СПАК заплени имот вреден милион евра на поранешен полициски функционер, стекнат од криминал

По налог на  Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК,  запленет е имот вреден милион  евра сопственост на поранешен висок полициски функционер, стекнат од криминални активности. 

Станува збор за Олтион Бистри, поранешен Началник на албанските полициски оперативни сили, кој е дел од уапсените во досието "Метаморфоза".

„Од спроведените истраги и обезбедените докази во оваа постапка, евидентирано е дека од 2015 до неговото апсење минатата година Бистри и неговите роднини извршиле сомнителни трансакции во врска со продажба и купување на недвижен имот од над 1.130 квадратни метри (станови и деловен простор) во вкупна вредност од милион евра“, се наведува во официјалното соопштение на СПАК.

Уапсените во споменатиот предмет, вклучително и Бистри, се во притвор.

Неодамна министерот за внатрешни работи Таулант Бала најави " нов начин на третирање на конфискуваните имоти стекнати од криминални активности, кои се проценуваат на десетици милиони евра".

- Во својство на министер за внатрешни работи наредив забрана за продажба на запленети имоти. Сите имоти одземени од криминални субјекти ќе бидат ставени на располагање на невладини организации кои се ангажираат во ублажување и надминување на тешките социјални проблеми, најави тој.

Деновиве заедно со неговиот косовски колега Џељаљ Свечља беа во посета на приморскиот град Валона каде еден конфискуван хотел ќе се користи за обука и рекреација на полициски службеници на двете земји.

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

„Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека треба сериозно да се посветиме на заштита и унапредување на работничките права.

Единствено задоволни работници се успешни и мотивирани работници кои можат да придонесат за напредок и просперитет на државата.

За таа цел, секој работник треба да има фер третман од страна на работодавачот, да се чувствува безбедно, сигурно и заштитено на работното место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван.

Наша задача е да продолжиме да ги поддржуваме заложбите на синдикалните организации, да помогнеме во унапредување на стандардите и условите за работа, со цел сите работници да имаат праведни и еднакви можности за реализација и развој на професионален план.

Честит 1 Мај на сите работници!“

СДСМ: Честит 1 мај, СДСМ останува на страната на работниците

Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.

СДСМ како партија која се води од социјална правда, еднаквост и солидарност како социјалдемократски вредности, секогаш е на страната на работниците.

Со низа мерки и политики СДСМ ги унапредува работничките права, бидејќи напредокот се обезбедува со вреднувани, мотивирани и почитувани, работници.

Откако заврши режимот на Груевски, кој ја рекламираше Македонија како земја со евтина работна сила, СДСМ работеше посветено на враќање на достоинството на работниците, значително ги зголеми платите во сите сектори.

Минималната плата од 8.000 денари, а во некои сектори и помалку, сега е покачена на 22.500 денари и ќе продолжи да расте.

Просечната плата достигна историски највисоко ниво од речиси 40.000 денари. Зголемена е за 50% во однос на 2016 година.

СДСМ предвреме го исполни ветувањето за просечна плата од 500 евра, а за наредниот мандат гарантира европски животен стандард, просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра.

Исто така исполнето е и ветувањето за недела – неработен ден, ден за одмор со семејствата, а за оние што ќе работат обезбедена е двојно поголема дневница.

Со антикризните мерки за време на здравствената и економската криза, СДСМ спаси илјадници работни места.

Во СДСМ работниците имаат искрен партнер и сојузник во залагањата за заштита и унапредување на работничките права, за повисоки плати.

Со СДСМ работниците никогаш нема да биде оставени сами.

Нека ни е честит Денот на трудот!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство, на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Љупчо Палевски ќе биде естрадиран во најкус можен рок, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако министерството за правда соопшти дека е одобрена екстра-дицијата од турските власти, а јавното обвинителство информира дека за екстради-цијата надлежно е Министерството за внатрешни работи.

„Од секторот за меѓународна полициска соработка ја добивме информацијата дека е одобрена екстра-дицијата за предметното лице. Нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сѐ што е потребно од аспект палевски, лицето кое е во прогон од страна на обвинителството, да биде изнесено пред лицето на правда“, изјави Тошковски.

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство, на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

притисни ентер