МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
2МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
МакедонијаСоветот на обвинители за „мазут“: Одговорност на обвинител се утврдува со докази, а не врз основа на политички изјавиОдговорноста на јавните обвинители се утврдува врз основа на факти и докази а не врз основа на политички изјави или јавен притисок, велат од Советот на јавните обвинители по повиците на владејачката ВМРО ДПМНЕ да реагира .Одговорноста на јавните обвинители се утврдува врз основа на факти и докази а не врз основа на политички изјави или јавен притисок, велат од Советот на јавните обвинители по повиците на владејачката ВМРО ДПМНЕ да реагира за запирањето на постапката за злоупотреби со мазутот и прозивките на обвинителката Катерина Коларевиќ и шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази. Оттаму велат дека не можат да влијаат врз текот или исходот на конкретните истражни и обвинителски постапки. -Советот не може да коментира, ниту да прејудицира одлуки донесени во рамки на законски утврдени постапки од страна на надлежното јавно обвинителство. Доколку постојат сомнежи за незаконито, нестручно или несовесно постапување на јавен обвинител, Законот предвидува посебни механизми и постапки за утврдување одговорност, кои се водат врз основа на конкретни факти и докази, а не врз основа на политички изјави или јавен притисок. -Совет на јавните обвинители. Од ВМРО ДПМНЕ и денеска упатија обвинувања на адреса на Коларевиќ и Абази. со прекинувањето на постапката за случајот „Мазут“ биле заштитени лица блиски до СДСМ и ДУИ, велат од партијата. -Коларевиќ е со семејни врски со кадри избирани од СДС, на пример, нејзиниот татко бил избран за државен правобранител во 1998 година, а нејзината мајка за уставен судија во 2004 година, додека пак Абази е со познати релации со ДУИ и Али Ахмети, со кој е растен во Зајас и се комшии. Оваа коалиција на Коларевиќ и Абази од обвинителството, ја спаси коалицијата на СДС и ДУИ во политиката. Еден од најсериозните и најголеми енергетски скандали во историјата на Македонија, не заврши во судница, туку заврши уште во обвинителство,- изјави – Миле Лефков – ВМРО ДПМНЕ. Од ДУИ велат дека ја информирале меѓународната заедница за како што велат политичкиот притисок на власта врз Обвинителството што ја запре истрагата за злоупотреби со мазутот. Али Ахмети пак во изјава за албанските медиуми се осврна на изјавите на пратеникот Антонијо Милошоски. -Се додека се врши овој притисок и тоа од јавни политички личности и кога се знае дека во минатото Г. Милошоски имал различни проблеми поврзани со имотот и неправдите спроведени кон семејството на Пуцко Петрол, тоа е продолжение на вршење на притисок врз правдата и влијание што сакаат да го извршат врз сите спроведувачи на законите, така да ова е прашање кое не загрижува и тоа ќе го пренесам на сите мои средби,- изјави – Али Ахмети – Претседател на ДУИ. Вчера и од обвинителството по обвинувањата на АД ЕСМ дека одлуката за затворање на случајот е донесена врз база на некомпетентни лица од компанијата, одговорија дека состојбата не била утврдена паушално. Исказ дале лица кои ги овластил генералниот директор на компанијата и ЕСМ не приложижа конкретни докази за оштетно побарување, а доказите кои ги доставиле од компанијата – покажувале дека немало настаната штета. Тагови: Советот на јавни обвинители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултетДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук.Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук , укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица. Василевски посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации. „Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор.Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување. Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран. Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.„ наведува тој. Василевски додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајотДо 11 овој месец, министерството за внатрешни работи ќе спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди од учесниците во сообраќајот.Од МВР велат дека акцијата е дел од меѓународната кампања на Roadpol, „Focus on the road“, и ќе се спроведува истовремено во 34 европски држави. Целта, како што велат, е намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. „Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира“,се вели во соопштението од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
БалканЈустина Широка Пуља избрана за претседателка на КосовоСобранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово.Собранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово, што е претежно церемонијална функција, непосредно пред истекот на уставниот рок, со што се избегнуваат нови предвремени избори. Нејзин противник беше универзитетската професорка Елиза Хоџа. „Овој мандат не припаѓа само на една личност. Тој им припаѓа на нашите граѓани. Јас ќе бидам претседателка на сите граѓани“, рече Широка Пуља по гласањето.Во парламентот со 120 места, 81 пратеник гласаа за неа, еден повеќе од потребниот број.Широка Пуља беше предложена од премиерот Албин Курти за претседател на Косово, неколку часа пред истекот на рокот за избор на претседател на 6 октомври. Претседателот на Демократската партија на Косово , Бедри Хамза, изјави дека нејзиното име е прифатливо за функцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter