Советот за безбедност на ОН ќе одржи затворена седница за Иран - Канал 5

Советот за безбедност на ОН ќе одржи затворена седница за Иран

Советот за безбедност на Обединетите нации утрово ќе одржи затворена седница за Иран.

Советот за безбедност на ОН ќе одржи затворена седница за Иран

Состанокот го побара Русија, која го покрена прашањето за нападите на САД и Израел врз цивилната инфраструктура во земјата, изјавија доцна синоќа двајца дипломати на ОН, кои побараа анонимност бидејќи седницата не е отворена за јавноста.

Соединетите Американски Држави, кои моментално претседаваат со ОН, го закажаа состанокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата е цврсто посветена на модернизација на јавната администрација

Обраќање на премиерот Мицкоски на конференција по повод Денот на јавните службеници.

Мицкоски: Владата е цврсто посветена на модернизација на јавната администрација

„Особена чест и задоволство ми претставува денес, по повод Денот на јавната администрација, да се обратам пред луѓето кои се едни од најважните носители на функционирањето на државата, луѓето кои можеби не се секогаш во центарот на вниманието на јавноста, но кои секојдневно, преку својата работа, своето знаење и својата одговорност, обезбедуваат институциите да функционираат, законите да се спроведуваат и услугите да стигнуваат до граѓаните. Денес не одбележуваме само професионален празник. Денес оддаваме признание на една служба која е столб на секоја современа и успешна држава. Затоа што државата не е само Владата, не е само Собранието, не се само министрите и избраните функционери. Државата се и илјадниците луѓе кои секое утро ги отвораат вратите на институциите, кои ги подготвуваат одлуките, ги спроведуваат законите, ги услужуваат граѓаните и обезбедуваат системот да функционира“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на денешниот настан „Денот на јавните службеници“.

„И токму затоа денес сакам отворено да зборувам и за предизвиците, но и за можностите кои стојат пред нас. Свесен сум дека кога ќе се спомене јавната администрација, кај дел од граѓаните не секогаш се јавуваат позитивни чувства. Свесен сум дека постојат критики, дека постои незадоволство и дека многумина очекуваат побрзи, поквалитетни и поефикасни услуги од институциите. И не би било чесно денес, на овој ден, да се преправаме дека тие критики не постојат. Но, исто така би било неправедно и неточно доколку целата одговорност се обиде да се стави врз луѓето кои работат во администрацијата. Затоа што оваа перцепција не е создадена вчера, ниту минатата година. Таа е резултат на процес кој траел со години, па и со децении. Резултат на систем кој премногу долго бил оптоваруван со бирократија, со застарени процедури, со недоволна дигитализација, со нејасни критериуми за напредување и со практики кои често повеќе ја штителе формата отколку суштината. Премногу долго граѓаните се соочуваа со институции во кои за едноставна услуга беа потребни денови, недели или месеци. Премногу долго се создаваше чувство дека системот е комплициран, бавен и недостапен. И тоа чувство со текот на времето прерасна во недоверба. Но, кога зборуваме за таа недоверба, мора да бидеме искрени и да кажеме дека проблемот не бил само во луѓето. Проблемот бил во начинот на кој системот бил поставуван и граден со години. Токму затоа нашата задача денес не е да бараме виновници за вчерашните слабости, туку да создадеме решенија за утрешните успеси“, додаде Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека задачата на Владата и институциите е да се изгради администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не бирократска пречка пред нивните потреби.

„Нашата задача е да изградиме администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не бирократска пречка пред нивните потреби. Администрација која ќе биде препознаена по брзината на услугата, по љубезноста на односот, по професионалноста во работењето и по ефикасноста во решавањето на проблемите. Администрација која нема да биде симбол на чекање, туку симбол на решавање. Светот денес се менува со огромна брзина. Новите технологии ги менуваат економиите, ги трансформираат институциите и создаваат нови очекувања кај граѓаните. Луѓето денес со право очекуваат услугите што ги добиваат од државата да бидат подеднакво брзи и едноставни како услугите што ги добиваат од приватниот сектор“, нагласи тој и додаде дека реформите во јавната администрација не се прашање на политички избор, туку се прашање на неопходност.

„Токму затоа реформите во јавната администрација не се прашање на политички избор. Тие се прашање на неопходност. Не можеме да зборуваме за модерна економија ако имаме застарени административни процедури. Не можеме да зборуваме за конкурентна држава ако инвеститорите се соочуваат со административни бариери. Не можеме да зборуваме за доверба во институциите ако граѓаните чувствуваат дека системот не ги следи нивните потреби. Затоа Владата останува цврсто посветена на процесот на модернизација на јавната администрација, на дигитализација на услугите, на намалување на бирократските процедури и на создавање институции кои ќе бидат поблиску до граѓаните отколку кога било досега. Но реформите не можат да се спроведат само со нови закони и нови стратегии. Реформите ги прават луѓето. Тие зависат од секој службеник кој ќе одлучи да биде дел од промените. Тие зависат од секој раководител кој ќе избере резултатите да бидат поважни од формалностите. Тие зависат од секоја институција која ќе ја прифати културата на отчетност, одговорност и професионалност. Јас искрено верувам дека огромното мнозинство од вработените во јавната администрација се чесни, посветени и вредни луѓе кои сакаат да работат професионално и кои сакаат да бидат дел од позитивните промени во државата“, објасни Мицкоски.

Мицкоски изјави дека ако сакаме Македонија да забрзува мора да забрзуваат и институциите, како и дека ако сакаме поголема доверба во државата, мора да имаме поголема доверба во институциите.

„Нашата задача како Влада е да создадеме систем кој ќе ги препознае, мотивира и награди токму таквите луѓе. Систем во кој знаењето ќе биде предност. Систем во кој интегритетот ќе биде вредност. Систем во кој резултатите ќе бидат мерка за успех. Систем во кој граѓаните ќе бидат најважниот критериум за тоа дали сме успешни или не. Македонија денес се наоѓа во период на силен развоен циклус. Се градат патишта, се отвораат нови инвестиции, се реализираат капитални проекти, се создаваат нови можности за економски раст и за подобар животен стандард. Но секој од тие процеси, секоја инвестиција, секој проект и секоја реформа на крајот поминува низ институциите. Затоа успешната администрација не е само административно прашање. Таа е развојно прашање. Таа е економско прашање. Таа е прашање на доверба во државата. Ако сакаме Македонија да забрзува, тогаш мора да забрзуваат и институциите. Ако сакаме повеќе инвестиции, мора да имаме поефикасни институции. Ако сакаме повеќе можности за младите, мора да имаме подобри јавни услуги. Ако сакаме поголема доверба во државата, мора да имаме поголема доверба во институциите. Затоа верувам дека најдобрите денови за јавната администрација се пред нас. Верувам дека можеме да изградиме институции кои ќе бидат пример за професионалност. Верувам дека можеме да изградиме администрација која ќе биде гордост на државата. Верувам дека можеме да создадеме систем во кој граѓаните ќе чувствуваат дека институциите работат за нив и за нивните потреби. И верувам дека заедно можеме да ја вратиме довербата таму каде што таа најмногу му е потребна на едно општество, во државните институции“, рече Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Енергетиката бара партнерство, градиме стабилен, предвидлив и фер енергетски систем

Божиновска потенцираше дека изложбата е приказна за патот што го помина македонската енергетика во изминатите две децении.

Божиновска: Енергетиката бара партнерство, градиме стабилен, предвидлив и фер енергетски систем

„Енергетиката е сектор во кој успехот никогаш не е резултат на поединец. Таа бара партнерство. Партнерство меѓу институциите и компаниите, меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу економските интереси и јавната одговорност. Како Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, нашата определба е да градиме стабилен, предвидлив и фер систем – систем кој ќе ги штити интересите на граѓаните, но истовремено ќе биде поттик за нови инвестиции, иновации и развој“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на денешното отворање на изложбата во Националната галерија на Македонија „Чифте амам“, којашто ЕВН Македонија ја организираше по повод 20-годишниот јубилеј од своето постоење.

Честитајќи го јубилејот на ЕВН Македонија, министерката Божиновска потенцираше дека изложбата е приказна за патот што го помина македонската енергетика во изминатите две децении.

„Во изминатите дваесет години, ЕВН Македонија остави значаен белег во развојот на електродистрибутивниот систем, во неговата модернизација, дигитализација и унапредување. Тоа е процес кој не се мери само преку бројки и инвестиции, туку и преку подобриот квалитет на услугите и поголемата сигурност за граѓаните“, рече министерката Божиновска, порачувајќи изложбата да биде инспирација за сè што допрва треба да создадеме.

Министерката потенцира дека енергетиката не е само инфраструктура, туку дел од секојдневниот живот на граѓаните и еден од темелите врз кои се гради современото општество.

„Живееме во време кога енергетиката се менува побрзо од кога било. Зелената транзиција, новите технологии, паметните мрежи и обновливите извори на енергија се предизвици, но и можности што треба заеднички да ги искористиме.

Затоа, искуството од изминатите дваесет години не треба да го гледаме само како повод за гордост, туку и како основа за иднината“, порача министерката Божиновска.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Трета година по ред навремена набавка и испорака на учебници, сите ученици на 1 септември ќе имаат наставни помагала

Трета година по ред, Владата и Министерството за образование и наука обезбедуваат навремена набавка и испорака на учебници за сите ученици. 

Јаневска: Трета година по ред навремена набавка и испорака на учебници, сите ученици на 1 септември ќе имаат наставни помагала

Оваа година процесот е започнат уште порано во споредба со минатите две години, а неспоредлив е со претходните седум на поранешната Влада кога, верувам ќе се сетите дека во одредени години немаше воопшто печатени учебници.

Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска при денешната посета на ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром, каде заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и директорот на Педагошката служба во МОН, Роберт Аџипетров ги претставија новите печатени учебници и заедно со градоначалникот Дејан Митески извршија увид во реконструктивни активности на училишниот објект.

„Ценам дека конечно имаме стабилен систем за набавка и испорака на учебници и ова прашање кое го наследивме нерешено, е веќе апсолвирано. Одзеде време, но моравме да го надминеме како и секој друг проблем кој го затекнавме. Како Влада и министерство продолжуваме да се занимаваме со други аспекти на образованието во насока на подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека годинава беа организирани обуки за училишните служби за правилно пополнување на електронската апликација за порачување на учебници и училиштата одлично го завршија својот дел.

Целосно нови комплети на учебници од прво до трето одделение во тираж од околу 250 илјади примероци, беа набавени и испорачани уште во текот на месец април. При набавка на истите во период од две години заштедени се околу 45 милиони денари, како резултат на постигнати пониски цени при печатењето.

„Во следните неколку денови ќе започне и испораката на учебниците од четврто и погорните одделенија во основно и средно образование. Нарачките се направени, учебниците се печатат по сите предмети, вклучително и оние по сите странски јазици кои ги немаше години наназад, а од лани ги има. Исклучок ќе бидат учебниците за деветто одделение и за трета година средно, бидејќи во овие одделенија согласно етапниот план за реформирање на образовниот систем, предвидено е следната година да се изработуваат нови наставни програми и аналогно на тоа и нови учебници“, рече Јаневска.

Директорот на Педагошката служба, Аџипетров информираше дека оваа година службите имаат најголем поврат на средства по основ на оштетени или изгубени учебници, што значи профункционира механизмот за подигнување на одговорноста.

Сите печатени учебници се достапни и во електронски формат на платформата e-ucebnici.mon.gov.mk.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер