Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
1Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИ
3Концертот на Дуо Скупи и изложбата на Ивана Настеска – уште еден исклучително успешен културен настан на Македонскиот КИЦ во Загреб
ФудбалСП2026: Бранителот на тонот Аргентина против аутсајдерот Зеленортски острови на „мускули“ обезбеди 1/8 финалеДури по продолженијата актуелниот светски шампион Аргентина успеа да го скрши отпорот на мундијалската сензација Зеленортски острови и да обезбеди место меѓу 16 најдобри на Светскиот шампионат. Аргентина мина низ „иглени уши“ – им се поклонуваме на Зеленортските Острови! Фудбалерите на Аргентина ги совладаа Зеленортските Острови со резултат 3:2 (1:0) по продолженијата и со тоа, со големи маки, се пласираа во осминафиналето на Светското првенство. Сите очекуваа бранителот на титулата без проблеми без многу напор да ја мине првата елиминациска рунда на Мундијалот, но така не мислеа фудблерите на Зеленортските острови кои вистински ги намачија аргентиснките ѕвезди. Гаучосите мораа да играат и продолженија за да стигнат д посакуваното осминафинале. Аргентина - Зеленортски Острови 3:2 (Меси 29', Лисандро Мартинез 93', Дини 111'-аг / Д. Дуарте 59', Лопес Кабрал 103') По голема драма и продолженија, Аргентина гИ совлада Зеленортските Острови со 3:2 во осминафиналето на Светското првенство. Актуелните шампиони двапати водеа, но исклучително борбената африканска репрезентација и во двата наврати се врати во игра и избори дополнителни 30 минути. Пресуден беше автоголот на Динеј во 111-тата минута по корнерот на Лионел Меси, па така Аргентина во четвртфиналето ќе игра против Египет, кој претходно ја елиминираше Австралија. Првото полувреме помина во очекувана доминација на Аргентина во поседот на топката, но и со цврста одбрана на Зеленортските Острови. Клучниот момент се случи во 29-тата минута кога Меси, по одличното долго додавање од Лисандро Мартинез, го постигна водечкиот гол. Тоа беше негов седми гол на турнирот и јубилеен 20-ти на светските првенства, со што дополнително го зацврсти својот рекорд, но и стана само четвртиот играч во историјата што постигнал гол на пет последователни натпревари од нокаут-фазата на СП. Во продолжението, Зеленортските Острови заиграа похрабро и беа наградени со израмнувачки гол во 59-тата минута, кога Дерој Дуарте го совлада Емилијано Мартинез со прецизен удар. Аргентина потоа го засили притисокот, но голманот Возиња, со неколку одлични одбрани – вклучително и онаа на чистата шанса на Меси – го задржа резултатот и го одведе натпреварот во продолженија. Во продолженијата, Аргентина брзо повторно поведе со голот на Лисандро Мартинез во 93-тата минута, но уследи нов шок кога Сидни Лопес Кабрал постигна спектакуларен гол од тежок агол во 103-тата минута за израмнување на 2:2. Сепак, конечната одлука падна во 111-тата минута, кога Кристијан Ромеро упати удар со глава по корнерот на Меси, а топката се одби од Динеј и заврши во мрежата за конечни 3:2 и пласман на Аргентина по еден од највозбудливите натпревари на турнирот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: ВМРО-ДПМНЕ врати долг од 2,31 милијарди евра за две години, наспроти 806 милиони евра во времето на СДС и ДУИФактите се мерат со бројки. Вратен долг (отплатена главнина) во првите 24 месеци од мандатот:СДС–ДУИ: 49,6 милијарди денари - 806 милони евра вратена главнина на долг. ВМРО-ДПМНЕ: 142,2 милијарди денари - 2,31 милијарди евра вратена главнина на долг. Тоа се 2,87 пати или 187% повеќе средства насочени кон сервисирање на доспеаната главнина. Важно е да се напомене дека средствата што ги исплаќа оваа влада се без исклучок земени во мандатот на претходната влада. Одговорното управување со јавните финансии значи обврските да се сервисираат навреме, а истовремено да се обезбедат средства за функционирање на државата, инвестиции и развој. 2,31 милијарди евра вратена главнина за две години. Бројките најдобро ја покажуваат тежината на обврските што државата ги сервисира. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЛутиот Рио Фердинанд остро ги нападна фудбалерите на Јунајтед по дебаклот против КомоКога легендарниот Рио Фердинанд командуваше со одбраната на Манчестер Јунајтед, противничките напаѓачи тешко наоѓаа пат до голот на „Црвените ѓаволи“ од Олд Трафорд.Сепак, времињата кога славниот англиски клуб влеваше страв кај своите ривали се одамна минато, а најновиот пораз дополнително го продлабочи незадоволството. Вчера екипата на Комо – која до неодамна настапуваше во четвртиот ранг на италијанскиот фудбал – му одржа лекција на големиот Манчестер Јунајтед предводен од Мајкл Керик. Ваквото издание го разбесни легендарниот Фердинанд, кој е познат по своите директни и остри коментари, па тој не го поштеди ниту сегашниот состав на Јунајтед. „Поради појавувањето на Сеск Фабрегас на теренот, изгледавме како тим што добил на лотарија за да учествува во Лигата на шампионите. Во одредени моменти изгледаше како Комо да има 12 играчи на теренот. Бевме целосно безопасни во нападот. Во тимот немаше никаква енергија за трчање. Не бевме способни да извршиме притисок врз Комо. Без никаков план кога ја имавме топката во посед“, напиша Фердинанд на Твитер. Сепак, легендарниот дефанзивец не сакаше да ги омаловажи заслугите на италијанскиот тим и неговиот тренер, Сеск Фабрегас, кого го пофали за начинот на кој го изградил тимот и ги спровел своите фудбалски идеи. – Големи заслуги му припаѓаат на Сеск за начинот на кој го изгради овој тим, а исто така се гледа и како ги вградил своите идеи во екипата. Секој си ја знае својата задача и сите се максимално фокусирани, како со топката, така и без неа. Тие им додаваат топки на соиграчите дури и кога се под притисок – тоа е одличен пример за меѓусебна доверба. Фердинанд не застана тука, туку продолжи со критики за состојбата во неговиот поранешен клуб. Тој е особено загрижен поради недостатокот на самодоверба, а како дополнителен проблем ги наведе и бројните повреди. – Но, тоа не ни е никакво оправдување. Вечерва бевме слаби и во моментов изгледаме како тим што нема апсолутно никаква самодоверба – потребно е многу работа за да се промени ова... А да не зборувам воопшто за повредите! Разликата во буџетите дефинитивно не се одрази на разликата меѓу двата тима на теренот. Инаку, Нико Паз е одличен фудбалер. Неговите зборови уште еднаш го покажаа степенот на незадоволство од ситуацијата во Манчестер Јунајтед, додека Комо продолжува да го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност со своите настапи под водство на Фабрегас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Владата се фали со економски успеси, а народот едвај преживува!70.358 денари за основни трошоци, над 85.000 денари за семејствата под кирија! А Владата без срам ни продава приказни за раст на платите и подобар животен стандард!Кого лажете?! Родителите кратат од сопствените потреби за да ги прехранат децата, работниците живеат од плата до плата, а младите сè почесто ја бараат својата иднина надвор од Македонија! Дури 10.200 денари разлика меѓу владината и синдикалната кошничка! За вас игра со бројки, за граѓаните храна на масата и неплатени сметки! Ги одбивате конкретните предлози на ЛДП, а со ребалансот повторно нудите празни ветувања наместо вистинска помош. Доста со економската пропаганда! Граѓаните не јадат проценти, не плаќаат сметки со прес-конференции и не живеат од вашите самопофалби! Ако економијата ви цвета, зошто народот ви осиромашува?! Време е да престанете да се фалите и да почнете да одговарате!Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook