1Јаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедност
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
БалканСПАК оформи обвинението против поранешниот албански претседател, Илир Мета и Моника КруемадиАлбанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), ги заокружи истрагите и оформи обвинение за корупција и перење пари против поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.Албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), ги заокружи истрагите и оформи обвинение за корупција и перење пари против поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета и неговата доскорешна сопруга, Моника Круемади. СПАК ги заврши истрагите за досието ЦЕЗ-ДИА, лобирањето во САД на поранешната партија Движење за социјалистичка интеграција, сега Партија на слободата, и истрагата за имотот, против Илир Мета и Моника Круемади. Поранешната двојка Мета-Круемади, која се разведе пред кратко време, беше под истрага за корупција, перење пари и непријавување и прикривање на имот. Се очекува СПАК во рок од неколку дена да го испрати досието до Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, каде на претходно рочиште, ќе се одлучи дали случајот ќе продолжи на судење, ќе биде вратен на довршување или ќе биде отфрлен. Мета, кој е во затворски притвор, остро реагираше оценувајќи го процесот како „истражна фарса“ со политички мотиви. Во реакција на Фејсбук, тој директно го обвинува СПАК како структура заробена од премиерот Еди Рама, опишувајќи го неговото апсење на 21 октомври 2024 година како криминално и не засновано на никакви правни докази. Фарса во служба на Еди Рама! Нула факти, нула докази. Целта на поднесените обвиненија е да се сврти вниманието од изборните злосторства, кои не можеа да се случат без помош од СПАК и да се нападне опозицијата, напиша Мета на Фејсбук. Тој предупреди на јавно соочување на суд, каде што, според него, ќе биде соборена целата „политичка фарса насочена кон дискредитирање на неговата личност и зајакнување на контролата на мнозинството врз институциите“. Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаревски: Историски договори за повисоки плати во здравство, образование, администрација, безбедностВладата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го унапредува социјалниот дијалог и да создава услови за повисоки примања преку институционални решенија и колективно договарање. За првпат се постигна договор со синдикатите УПОЗ и САДО за повисоки плати на административните службеници, а кон договорот се приклучија и други синдикални организации. Со тоа за првпат по долг период се обезбедува системско подобрување на статусот на вработените во администрацијата. Од превземањето на обврската владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ досега, за 20% се зголемени платите на просветните работници и на сите вработени во образованието. Согласно колективниот договор, вработените во основното и средно образование ќе добијат од 46 до 60% повисоки плати во еден мандат, а за 14% се зголемија платите и на универзитетските професори. Со потпишувањето на анексот на колективниот договор значително се зголемија и платите на сите вработени во македонското здравство. Согласно договорот платите на здравствените работници се зголемија за 4815 денари нето, додека зголемувањето за медицинските сестри изнесува дури ,200 денари и до крајот на мандатот покачувањето на платите треба да достигне дури 50%. По долги години во соработка и дијалог со претставници на синдикалните организации, колективен договор добија и вработените во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците за вработените и подобрување на нивниот работен статус. Исто така се зголемија и платите на вработените во безбедносните структури кои преку јасен план ќе продолжат и понатаму да се зголемуваат. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ никој не е заборавен. Сите работници го добиваат заслуженото внимание, грижа и паричен надоместок за својот труд. Ќе продолжиме да работиме исклучиво во интерес на граѓаните преку дијалог, партнерство и политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места и стабилен економски развој. Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрваПолицијата вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. - На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен. По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадериПожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот. Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање. На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби. Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook