SpaceX лансира 60 сателити во вселената, ракетата не слета според планот (ВИДЕО)

Компанијата на Илон Маск досега лансира 300 сателити Starlink.

SpaceX денеска успешно лансира уште една серија од 60 сателити Starlink во орбитата, но имаше проблем со слетувањето на ракетата.

Ракетата Фалкон 9 полета од вселенската станица Кејп Канаверал, во Флорида.

Лансирањето се одвивало без метеж по 24-часовното одложување, како резултат на проблем со компонента на вентилот, во втората фаза на ракетата.

Ракетата „SpaceX Falcon 9“ лансира 60 нови сателити „Старлинк“ во орбитата од воздушната станица Кејп Канаверал, Флорида, на 17 февруари 2020 година.

По успешното лансирање, првата фаза на ракетата не успеа да се спушти на платформата за слетување на беспилотни летала „SpaceX“ ж во Атлантскиот Океан. Оваа мисија на „Старлинк“ беше 80-то лансирање на „SpaceX“, соопшти компанијата.

„Јасно е дека не успеваме да слетаме овој пат“, рече инженерот на SpaceX Starlink, Лорен Лионс.

Ракетата направи „меко слетување“ во океанот, а SpaceX е оптимист дека слетала неоштетена, соопштија претставниците на SpaceX.

Дневен хороскоп за 30. март 2024 година

Дневен хороскоп за сабота, 30. март 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него.

Кариера

Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна.

Здравје и совет

Внимавајте на главата.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни.

Кариера

Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите.

Здравје и совет

Поместете ги своите граници.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат.

Кариера

Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински.

Здравје и совет

Концентрирајте се на позитивните работи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени.

Кариера

Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди.

Здравје и совет

Меланхолија.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план.

Кариера

Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги.

Здравје и совет

Напредувате во секој поглед.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања.

Кариера

Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава.

Здравје и совет

Подобрување.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе.

Кариера

Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот.

Здравје и совет

Посилни сте од ден во ден.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место.

Кариера

На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива.

Здравје и совет

Се интересирате за козметика.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш.

Кариера

Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли.

Здравје и совет

Не манипулирајте со другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого.

Кариера

Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место.

Здравје и совет

Проанализирајте се себеси.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете.

Кариера

Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете.

Здравје и совет

Бидете зрели и воздржани.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот.

Кариера

Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања.

Здравје и совет

Телесно сте одлично , емотивно сте празни.

Осумгодишно девојче било вшмукано во одвод на базен, очајната мајка го тужи хотелот (ВИДЕО)

Полицијата во Хјустон, Тексас,  ја истражува смртта на осумгодишното девојче чие тело било пронајдено во голема цевка во хотелски базен каде што таа пливала со семејството.

Институтот за форензички науки на округот Харис одлучиле дека смртта на Алија Јаико е случајно давење.

Велат дека таа починала од давење и механичка асфиксија, кога некој предмет или физичка сила ќе спречи некого да дише. Се чека извештај од обдукцијата.

Полицијата соопштила дека девојчето било пронајдено „во голема цевка во просторот на базенот“ и било прогласено за мртво на местото на настанот, пишува The Guardian.

Меѓутоа, нејзината мајка, Даниела Јаико, поднела тужба против хотелот, тврдејќи дека детето било вшмукано во необезбеден отвор во системот за проток на базенот широк од 30 до 40 сантиметри.

Нејзиното тело подоцна било пронајдено на околу 6 метри длабоко во цевката.

„Тие мораа да го скршат бетонот за да ја извлечат, да ја исечат цевката, тоа беше апсолутно ужасно“, рече Ричард Нава, адвокатот на нејзината мајка, на прес-конференција.

Семејството на девојчето го тужи хотелот за повеќе од 1 милион долари додека полицијата го истражува случајот.

Адвокатот на семејството изјави дека мајката на Даниела го вклучила алармот околу 14 часот и 50 минути веднаш штом сфатила дека нејзината ќерка ја нема.

По избезумената потрага, таа побарала од персоналот на хотелот да ги види снимките од надзорните камери, но раководството „го одбило нејзиното барање и објаснило дека полицијата ќе мора да биде присутна за да го види видеото од надзорот“, се вели во извештајот.

Мајката повикала полиција која го прегледала видеото. Снимката покажала дека девојчето исчезнало под вода и никогаш не излегло на површина.

Базенот бил исцеден и нејзиното тело било пронајдено „заглавено во цевките на неисправната опрема за базен“ во 23.30 часот.

Полицијата во Хјустон соопштила дека детективите „ги чекаат резултатите од обдукцијата за очигледното давење на дете“.

„Истрагата продолжува“, додаде портпаролот.

Скандал во Прага: Трудница отишла на редовен преглед, по грешка ѝ направиле абортус

На трудницата која дошла на редовен преглед во болница во Прага ѝ направиле абортус откако лекарите не сфатиле дека се работи за погрешна пациентка.

Во трагичниот инцидент претходно оваа недела, мешањето на две странски жени во Универзитетската болница Буловка во Прага 8 резултираше со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, објави CNN Prima.

Здравствениот експерт вели дека освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.

Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).

Така бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.

„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентката и целото семејство“, рече портпаролот на министерството Онџеј Јакоб во соопштението за печатот.

„Имаше непростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.

Од самата болница за информативниот портал „Novinki.cz“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.Според чешките медиуми и двете пациентки биле странски државјанки кои живеат во Чешка.

Официјалните лица не објавиле никакви информации за идентитетот на жените.

притисни ентер