Создадена е камера со големина на зрно сол

Камерите претставуваат едни од најнапредните уреди а истражувањата за нив се редовни.

Многу од денешните уреди имаат имплементирано камери, од телефони и лаптопи а камери се користат и во медицината и науката.

Сега научниците создадоа минијатурна камера, која е со големина на зрно сол и моментално е најмалата камера во светот.

Ова не е првпат научниците да се обидат да создадат минијатурна камера за научно истражување и медицина, но сегашните решенија произведуваа матна и искривена слика, со ограничено видно поле.

Најновото решение е дело на истражувачите од Универзитетот Принстон, кои успеале да ги надминат претходните проблеми и да создадат остри, живописни фотографии.

Тие својот систем го нарекуваат „ neural nano-optic “, и тврдат дека фотографиите создадени на овој начин можат да се споредат со фотографиите создадени од стандардните камери, кои се 500.000 пати поголеми.

Тринаесетгодишно куче пронајдено во пештера по два месеци потрага

Според експертите, според неговата возраст, изненадувачки е како кучето преживеало бидејќи било во темница на температура од 14 степени Целзиусови.

Џеф Бонерт го пронашол своето куче Аби, по два месеци потрага, во пештера недалеку од нивниот семеен дом во Мисури.

Тринаесетгодишното куче побегнало од дома на 9 јуни, по што семејството Бонерт постојано го барало. Џеф се откажал од потрагата кога му се јавил соседот кој му рекол дека луѓето кои истражувале блиска пештера пронашле куче и се посомневале дека е негово.

- Во пештерата најдоа куче. Можеби тоа би можело да биде Аби - стоело во пораката што ја добил од соседот.

Бенерт се сомневал во тоа, но бил љубопитен и отишол во пештера во близина на неговата куќа.

Кога ја видел сликата што му ја покажал еден од спасувачите, не можел да поверува.

- Им реков дека тоа е моето куче - изјави Боенрт за АП.

Средбата ја фотографирала неговата сопруга, а интересен е и податокот дека само неколку недели пред кучето да наполни 14 години. Според експертите, според неговата возраст, изненадувачки е како кучето преживеало бидејќи било во темница на температура од 14 степени Целзиусови.

Масивен хакерски напад врз естонската влада откако отстрани советски споменик

Канцелариите и компаниите на естонската влада беа погодени од бран сајбер напади што започнаа веднаш по отстранувањето на советски споменик во земјата.

Во средата, Естонија беше изложена на „најобемниот сајбер напад од 2007 година“, објави во четврток на Твитер државниот секретар за ИТ инфраструктура Лукас Кристјан Илвес.

Сепак, тој рече дека нападите биле „неефикасни“ и поминале „во голема мера незабележани“. Руската хакерска група „Killnet“, наводно, ја презеде одговорноста за нападите. „Дигитална Естонија работи многу“, напиша Илвес, бидејќи земјата која така се нарекува самата себе се гледа како пионир на дигитализацијата во Европа.

Граѓаните на Естонија, со население од околу 1,3 милиони луѓе, можат да ги направат речиси сите административни процедури онлајн. Во вторникот, Естонија отстрани советски тенк споменик во близина на естонско-рускиот пограничен град Нарве и го префрли во музеј. Големо руско малцинство живее во балтичката држава, пренесе Индекс.хр.

Салах обновува црква во Каиро: Донираше 150.000 евра за храмот во кој загинаа 41 лице

Минатиот викенд, најмалку 41 лице, меѓу кои најмалку десет деца, загинаа во пожар во коптска црква во Каиро.

Десетици луѓе беа повредени.

Еден од оние кои први дојдоа на помош со парична донација е Мохамед Салах, најдобриот египетски фудбалер. Напаѓачот на Ливерпул донираше 150.000 евра за реконструкција на опожарената црква Абу Сефеин.

Во пожарот изгоре црквата Абу Сефеин, која се наоѓа во густо населениот кварт Имбаба. Итната помош соопшти дека успеале да го изгаснат пожарот, кој избувнал за време на утринската литургија.

Нејзината причина се уште не е позната. Полицијата претходно соопшти дека првичната истрага констатирала дека пожарот можел да настанал од краток спој.

Коптските христијани сочинуваат околу 10 отсто од претежно муслиманското население во Египет.

Извор: Курур спорт

притисни ентер