестирање и сериска примена. Целата индустрија бара алтернатива Производителите на автомобили со години се обидуваат да ја намалат употребата на ретки метали. Тесла уште во 2023 година објави дека сака целосно да ги елиминира од следната генерација електрични мотори. „General Motors“ и „Stellantis“ инвестираат во развој на алтернативни нитридни магнети, додека „BMW“ со години користи електрични мотори без трајни магнети. Кај нив, магнетното поле се создава со помош на калеми, но таквото решение ја зголемува масата на моторот и бара дополнителна електроника за управување со протокот на струја. Затоа ќе биде интересно да се види дали пристапот на „Vimag Labs“ ќе претставува значаен технолошки пробив или ќе остане само интересен експеримент.Тагови: електричен мотор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Волково пожарот зафати една куќа, пожарникар доби изгоренициГолем пожар околу пладне избувна и во населбата Волково.И овој пожар е ставен под контрола, благодарение на интевенцијата на скопските пожарникари, кои излегле на терен со 4 возила. Огнот брзо се ширел поради силниот ветер и зафатил една куќа, која целосно изгорела. При гаснењето, еден пожарникар, се здобил со изгореници на раката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter