3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
ФудбалСП 2018: Белгија со гол во последните секунди против Јапонија до четвртфинале Белгија со пресврт и со гол во последните секунди од судиското надополнување ја совлада Јапонија со 3:2 во натпревар од осминафиналето на Светското првенство во Русија.Иако Белгија имаше фаворитската улога на натпреварот, сепак потешко од очекуваното стигна до четвртфиналето. Првиот дел помина во релативно израмнета игра и без голови. Во почетокот на вториот дел Јапонците ја шокираа Белгија и тоа Генки Харагучи во 48-та минута беше прецизен за водство од 0:1, а четири минути подоцна Такаши Инуи зголеми на 0:2. До крајот на натпреварот Белгијците се консолидираа и го зголемија притисокот врз голот на Јапонија, а по неколку неуспешни обиди во 69-та минута Јан Вертонген намали на 1:2. Пет минути подоцна Маруан Фелаини израмни 2:2 и ја врати Белгија во игра. Во последните секунди од натпреварот Насер Чалди постигна гол за победа и во 94-та минута го постави конечниот резултат 3:2 Белгија во четвртфиналето ќе се соочи со Бразил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНесовесни граѓани го вандализираа надземниот премин „Влајко“Во текот на денешниот ден, сведоци сме на уште еден вандалски чин на надземниот пешачки премин „Влајко“ кој се наоѓа во населбата Влае.Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење. По санирањето на настанатите штети, преминот повторно ќе биде ставен во функција. За повторното отворање, јавноста дополнително ќе биде информирана. Општина КарпошКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАпсења на Косово: Функционери во Министерството за образование зад решеткиПрипадници на косовската полиција денеска уапсија неколку вработени во Министерството за образование, наука и технологија во Приштина под сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба.Според информациите објавени од медиумите, меѓу уапсените се Фадиле Дила, Фехми Зилфиу и Џемајл Бузуку, објави Индексонлајн. Засега нема детали за што конкретно се товарат уапсените, ниту пак се објавени за какви околности се однесува истрагата. Се очекува надлежните органи на Косово да објават повеќе информации за случајот, како и за понатамошниот тек на постапката против осомничените. Според достапните информации, сите уапсени се осомничени за кривично дело злоупотреба на службена положба, а истрагата треба да ги утврди сите околности и евентуалната одговорност на осомничените. Истрагата, која треба да фрли светлина врз сите околности на овој случај, е во тек.Тагови: Косово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
МакедонијаЈанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границатаДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид, каде со раководството разговараше за актуелните безбедносни предизвици и унапредувањето на полициското работење. Фокусот беше ставен на ризиците од прекуграничен криминал долж зелената и водената граница, состојбата на граничните премини, движењето и престојот на странски државјани, како и потребата од навремено препознавање и спречување на безбедносните ризици. „Безбедносната состојба е стабилна и поволна, но стабилноста не значи пасивност. Полицијата мора навреме да ги предвидува, анализира и спречува ризиците“, истакна Јанев. На средбата беше разговарано и за материјално-техничкото и кадровското зајакнување на капацитетите, функционирањето на регионалните командни центри, како и за унапредување на координацијата и размената на информации со надлежните институции. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на концептот „One Stop“ на граничните премини со Албанија, почнувајќи од ГП „Ќафасан“. „Целта е јасна – сигурна граница и полиција која делува превентивно и е чекор пред безбедносните предизвици“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook