3ВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарноста
Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
2Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
ФудбалСпахиу нов фудбалер на ВардарПоранешниот младински фудбалски репрезентативец на Македонија, Едиз Спахиу, ги засили редови на Вардар пред пролетниот дел на прволигашката сезона, објави денеска најтрофејниот македонски клуб.Дваесетитригодишниот напаѓач доаѓа во Вардар од редовите на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна четири голови на 18 натпревари. Спахиу, кој минатата сезона со Тиквеш го освои Купот на Македонија, има 106 настапи во ПМФЛ на кои постигнато 23 голови. Поранешниот репрезентативец во селекциите до 19 и 21 година, потекнува од младинската школа на Шкендија, а пред Тиквеш настапуваше за Гостивар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолем пожар во парк шумата Гази Баба (ВИДЕО)Голем пожар претпладнево избувна во парк шумата Гази Баба.Пожарот се заканува дека ќе ги зафати станбените објекти во околината на парк шумата Гази Баба. Од ЦУК информираат дека на терен делуваат противпожарните екипи на Град Скопје. Според последните информации од ДЗС , пожарот е ставен под контрола. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика Ова раководство на ДУИ го мрази мнозинството Албанци кое ги испрати во опозиција. Нивната деструктивност и нагон за самоуништување зазема загрижувачки размери. Блокираат Закон за правична застапеност и директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот договор. Ова раководство на ДУИ боледува од политичко слепило. Не ја сфаќаат сопствената одговорност. Со нивното криминално владеење цели 22 години во Владите на СДСМ и ВМРО станаа најлошиот можен претставник на Албанскиот глас. Албанците повеќе не сакаат да бидат претставувани од луѓе кое злоупотребувале и проневериле ЕУ фондови и не им обезбедиле на граѓаните чиста вода за пиење. Албанците нема никогаш повеќе да се идентификуваат со ова нереформирано ДУИ кое е директно одговорно за обезвреднување на Албанската политика. За да се спасат од кривична одговорност за нивното коруптивно поведение во последните Влади на СДСМ, малата група околу Ахмети се нуди политички да одработи ВМРО да освои повеќе од 60 пратеници на следните парламентарни избори. Обидот да се создава лажна слика дека правата на Албанците се загрозени само затоа што ДУИ не е коалиционен партнер и во оваа Влада е свесно и со умисла одработување за политичките интереси на Македонската десница и предавство на Албанската кауза, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Скопје памети, 63 годишнина од земјотресот, во чест на жртвите со благодарност за солидарностаДенес Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година, ден што засекогаш го промени ликот на градот, но не и духот на неговите жители.Во чест на оние што ги загубија животите, со почит кон преживеаните и со благодарност до сите што помогнаа Скопје повторно да се издигне, денес на 63 годишнината, се поклонуваме пред историјата што нe научи на солидарност, храброст и човечност. Во овие моменти со пиетет им оддаваме почит на сите загинати, се поклонуваме пред храброста на преживеаните и со благодарност се потсетуваме на несебичната помош што пристигна од целиот свет. Благодарение на единството, човечноста и меѓународната солидарност, Скопје не само што беше обновено, туку стана препознатливо како град на солидарноста, симбол на надежта, отпорноста и вербата во подобрата иднина. Нашата обврска денес е да го чуваме тоа наследство. Да градиме институции што се грижат за граѓаните, да вложуваме во безбедност, отпорност и развој и да негуваме општество во кое солидарноста, единството и меѓусебната почит ќе бидат темел на секој напредок. Нека споменот никогаш не избледи, а пораката за единство и надеж продолжи да живее во секоја генерација. Скопје памети. Скопје не заборава, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47