СПАК откри криминалната група, која за 20-45 000 долари пренесувала албански државјани до САД - Канал 5

СПАК откри криминалната група, која за 20-45 000 долари пренесувала албански државјани до САД

Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК,  откри криминална група, која преку фалсификувана документација, организирала префрлување албански државјани, со крајна дестинација Соединетите американски држави.

СПАК откри криминалната група, која за 20-45 000 долари пренесувала албански државјани до САД

Оваа криминална активност се сомничи дека е добро организирана на транснационално ниво, бидејќи илегалниот премин во САД е потврдено дека се вршел на релација Албанија-Италија-Шпанија-Мексико-САД.

-Лицата инволвирани во оваа криминална активност вршеле, пред сè воспоставување контакт меѓу лицата заинтересирани за заминување во САД а главниот организатор Л.М., во соработка со други лица, обезбедувало брзо изготвување фалсификувани документи за идентификација, патни билети, опремување со нови мобилни уреди и телефонски броеви, според земјите во кои се вршело патувањето и слично, јавија албанските медиуми.

Заинтересираните лица со албански пасош ја преминувале албанската граница, а на аеродромите во Шпанија од каде се вршел транзитот кон Мексико, па потоа кон САД, ги пречекувале други лица инволвирани во оваа криминална активност, кои ги обезбедувале нив со фалсификуван документ за идентификација. Целата оваа активност траела не повеќе од 15-20 дена и секое лице плаќало сума од 20 до 45 илјади долари.

Приведени се пет лица на кои им е одредена мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода

Ешерихија коли откриена во морето кај Корчула

Во екот на туристичката сезона, на плажата Билин Жал во Лумбарда на хрватскиот остров Корчула е регистрирано краткотрајно фекално загадување на морската вода, поради зголемено присуство на бактеријата ешерихија коли, соопштија здравствените власти.

Според резултатите од шестото редовно испитување на квалитетот на водата, што го спроведе Институтот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија, концентрацијата на бактеријата ја надминува дозволената гранична вредност.

Поради тоа, надлежните препорачуваат посетителите привремено да не се капат на оваа плажа сè додека квалитетот на морската вода повторно не биде оценет како безбеден.

Институтот најави дека ќе продолжи со дополнителни анализи и земање примероци сè до целосно исчезнување на загадувањето. За случајот се известени инспекциските служби и другите надлежни институции, кои ќе го следат развојот на состојбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови

Колоните возила во јужна Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови.

Колоните возила на југот на Хрватска надминуваат 20 километри, локалното население ги прима патниците во своите домови

Според читател на порталот хрватскиот портал Индекс.хр, кои испратил фотографии во редакцијата од Жупа Дубровачка, долги колони возила има на границата меѓу Хрватска и Црна Гора. Порталот добил и видео на кое се гледа долга колона возила во Чилипи.

Според неофицијални информации од терен, времето на чекање на границата со Црна Гора наводно достигнува и до 28 часа.

Локалното население им обезбедува вода на оние што се заглавени во колоните и им дозволува да ги користат тоалетите во нивните домови.

Според ХАК (Хрватскиот авто-клуб), времето на чекање надминува 10 часа, што ја прави ситуацијата опишана од читателот сосема веродостојна.

Снимките од Чилипи, направени утрово пред 7 часот, прикажуваат колона возила што речиси и не се движи, а се протега кон границата со Црна Гора. Според проценките на читателите, колоната е долга над 21 километар. Луѓето излегуваат од своите автомобили и стојат покрај патот.

Сообраќајот во Конавле се одвива со големи застои, особено на патиштата кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“.

Сообраќајот кон Груда е речиси целосно закочен, па на локалното население му се препорачува да ги користи споредните патишта низ селата.

Долгите колони возила што се упатуваат кон граничните премини „Дебели Бријег“ и „Конфин“ се резултат на значителниот пораст на транзитниот сообраќај кон Црна Гора, новите гранични процедури и ограничениот капацитет на самите премини. Поради побавното одвивање на граничните контроли, сообраќајниот метеж се прелева на патиштата низ Конавле, што резултира со колони долги со километри и чекање што трае со часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна недела

Топлотниот бран кој ја зафати државата ќе се задржи и во текот на следната недела.

УХМР: Топлотниот бран ќе потрае во текот на целата следна недела

Од УХМР за Канал 5, велат толотно време ќе потрае, а кон крајот на следната недела, температурите ќе бидат и над 40 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер