Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро - Канал 5

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро

-Преку апликацијата, граѓаните можат да бележат набљудувања на однесувањето на пеликаните при хранење и да им помогнат на научниците подобро да ги разберат предизвиците со кои се соочуваат овие птици.

Создадена мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро

Македонското еколошко друштво (МЕД), Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија во рамки на „Проект ПреспаНЕТ III – зачувување на биолошката разновидност на прекугранична Преспа“ промовираа мобилна апликација за следење и истражување на пеликаните во Преспанско Езеро.

Мобилната апликација „PelicanWatch“ ја создаде Друштвото за заштита на Преспа од Република Грција, таа е едноставна мобилна апликација која им овозможува на сите набљудувачи на птици или едноставно љубители на природата, да учествуваат во вистинско научно истражување.

-Преку апликацијата, граѓаните можат да бележат набљудувања на однесувањето на пеликаните при хранење и да им помогнат на научниците подобро да ги разберат предизвиците со кои се соочуваат овие птици. Апликацијата „PelicanWatch” исто така овозможува лесно евидентирање набљудувања на пеликани кои се веќе означени од научниците, информираа од македонското друштво МЕД.

Пеликаните се едни од најрепрезентативните птици на нашите езера и симболи на нашето природно наследство – особено во регонот на Преспанското Езеро и за нивно следење непречено може да се презема и користи апликацијата „PelicanWatch” за како што соопштуваат од МЕД, уште веднаш да се помогне во заштитата на пеликаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Добредојде во Охрид за српскиот премиер Ѓуро Мацут!

Попладнево во Охрид го пречекав премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, кој престојува во посета на нашата земја.

Муцунски: Добредојде во Охрид за српскиот премиер Ѓуро Мацут!

Домаќин на посетата е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на политичкиот дијалог и продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји.

Охрид, како град со исклучително историско, духовно и културно значење, претставува мост меѓу двете земји и соодветно место за средба посветена на пријателството, добрососедството, регионалната стабилност и соработката, објави на ФБ министерот Тимчо Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанската енклава Сеута преплавена од илјадници мигранти

Новиот бран мигранти од Мароко ја стави Шпанија пред една од најголемите гранични кризи во последните години. 

Шпанската енклава Сеута преплавена од илјадници мигранти

Околу 49 илјади луѓе за само 24 часа ја преминале границата кон шпанската северноафриканска енклава Сеута, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Најмалку 18 лица го загубија животот при обидот да стигнат до шпанскиот брег, најголем дел од нив по давење во морските води.

Сцените од Сеута прикажуваат илјадници мигранти кои пливаат кон брегот, пеш се движат покрај граничната линија или се обидуваат да ги заобиколат заштитните огради. Масовните преминувања продолжиле и во текот на ноќта, создавајќи силен притисок врз градот со околу 85 илјади жители, каде бројот на новопристигнати за само еден ден надмина половина од локалното население.

-На почетокот на Кастиљехос поминав низ песоток, а потоа се искачив преку ѕид што и припаѓа на мароканската полиција. Потоа ја поминав границата пливајќи. Испливав околу 200 метри во морето и тоа беше се,- изјави - Мигрант од Мароко кој стигнал во Шпанија.

Шпанските власти испратија дополнителни полициски и воени сили за обезбедување на граничниот појас, а премиерот Педро Санчез најави посета на Сеута за да ја координира состојбата на терен.

-Ова е срамота, навистина. Едноставното решение што го гледаме е Шпанија да го направи она што го прави Доналд Трамп и да започне со депортирање на луѓето. Пред се, треба да ја распореди морнарицата на границата за да спречи кој било да помине. Ако ова вше срамота во 2021 година, сега е уште полошо. Те молам, Санчез, преземи нешто. Ако не можеш, поднеси оставка,- изјави –Мигрант од Мароко.

Мигрантската криза предизвика и политички реакции во Европа. Највисоки италијански функционери побараа Шпанија да биде суспендирана од Шенген-зоната, оценувајќи дека не успева ефикасно да ја заштити надворешната граница на Европската Унија. Според европските медиуми, ваквото барање на Рим доаѓа во момент кога европските земји повторно ја отвораат дебатата за заедничката миграциска политика и контролата на надворешните граници.

Сепак, Мадрид го одби барањето за прогласување национална вонредна состојба.

Европската Унија понуди поддршка на Шпанија. Комесарот за миграција Магнус Брунер на платформата Џ соопшти дека ја изразил „подготвеноста на ЕУ дополнително да ја поддржи Шпанија, меѓу другото и преку Фронтекс, за ситуацијата да биде ставена под контрола“.

Тој нагласи дека заштитата на надворешните граници на ЕУ е „суштински дел од нашите напори во борбата против илегалната миграција“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЖСПП: Првичните резултати за пената во Вардар се во границите на дозволеното

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август.

МЖСПП: Првичните резултати за пената во Вардар се во границите на дозволеното

Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности.

Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води. Важно е да се напомене дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги комуналните и атмосферските води, како и активноста на бројните деловни субјекти во околината, поради што сите надлежни органи дејствуваат координирано.

Со цел прецизно утврдување на состојбата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изврши земање мостри од водата на спорната локација и до Министерството за животна средина и просторно планирање го достави прелиминарниот извештај од 29 јули, според кој анализираните физичко-хемиски параметри на примерокот не ги надминуваат граничните вредности за испуштање во површински води.

Дополнително, по барање на ДИЖС, земени се мостри и од акредитирана лабораторија, чиј финализиран извештај ќе биде доставен до Инспекторатот и до Министерството за животна средина и просторно планирање во вторник, 4 август 2026 година, по што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за конечните резултати.

ДИЖС и понатаму ќе дејствува бескомпромисно преку редовни и вонредни надзори, со цел да се обезбеди целосна заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер