Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа - Канал 5

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

Спроведувањето на израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа на истоимената палестинска територија, каде што Израел војува речиси две години, се заканува да предизвика нова катастрофа што би се почувствувала во целиот регион, предупреди денеска високиот функционер на ОН Мирослав Јенча.

Јенча, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН во врска со овој план изјави дека во Појасот Газа се одвива хуманитарна катастрофа од големи размери.

Тој рече дека преземањето контрола врз градот Газа може да предизвика нова катастрофа во целиот Појас, предизвикувајќи понатамошно присилно внатрешно раселување и убивање цивили.

Израелскиот план беше остро осуден од претставникот на Словенија во Советот за безбедност и поранешниот министер за надворешни работи, Самуел Жбогар.

Во говорот во име на Данска, Грција, Франција и Словенија, тој рече дека секој обид за анексија, проширување на воените операции и кршење на меѓународното право дополнително ќе ги изложи на опасност сите цивили во Газа, вклучувајќи ги и преостанатите Израелци, заложници на милитантното исламистичко движење Хамас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДОМ: Наместо правна сигурност и засилени еколошки стандарди, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува сериозна загриженост за најновата пресуда на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката на Владата за престанок на важењето на одлуката за спојување на концесиите за рудникот Иловица.

ДОМ: Наместо правна сигурност и засилени еколошки стандарди, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица

Ова е само уште една потврда за длабоката институционална недоследност и правната нестабилност во управувањето со минералните суровини во државата кој укажува на потенцијално менување на одлуките во корист на компанијата „Еуромакс Рисорсис“. Како што е јасно наведено во образложението на Судот, претходната владина одлука за раскинување на концесиите паднала на суд бидејќи била донесена со клучни процедурални пропусти. Институциите во актот не навеле соодветни правни елементи, не понудиле формално образложение и користеле термини што не се предвидени во Законот за општата управна постапка.

За ДОМ се недозволиви ваквите пропусти од страна на Владата која иако со пресудата е упатена повторно да одлучува и да ја исправи процедуралната грешка, свесно ги пропушта законските рокови за реакција. Со ваквата пасивност таа директно му овозможува на концесионерот да го добие судскиот спор.

Потсетуваме дека ДОМ во периодот 2017-2019 година активно учествуваше во унапредување на законската рамка за минерални суровини преку конкретни иницијативи и конкретни законски измени со кои се:

заоструваат условите за доделување и користење на концесии за експлоатација;

ограничува можноста за злоупотреби преку поврзани и зависни правни субјекти;

зајакнува заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните како приоритет над економскиот интерес;

воведува повисоко ниво на институционална одговорност во процесот на одлучување;

отвора простор за поголема транспарентност и јавен надзор врз концесиските постапки;

Овие законски измени беа насочени кон:

· заштита на животната средина;

заштита на здравјето на луѓето во рударски региони;

спречување на употреба на опасни технологии;

гледање на екосистемот како „една целина“ (не локален ризик);

Ова беше првпат во македонската законска регулатива во областа на минералните суровини заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните да бидат толку јасно и експлицитно вградени како клучни принципи при одлучувањето за концесии.

Најостро се спротивставуваме на новите законски измени чија цел е олеснување на експропријацијата на земјиштето за потребите на приватни концесионери, како и интензивната секојдневна пропаганда за отворање на рудникот.

Ги повикуваме сите политички чинители да се вратат на ветувањата што им ги дадоа на граѓаните во 2023 и 2024 година дека рудник во Иловица нема да има. Наместо административни импровизации кои оставаат простор за профитерски тужби, Владата мора итно да постапи по укажувањата на Судот и во повторна постапка да донесе правно издржана одлука за заштита на Струмичката котлина.

Ставот на ДОМ останува непроменет: компромис со здравјето и со чистата животна средина на сметка на граѓаните не смее да има во ниту еден случај. Рудник во Иловица не смее да се гради!

ДОМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев и Пауновиќ разговараа за нови чекори во спроведувањето на Меморандумот за соработка

Заедничката работна група бележи значителен напредок.

Минчев и Пауновиќ разговараа за нови чекори во спроведувањето на Меморандумот за соработка

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на јавната администрација, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ.

На средбата беше потврден заедничкиот интерес за натамошно продлабочување на институционалната соработка и размена на искуства во областите од заемен интерес, особено во делот на професионалниот развој на административните службеници.

„Заедничката работна група, формирана со цел координација и реализација на активностите од Меморандумот, активно работи и бележи значителен напредок во повеќе области од заемен интерес. Резултатите што досега се постигнати претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката“ истакна министерот Минчев.

Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на системот за обуки и градењето професионална, ефикасна и современа администрација. Во таа насока беше нагласено значењето на искуствата и добрите практики на Националната академија за јавна администрација на Република Србија, која претставува препознатлив пример во регионот за систематски пристап кон континуираниот професионален развој на јавните службеници.

Во фокусот на разговорите беше и дигиталната трансформација на процесот на учење и обука. Беше разгледан напредокот во размената на искуства поврзани со системите за управување со учење (LMS), развојот на електронски модули и воведувањето современи дигитални решенија кои ќе обезбедат поголема достапност, ефикасност и квалитет на обуките во јавниот сектор.

Средбата уште еднаш ја потврди посветеноста на двете министерства кон практична и плодна соработка, која преку конкретни активности придонесува за јакнење на институционалните капацитети и за унапредување на квалитетот на јавните услуги во интерес на граѓаните на двете земји.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава: Се стекнале со противправна имотна корист од 50 милиони денари

Пријавените лица, во својство на надзорни инженери, постапувајќи спротивно на законските одредби, ги пречекориле границите на своите службени овластувања.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава: Се стекнале со противправна имотна корист од 50 милиони денари

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против пет физички лица: Б.Г., Г.Ф. во својство на надзорни инженери, и Е.Н., М.Г. и Н.М., сопственици и управители на две правни лица, како и против самите правни лица, за сторени кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 од КЗ на РМ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ од чл. 280 од КЗ на РМ, „Измама на штета на средствата на Европската Унија – во обид“ од чл. 249-а од КЗ на РМ и „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од чл. 380 од КЗ на РМ.

Пријавените лица, во својство на надзорни инженери, постапувајќи спротивно на законските одредби, ги пречекориле границите на своите службени овластувања, извршиле технички преглед на објекти и изготвиле завршни извештаи со невистинита содржина, спротивно на член 33 и член 90 став 3 од Законот за градење, со што им овозможиле на правните лица да ги впишат недовршените објекти во Агенцијата за катастар на недвижности и да се стекнат со противправна имотна корист.

Сопствениците и управителите на правните лица, иако биле свесни дека објектите не се завршени и не ги исполнуваат законските услови за ставање во употреба, ги употребиле завршните извештаи со невистинита содржина како основ за упис на објектите во јавните книги на Агенцијата за катастар на недвижности, со цел да создадат привидно исполнување на условите за користење и да овозможат исплата на одобрената финансиска поддршка од Програмата за рурален развој во рамки на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (ИПА 3 – ИПАРД 2021–2027) и да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 50.141.528 денари.

Управа за финансиска полиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер