Според најавите, на седницата треба да присуствуваат и американскиот државен секретар Мајк Помпео, како и венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареаза.
Помпео вчера најави дека ќе ги повика другите земји да го поддржат спикерот на венецуелскиот парламент, опозиционерот Хуан Гиаидо, кој се самопрогласи за претседател на државата во средата, по протестите на кои опозицијата бараше оставка од претседателот Николас Мадуро, кој на почетокот од јануари го започна својот втор претседателски мандат.
На ваквите реакции на Вашингтон, Мадуро ги прекина дипломатските односи со САД и побара американскиот дипломатски персонал да ја напушти Венецуела..
САД, делумно Европската унија и повеќе земји од Латинска Америка како и Албанија, изразија поддршка за венецуелската опозиција.
Другите земји, пак, како Русија, Кина, Иран, Турција, Куба, Боливија и Никарагва, го поддржаа Мадуро.